Uncategorized
Индиските специјалците во акција за ослободување на заложниците
Индиските специјалци се спуштија денеска од хеликоптер на покривот на индискиот центар во Мумбаи, во кој, како што се претпоставува, исламските терористи заробиле најмалку 10 Израелци.
Индиските специјалци се спуштија денеска од хеликоптер на покривот на индискиот центар во Мумбаи, во кој, како што се претпоставува, исламските терористи заробиле најмалку 10 Израелци.
Пред тоа припадниците на специјалните единици отвориле оган врз зградата, со цел да им го одвлечат вниманието од акцијата на покривот.
Шефот на националната гарда изјави дека се надева оти акцијата на „чистење“ наскоро ќе заврши.
Повикувајќи се на сведоци, агенциите јавуваат дека специјалците упаднале во хотелот „Оберој-Тридент“, во кој терористите исто држат заложници.
Локалната полиција наведува дека грабнувачите со непознат број заложници сè наоѓаат и во блискиот хотел „Таџ Махал“.
Во обраќањето до нацијата, индискиот премиер Манмоан Синг изјави дека терористичките напади во Мумбаи најверојатно се планирани во странство.
Во Мумбаи, според досегашните податоци, загинале 125 лица, а повеќе од 300 се ранети.
/крај/хи/ст
Copyright
2008
makfax
. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со makfax.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Силен земјотрес ја погоди Франција
Франција денеска ја погоди земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтеровата скала, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).
Епицентарот на земјотресот бил на 10 километри југоисточно од градот Тарбес и 120 километри југозападно од Тулуз, на длабочина од четири километри, се наведува на веб-страницата ЕМСЦ.
Засега нема информации за повредени или материјална штета.
Uncategorized
Сончево и топло со мала до умерена облачност, попладне нестабилно време со пороен дожд и грмежи
Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне наместа, особено во северните делови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а ќе има и услови за краткотрајно невреме со силен ветер и изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 14, а максималната ќе достигне од 24 до 29 степени.
Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а ќе има и услови за краткотрајно невреме. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 27 степени.
Во следните денови ќе се задржи топло време, но во попладневните часови наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има услови процесите да бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме, со силен ветер, интензивен пороен дожд и изолирана појава на град.
Uncategorized
Претежно облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд
Времето денеска ќе биде претежно облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд. Попладне наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 20 л/м2), локално поројни и проследени со грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 15, а максималната ќе достигне од 13 до 19 степени.
Во Скопје претежно облачно со повремени врнежи од дожд, особено попладне кога во делови од котлината ќе бидат поројни. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 18 степени.
До четврток ќе преовладува променливо облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд и ретка појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец (над 60 км/час). Пораст на температурата се очекува кон крајот на седмицата.