Uncategorized
Одложено повлекувањето на британските војници од Ирак
Британскиот министер за одбрана Дес Брауни денеска изјави дека повлекувањето на британските трупи од Ирак ќе биде запрено на неколку месеци.
Британскиот министер за одбрана Дес Брауни денеска изјави дека повлекувањето на британските трупи од Ирак ќе биде запрено на неколку месеци.
Велика Британија планираше повлекување на околу 1.500 војници од последната, преостаната британска база во Ирак која се наоѓа во околината на Басра, откако претходно го откажа планот по ескалација на судирите со екстремистите.
Брауни, на пратениците во британскиот Парламент, им изјави дека намалувањето на британскиот контигент во Ирак, што брои шетири илјади војници, ќе биде можен сако “ако околностите го дозволат тоа“.
“Разумно е некое време да ги разгледуваме натамошните намалувања, додека ситуацијата на теренот продолжува брзо да се развива и додека воените команданти продолжуваат да ја проценуваат промената на околината во Басра“, изјави Брауни.
Британските трупи повеќе не учествуваат ви судирите во регионот, и сега главно, обучуваат ирачки војници.
Британските војници, меѓутоа, учествуваа во неодамнешната акција против екстремистичките сили заедно со ирачките и американски трупи.
/крај/бе/ис
Copyright 2008
makfax
. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со makfax.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Силен земјотрес ја погоди Франција
Франција денеска ја погоди земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтеровата скала, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).
Епицентарот на земјотресот бил на 10 километри југоисточно од градот Тарбес и 120 километри југозападно од Тулуз, на длабочина од четири километри, се наведува на веб-страницата ЕМСЦ.
Засега нема информации за повредени или материјална штета.
Uncategorized
Сончево и топло со мала до умерена облачност, попладне нестабилно време со пороен дожд и грмежи
Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне наместа, особено во северните делови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а ќе има и услови за краткотрајно невреме со силен ветер и изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 14, а максималната ќе достигне од 24 до 29 степени.
Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а ќе има и услови за краткотрајно невреме. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 27 степени.
Во следните денови ќе се задржи топло време, но во попладневните часови наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има услови процесите да бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме, со силен ветер, интензивен пороен дожд и изолирана појава на град.
Uncategorized
Претежно облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд
Времето денеска ќе биде претежно облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд. Попладне наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 20 л/м2), локално поројни и проследени со грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 15, а максималната ќе достигне од 13 до 19 степени.
Во Скопје претежно облачно со повремени врнежи од дожд, особено попладне кога во делови од котлината ќе бидат поројни. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 18 степени.
До четврток ќе преовладува променливо облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд и ретка појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец (над 60 км/час). Пораст на температурата се очекува кон крајот на седмицата.