Uncategorized
Поддршка за силите на ОН во Либан
Повеќе земји дадоа согласност да испратат засилување на мировните сили на Обединетите нации кои ќе се распоредат во Либан, соопшти синоќа премиерот на таа земја Фуад Синиора.
Повеќе земји дадоа согласност да испратат засилување на мировните сили на Обединетите нации кои ќе се распоредат во Либан, соопшти синоќа премиерот на таа земја Фуад Синиора.
Тој ги наведе Мароко, Индонезија, Италија, Турција, Шпанија и Малезија.
Соединетите Американски држави учеството го условиле со претходна согласност и поддршка од сите вклучени страни во Либан, се додава во соопштението.
Резолуцијата што Советот за безбедност на ОН ја усвои викендот предвидува меѓународни мировни сили кои би броеле до 15,000 да се распоредат во јужен Либан, паралелно со повлекувањето на израелката војска.
Владата на Либан во тој регион би требало да испрати уште 15.000 војници.
/крај/бгнес/ег/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Мицкоски на средба со австрискиот амбасадор Памер: Идната влада ќе работи на уште позасилена соработка на економско поле помеѓу двете држави
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, заедно со потпретседателот Тимчо Муцунски денеска оствари средба со австрискиот амбасадор Мартин Памер.
Мицкоски му се заблагодари на Памер за поддршката што Македонија ја добива од Австрија на патот на евроинтеграциите.
Одличните односи помеѓу Македонија и Австрија на економско поле ќе бидат дополнително унапредувани и поттикнувано во наредниот период, истакна Мицкоски.
Воедно, беше потенциран и планот за борбата против корупцијата и криминалот, кои ќе бидат високо на агендата на идната влада.
Uncategorized
Силен земјотрес ја погоди Франција
Франција денеска ја погоди земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтеровата скала, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).
Епицентарот на земјотресот бил на 10 километри југоисточно од градот Тарбес и 120 километри југозападно од Тулуз, на длабочина од четири километри, се наведува на веб-страницата ЕМСЦ.
Засега нема информации за повредени или материјална штета.
Uncategorized
Сончево и топло со мала до умерена облачност, попладне нестабилно време со пороен дожд и грмежи
Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне наместа, особено во северните делови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а ќе има и услови за краткотрајно невреме со силен ветер и изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 14, а максималната ќе достигне од 24 до 29 степени.
Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а ќе има и услови за краткотрајно невреме. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 27 степени.
Во следните денови ќе се задржи топло време, но во попладневните часови наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има услови процесите да бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме, со силен ветер, интензивен пороен дожд и изолирана појава на град.