Uncategorized
Светот денеска слави 60 години од победа над фашизмот
Светот денеска одбележува 60 години од победа над фашизмот, а централната прослава е во Москва, каде што се одржува голема парада.
Светот денеска одбележува 60 години од победа над фашизмот, а централната прослава е во Москва, каде што се одржува голема парада.
Јубилејот се одбележува во атмосфера на обвинувања на Запад за руското комунистичко освојување на земјите од Источна Европа во поствоениот период, како и инсистирањето на Москва за нејзината улога во ослободувањето на дел од европските земји во Втората светска војна.
Сепак, повеќе од 50 шефови на држави, влади и челници на меѓународни организации ќе се соберат денеска во руската престолнина, да ги одбележат јубилејните шест децении од поразот на фашизмот.
Освен претседателите на земјите на антифашистичката коалиција, на прославата ќе присуствуваат и лидерите на Германија, Италија и Јапонија, а свое присуство потврдија и Генералниот секретар на ОН Кофи Анан, генералниот директор на УНЕСКО Коичиро Мацура, како и претседателот на Европската комисија Хозе Барозо.
Одбележувањето на шесте децении од Денот на победата ќе го следат околу три илјади новинари од 64 земји.
Централен дел на прославата ќе биде воената парада што од трибините на Црвениот плоштад ќе ја следат повеќе од осум илјади луѓе, меѓу кои и странски гости и околу 2.500 воени ветерани.
Уште толку воени ветерани на победничката коалиција ќе продефилираат низ плоштадот со воени камиони и во 130 посебно за оваа пригода изработени огромни автомобили ЗИЛ во кабриолет верзија, што ги користеа највисоките советски партиски функционери.
По парадата, челниците, меѓу кои и македонскиот претседател Бранко Црвенковски, заедно ќе положат венец на споменикот на Незнаениот јунак во подножјето на јужните ѕидини на Кремљ, во Александровската градина каде се наоѓаат споменикот и Вечниот оган.
За време на парадата, во Москва ќе бидат на сила невидени досега мерки на безбедност.
Околу 30 илјади припадници на силите за безбедност- полицајци, тајни агенти, припадници на специјалните полициски сили и воени специјалци- ќе бидат распоредени во руската престолнина во деновите на прославувањето.
Намерата е да се внимава на секој детаљ, со оглед дека чеченските сепаратисти во последните години, Денот на победата го одбележуваа со смртоносни бомбашки напади./крај/ тт
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Претежно облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд
Времето денеска ќе биде претежно облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд. Попладне наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 20 л/м2), локално поројни и проследени со грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 15, а максималната ќе достигне од 13 до 19 степени.
Во Скопје претежно облачно со повремени врнежи од дожд, особено попладне кога во делови од котлината ќе бидат поројни. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 18 степени.
До четврток ќе преовладува променливо облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд и ретка појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец (над 60 км/час). Пораст на температурата се очекува кон крајот на седмицата.
Uncategorized
Премиерот Џафери и владиниот државен врв во чест на 9 Мај: Цврсто стоиме на браникот против фашизмот и во одбрана на европската идеја
Владиниот државен врв ги одбележува денешниот голем и значаен датум за Република Северна Македонија и за демократскиот свет, 9 Мај – Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа.
Делегација на Владата на Република Северна Македонија, предводена од претседателот на Владата, Талат Џафери, во состав со министерот за локална самоуправа, Ристо Пенов, и заменик-министерката за правда, Викторија Аврамовска-Мадиќ, положи цвеќе и им оддаде почит на борците од Народноослободителната борба пред споменикот „Ослободители на Скопје“ на платото пред Владата на Република Северна Македонија.
На официјалната церемонија, реализирана со воени почести, почит оддадоа и положија цвеќе и: делегација на Сојузот на борците од НОАВМ, предводена од Наум Бурески, претседател на Градскиот одбор на Сојузот на борците, од Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија, Билјана Блажевска, аѓутант, делегација на Собранието на Република Северна Македонија, предводена од Снежана Калевска-Ванчева, пратеничка, делегација на Армијата на Република Северна Македонија, предводена од бригаден генерал Орце Јордев, како и претставници од дипломатскиот кор во државата, меѓу кои и амбасадорот на Европската Унија, Дејвид Гир, делегација на Град Скопје, претставници на политички партии.
Претходно, во церемонија со воени почести, делегации од Владата, од Кабинетот на претседателот на државата, од Собранието, од Сојузот на борците од НОАВМ, претставници од дипломатскиот кор, од Град Скопје, од политичките партии, оддадоа почит и положија цвеќе на Партизанските гробишта во Бутел.
Република Северна Македонија секогаш била на вистинската страна на историјата. Така било за време на Втората светска војна кога земјата била рамо до рамо со прогресивните антифашистички сили. Нашата држава е создадена на рушевините на фашизмот, во извојуваната слобода и со прогресивната идеја за напредок. И, денес, во сложениот геополитички контекст, стоиме со сојузниците како рамноправна членка на НАТО и идна членка на Европската Унија темелејќи го развојот на демократијата.
Пораката на премиерот Талат Џафери и на Владата во чест на денешниот 9 Мај, Ден на победата над фашизмот и Ден на Европа, е дека цврсто стоиме и ќе стоиме на браникот пред какви било форми на современ фашизам, кои се закана за мирот и прогресот насекаде во светот. Исто така, со искрена почит кон големата европска идеја, на која се темели изградбата на Европската Унија, ќе продолжиме да придонесуваме во заштитата и афирмацијата на европските вредности како гаранти на мирот и перспективите и на Република Северна Македонија. Република Северна Македонија припаѓа во европското семејство на народи и држави и стремежот на граѓаните за членство во Европската Унија заедно ќе го оствариме.
Uncategorized
Oсмани: Ја победивме албанската опозиција со над 40.000 гласа, да се почитува волјата на народот
Прелиминарните резултати покажуваaт длабока победа на Европскиот Фронт, наспроти албанската опозиција со над 40 илјади гласа, изјави кандидатот за претседател, Бујар Османи, кој според првичните неофицијални резултати е пред неговиот опонент од албанскиот опозициски блок, Арбен Таравари.
„Оваа победа само докажува дека Европскиот фронт станува една голема локомотива за европската иднина на нашата држава“, рече Османи, додавајќи дека волјата на народот е јасна и треба да се почитува од сите.
Како што додаде, резултатите покажуваат дека се уште имаме поделено општество, притоа нагласувајќи дека Албанците, Турците, Бошњаците, Ромите кажале дека самите одлучуваат за својата иднина и никогаш нема да дозволат некој друг да одлучува за нив.
Приврзаниците на ДУИ вечерва се собраа на плоштадот „Скендербег“ во Скопје за да ја слават објавата на првичните неофицијални резултати од првиот круг.