Uncategorized
САД вознемирени од испораката на руско оружје
САД се вознемирени поради новите испораки на руско оружје на Иран, Сирија и Венецуела, како и од политиката на Москва кон Грузија и соседните држави.
САД се вознемирени поради новите испораки на руско оружје на Иран, Сирија и Венецуела, како и од политиката на Москва кон Грузија и соседните држави.
Ова синоќа на прес конференција во Брисел го изјави американскиот помошник државен секретар Дејвид Крамер.
Тој најнапред оцени дека Вашингтон е задоволен од соработката на Русија кога се во прашање како борбата против тероризмот, нуклеарната програма на Иран и Северна Кореја.
Официјалниот американски претставник, меѓутоа, посочи и редица аспекти од кои „САД не се задоволни“. Еден од нив е премногу „тврдата“ руска политика кон неколку соседни држави на Русија.
Проблем е и продажбата на оружје на земји со кои Москва не треба да соработува, како што се Иран, Сирија и Венецуела, што предизвикува вознемиреност на Вашингтон.
Овие аспекти можат сериозно да ги загрозат руско-американските односи изјави во Брисел американскиот помошник државен секретар Дејвид Крамер.
/крај/б/ст/макфакс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Силен земјотрес ја погоди Франција
Франција денеска ја погоди земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтеровата скала, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).
Епицентарот на земјотресот бил на 10 километри југоисточно од градот Тарбес и 120 километри југозападно од Тулуз, на длабочина од четири километри, се наведува на веб-страницата ЕМСЦ.
Засега нема информации за повредени или материјална штета.
Uncategorized
Сончево и топло со мала до умерена облачност, попладне нестабилно време со пороен дожд и грмежи
Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне наместа, особено во северните делови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а ќе има и услови за краткотрајно невреме со силен ветер и изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 14, а максималната ќе достигне од 24 до 29 степени.
Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а ќе има и услови за краткотрајно невреме. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 27 степени.
Во следните денови ќе се задржи топло време, но во попладневните часови наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има услови процесите да бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме, со силен ветер, интензивен пороен дожд и изолирана појава на град.
Uncategorized
Претежно облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд
Времето денеска ќе биде претежно облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд. Попладне наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 20 л/м2), локално поројни и проследени со грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 15, а максималната ќе достигне од 13 до 19 степени.
Во Скопје претежно облачно со повремени врнежи од дожд, особено попладне кога во делови од котлината ќе бидат поројни. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 18 степени.
До четврток ќе преовладува променливо облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд и ретка појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец (над 60 км/час). Пораст на температурата се очекува кон крајот на седмицата.