Контакт

Uncategorized

Трпчески ја завршува концертната сезона во Австралија и Нов Зеланд

Објавено пред

Крајот на исклучително успешната концертна сезона 2010/11 е резервиран за ново гостување на Симон Трпчески пред публиката во Австралија и Нов Зеланд

Со синоќешниот настап, трета вечер по ред со различна програма, на престижниот „Мидсамер мјузик фестивал“, нашиот виртуоз на пијаното Симон Трпчески ја заокружи најновата серија оркестарски, камерни и рецитални настапи низ Велика Британија, во чии рамки беше солист и на три концерта со Филхармонија оркестарот и диригентот Василиј Петренко (меѓу кои и настапот во лондонската Ројал фестивал Хол).„Се радувам што по четврти пат ќе одам во Австралија и што повторно ќе имам можност да се сретнам со австралиската публика и во Мелбурн и Аделаида (со симфониските оркестри на овие два града – наша заб.). Во Аделаида ќе настапам првпат, а во Мелбурн третпат и ќе се претставам со Концертот број 1 за пијано и оркестар од Рахманинов. Потоа продолжувам и со втората тура низ Нов Зеланд, на неколку концерти со Новозеландскиот симфониски оркестар којшто ми остави исклучително пријатен впечаток за време на мојата посета во 2008 година. Таму ќе го свирам Концертот број 3 на Сергеј Прокофјев и се надевам дека времето ќе ме послужи барем да не биде многу студено, иако е таму зима, за да можам колку што ќе ми дозволи времето да ги вкусам уште еднаш убавините на оваа далечна земја. Во рамките на турнејата ќе одржам и семинар на Универзитетот во Оукленд, град во кој ќе биде и завршниот концерт на 15 јули“, рече Трпчески за Македонското радио. Турнејата во Австралија и Нов Зеланд на овој дел од светот започнува со концертот во Клејтон, Австралија на 24-ти овој месец



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Uncategorized

Владата ги донесе протоколите за работа на хотелите во услови на пандемија

Објавено пред

На денешната владина седница е донесен протоколот за работа на угостителските објекти за сместување (хотели и други угостителски објекти за сместување) и тој почнува да важи од понеделник, 22 јуни, оваа година.

Протоколот ги уредува процедурите за хотелско-сместувачкиот дел на објектите, потоа препораките и мерките за прием и сместување на гостите, ресторанските процедури, употребата на тоалетите, како и препораките за гостите и за постапување при појава на случај со симптоми на Ковид-19.

Прикажи повеќе...

Uncategorized

Северна Кореја продава песок и заработува милиони долари

Објавено пред

Северна Кореја во своите води ископува песок и кршејќи ги санкциите на Обединетите нации, заработува милиони долари од неговата продажба, пренесува Си-ен-ен.

Аналитичари од вашингтонскиот Центар за унапредување на одбранбените студии, непрофитна организација, која анализира безбедносни прашања, забележале пред една година повеќе од 100 брода во водите кај пристаништето Хаеџу во Северна Кореја. Во рамките на својата работа двајца аналитичари го следеле сообраќајот во водите на Северна Кореја и североисточна Азија.

Повод за нивната работа се наводите дека Пјонгјанг продава јаглен и други вредни стоки, некогаш и во многу големи количини на отворено море, за да ја избегне царината, која мора да ги примени санкциите на ОН кон Северна Кореја.

Наместо да ја префрлат стоката во пристаниште пред трговијата, Севернокорејците наводно ја префрлаат стоката од еден на друг брод и го прикриваат нејзиното потекло, пишува Си-ен-ен.

Двајцата аналитичари откриле масовна операција, наводно вредна неколку милиони долари, во која учествувале 279 броди, кои ги заобиколиле санкциите на ОН.

Прикажи повеќе...

Uncategorized

Осми ден од протестите во САД – илјада уапсени, ранети петмина полицајци

Објавено пред

Продолжуваат протестите против полициската бруталност и системски расизам во САД, кои започнаа поради убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд.

Градовите се подготвуваат за потенцијално нови немири, по заканите на Трамп за примена на поголема сила.

Демонстрантите маршираа по улиците на Вашингтон, Њујорк и Лос Анџелес. Стотина се собраа крај поставената ограда која им оневозможува да влезат во паркот во близина на Белата куќа, каде во понеделникот мирните демонстранти беа растерани со солзавец, за да американскиот претседател Доналд Трамп може да пројде до црквата во близина и да се фотографира со Библијата во рака.

Според информациите, четворица полицајци се ранети со огнено орује во Сент Луис и еден во Лас Вегас, за време на судирите со демонстрантите.

Уапсени се илјада демонстранти во градовите низ САД, а има и повредени.

Трамп се закани дека ќе ја испрати војската во градовите и сојузните држави за да ги смири нередите. Гувернерите на Њујорк, Масачусетс, Мичиген и Илиноис се меѓу оние кои го отфрлија повикот на Трамп на посилен одговор на протестите.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 часа

Бројот на заболени од коронавирус во земјава надмина 8.000 лица

Од почетокот на пандемијата во Македонија, досега заболеле 8.111 лица, откако само денеска беа регистрирани 136 новозаболени. Според последните информации, вкупната...

Македонија5 часа

Во Скопје има 1.830 активни случаи, најмногу во Чаир, Гази Баба и Аеродром

Во Скопје во моментов има 1.830 активно заболени лица од ковид-19. Според информациите по општини, најголем број од заболените се...

Топ5 часа

Бегајќи од полиција скокнал во Вардар, а по него во реката влегол и полицаецот кој се повредил

Бркотница се случувала вчера во Скопје, кога 33-годишен скопјанец (Е.А.) бегал од полициски службеник. Полицаецот вршел обезбедување врз Е.А. кому...

Македонија5 часа

Денеска се регистрирани 136 нови случаи, починаa 6 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 991 тестирања, а регистрирани се 136 нови случаи на...

Свет8 часа

Унгарија воведува нови мерки за влез од ризични земји како Македонија

Унгарија воведува нови рестрикции за патници на граничните премини поради спречување на ширењето на коронавирусот, најави унгарскиот премиер Виктор Орбан....

Топ11 час

Се удави скопјанец во езерото Младост

Дваесет и осумгодишен скопјанец вчера се удави во водите на езерото Младост во Велес. Според информациите од МВР, М.С. влегол...

Регион11 час

Ребиќ: Странски служби ја рушат Србија

Директорот на српската полиција, Владимир Ребиќ истакна дека зад насилните протести во Србија, стојат странски разузнавачки служби. Според него, тие...

Топ12 часа

Приведени и казнети „диви тркачи“ од скопските улици

Секторот за сообраќајни работи при Бирото за јавна бебзедност во координација со Одделението за безбедност на сообраќајот при Секторот за...

Свет12 часа

Турист во Шпанија загинал по пад од тераса, а усмртил уште еден човек

Турист во Шпанија починал откако паднал од тераса на хотелот каде бил сместен, а усмртил и друг маж, кој во...

Свет12 часа

Во Бразил над 35 илјади нови случаи, сопругата и ќерките на Болсонаро негативни на ковид-19

Во Бразил во последните 24 часа се регистрирани нови 35.512 случаи на ковид-19, а починале уште 1.071 пациент. Од почетокот...

Свет12 часа

Трамп првпат во јавност се појави со заштитна маска

Американскиот претседател Доналд Трамп ја посети воената болница во предградие на Вашингтон и првпат во јавност носеше маска поради пандемијата...

Македонија13 часа

Мицкоски со писмо до народот: Ви ветувам макотрпна работа и обнова на државата

Кус е периодот во кој можевте да ме запознаете, да стекнете впечаток за мене и за она што го преставувам...

Регион1 ден

(Видео) Петти ден протести во Србија, демонстрантите во Нови Сад ја блокираа полициската станица

И вечерва граѓаните на Нови Сад излегоа на протест на улиците и на половина час ја блокираа полициската станица „Стар...

Македонија1 ден

Од коронавирус почина 24-годишна пациентка од Тетово, немала хронични заболувања

Вчера на Инфективната клиника почина 24 годишна пациентка од Тетово од Ковид-19. Таа е еднa од најмладите пациенти во земјава...

Македонија1 ден

Нови 199 заболени и осум починати од коронавирус во земјата

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1545 тестирања, а регистрирани се 199 нови случаи на...

Топ1 ден

Мaж нападнал четири лица во авто-кампот „Градиште“, има повредени

Доцна синоќа во полицијата било пријавено насилство кое се случило во авто-кампот „Градиште“ во Охрид. Според пријавеното, А.К.(32), кој претходно...

Регион1 ден

Хрватска, Албанија и БиХ бележат рекордни бројки на новозаразени од појавата на пандемијата

Во регионот деновиве забележан е пораст на бројот на заболени од ковид-19. Во Хрватска, Албанија и БиХ денеска е регистриран...

Македонија1 ден

Пендаровски за геноцидот во Сребреница: Идеите за етнички чисти територии секогаш водат кон трагедии

Претседателот, Стево Пендаровски, упати порака по повод 25-годишнината од геноцидот во Сребреница. „Пред 25 години се случи геноцидот во Сребреница...

Регион1 ден

Грција бара санкции за Турција: „Ердоган направи историска грешка“

Атина ќе изврши притисок врз меѓународните организации и ЕУ да воведат санкции кон Турција, поради промената на статусот на музејот...

Македонија2 дена

Уште два дена кампања

Уште два дена ќе трае предизборната кампања за парламентарните избори кои ќе се одржат в среда. Денеска и утре политичките...

Досие