Uncategorized
Каримов: Зад немирите стојат радикалните исламисти
Исламски групи поврзани со забранетото движење Хезби Тахрир стојат зад бунтот во Андиџан и се причина за смртта на околу 30 луѓе – изјави денеска Узбекистанскиот претседател Ислам Каримов.
Исламски групи поврзани со забранетото движење Хезби Тахрир стојат зад бунтот во Андиџан и се причина за смртта на околу 30 луѓе – изјави денеска Узбекистанскиот претседател Ислам Каримов.
Според Каримов, во немирите од загинатите 30.тина, деветмина се војници, додека 10 од загинатите се бунтовници. Другите загинале на плоштадот кога владините сили отворија оган.
Претседателот Каримов додаде дека исламските групи се истите оние кои неодамна ги предизвикале нередите во Киргистан, каде што бунтот доведе до соборување на претседателот Аскар Акаев
Узбечкиот претседател уште наведе дека бунтовниците, кои неколку часа ја држеа под своја контрола зградата на локалната администрација, по мобилни телефони комуницирале со лица во Афганистан и во Киргистан.
Во меѓувреме, Андиџан е под контрола на владините сили, а градот стравувајќи од репресалии, го напуштиле најмалку 4.000 лица кои се упатиле кон границата на соседен Киргистан, барајќи засолниште.
Очевидци тврдат дека граничните органи на Киргистан се уште чекаат наредба дали да ги отворат вчера затворените граници и да ги пуштат бегалците. Евентуалната ваква одлука на Киргистан сигурно ќе доведе до затегнување на односите меѓу двете земји.
Андиџан претпладнето мораа да го напуштат сите странски новинари, под притисок на узбекистанската полиција.
Вчерашните немири во Андиџан се најголеми откако Узбекистан стекна независност во
991 година, од кога со земјата владее Ислам Каримов./макфакс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Силен земјотрес ја погоди Франција
Франција денеска ја погоди земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтеровата скала, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).
Епицентарот на земјотресот бил на 10 километри југоисточно од градот Тарбес и 120 километри југозападно од Тулуз, на длабочина од четири километри, се наведува на веб-страницата ЕМСЦ.
Засега нема информации за повредени или материјална штета.
Uncategorized
Сончево и топло со мала до умерена облачност, попладне нестабилно време со пороен дожд и грмежи
Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне наместа, особено во северните делови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а ќе има и услови за краткотрајно невреме со силен ветер и изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 14, а максималната ќе достигне од 24 до 29 степени.
Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а ќе има и услови за краткотрајно невреме. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 27 степени.
Во следните денови ќе се задржи топло време, но во попладневните часови наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има услови процесите да бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме, со силен ветер, интензивен пороен дожд и изолирана појава на град.
Uncategorized
Претежно облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд
Времето денеска ќе биде претежно облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд. Попладне наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 20 л/м2), локално поројни и проследени со грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 15, а максималната ќе достигне од 13 до 19 степени.
Во Скопје претежно облачно со повремени врнежи од дожд, особено попладне кога во делови од котлината ќе бидат поројни. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 18 степени.
До четврток ќе преовладува променливо облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд и ретка појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец (над 60 км/час). Пораст на температурата се очекува кон крајот на седмицата.