Uncategorized
Репортери без граници ја осудија одлуката за апсење новинари
Репортери без граници го осудија денеска законот со кој му се овозможи на судот во Варшава да донесе одлука за апсење на двајца новинари за да ги спречи да го избегнат судењето за клевета, два дена пред процесот.
Репортери без граници го осудија денеска законот со кој му се овозможи на судот во Варшава да донесе одлука за апсење на двајца новинари за да ги спречи да го избегнат судењето за клевета, два дена пред процесот.
„Го осудуваме членот 212.2 од полскиот кривичен закон бидејќи има дисциплински карактер и ги изедначува новинарите со криминалците“, наведува организацијата за слобода на печатот.
Судот во Варшава на 30 октомври донесе одлука новинарите Томаш Сакјевич и Катацина Хејке да поминат 48 часа во притвор пред почетокот на судењето закажано за 14. декември, за да се обезбеди нивното присуство.
Двајцата новинари не се појавија на претходното рочиште на кое комерцијалната полска телевизија ТВН ги тужи за клевета и лаги изнесени за поранешниот програмски директор на телевизијата, Милан Суботиќ.
„Тоа не е достојно за една земја членка на Европската унија и ние ја повикуваме следната Владата да го укине тој член.
/крај/б/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Мицкоски на средба со австрискиот амбасадор Памер: Идната влада ќе работи на уште позасилена соработка на економско поле помеѓу двете држави
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, заедно со потпретседателот Тимчо Муцунски денеска оствари средба со австрискиот амбасадор Мартин Памер.
Мицкоски му се заблагодари на Памер за поддршката што Македонија ја добива од Австрија на патот на евроинтеграциите.
Одличните односи помеѓу Македонија и Австрија на економско поле ќе бидат дополнително унапредувани и поттикнувано во наредниот период, истакна Мицкоски.
Воедно, беше потенциран и планот за борбата против корупцијата и криминалот, кои ќе бидат високо на агендата на идната влада.
Uncategorized
Силен земјотрес ја погоди Франција
Франција денеска ја погоди земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтеровата скала, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).
Епицентарот на земјотресот бил на 10 километри југоисточно од градот Тарбес и 120 километри југозападно од Тулуз, на длабочина од четири километри, се наведува на веб-страницата ЕМСЦ.
Засега нема информации за повредени или материјална штета.
Uncategorized
Сончево и топло со мала до умерена облачност, попладне нестабилно време со пороен дожд и грмежи
Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне наместа, особено во северните делови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а ќе има и услови за краткотрајно невреме со силен ветер и изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 14, а максималната ќе достигне од 24 до 29 степени.
Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а ќе има и услови за краткотрајно невреме. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 27 степени.
Во следните денови ќе се задржи топло време, но во попладневните часови наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има услови процесите да бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме, со силен ветер, интензивен пороен дожд и изолирана појава на град.