Uncategorized
Северна Кореја и Иран заедно развиваат долгострелни ракети
Северна Кореја тесно соработува со Иран во развивање балистичка ракета со долг дострел, а можно е за тоа да користи кинеска технологија и да гради големи бази за нивно лансирање.
Северна Кореја тесно соработува со Иран во развивање балистичка ракета со долг дострел, а можно е за тоа да користи кинеска технологија и да гради големи бази за нивно лансирање.
Ова предупредување се наведува во извештајот на јужнокорејскиот Институт за надворешни работи и национална безбедност (ИФАНС) објавен денеска во Сеул.
“Развојот на Таеподонг–2 се спроведува заедно со Иран, а можно е за тоа се користи кинеската технологија“, се наведува извештајот.
Во него се додава дека Северна Кореја во близина на демилитаризираната зона со Јужна Кореја, гради бази за ракети со краток дострел чија прецизност ја усовршува па со голем прецизност може да стрела врз поголем дел од Јапонија.
Според Институтот од Сеул, соработката за развој на далекустрелни ракети е дел од меѓународна мрежа која го вклучува и Пакистан, кој и овозможил на сиромашната Северна Кореја да распореди ракети и покрај малите ресурси и лимитираните можности за тестирање.
Со 1.000 ракети од различен дострел, Северна Кореја располага со четврти по големина арсенал од таков вид оружје во светот.
Извештајот на јужнокорејскиот Институт е на слична линија со американските тврдења, дека еден или повеќе ирански раководители го надгледувале лансирањето ракети во Северна Кореја, што ги поттикнува сомнежите за поврзаност на Техеран и Пјонгјанг за ширење на нуклеарно оружје
./крај/х/ег/б
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Силен земјотрес ја погоди Франција
Франција денеска ја погоди земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтеровата скала, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).
Епицентарот на земјотресот бил на 10 километри југоисточно од градот Тарбес и 120 километри југозападно од Тулуз, на длабочина од четири километри, се наведува на веб-страницата ЕМСЦ.
Засега нема информации за повредени или материјална штета.
Uncategorized
Сончево и топло со мала до умерена облачност, попладне нестабилно време со пороен дожд и грмежи
Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне наместа, особено во северните делови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а ќе има и услови за краткотрајно невреме со силен ветер и изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 14, а максималната ќе достигне од 24 до 29 степени.
Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а ќе има и услови за краткотрајно невреме. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 27 степени.
Во следните денови ќе се задржи топло време, но во попладневните часови наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има услови процесите да бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме, со силен ветер, интензивен пороен дожд и изолирана појава на град.
Uncategorized
Претежно облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд
Времето денеска ќе биде претежно облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд. Попладне наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 20 л/м2), локално поројни и проследени со грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 15, а максималната ќе достигне од 13 до 19 степени.
Во Скопје претежно облачно со повремени врнежи од дожд, особено попладне кога во делови од котлината ќе бидат поројни. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 18 степени.
До четврток ќе преовладува променливо облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд и ретка појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец (над 60 км/час). Пораст на температурата се очекува кон крајот на седмицата.