Uncategorized
Потврдена е моќта на глината
Најновите откритија на научниците речиси и да ги потврдуваат верските уверувања дека животот, можеби, навистина настанал од земја, како што учат многу религии.
Најновите откритија на научниците речиси и да ги потврдуваат верските уверувања дека животот, можеби, навистина настанал од земја, како што учат многу религии.
Екипа доктори, биохемичари и микробиолози од Медицинскиот институт „Хауард Хјуз“ и Општата државна болница „Масачусец“ во Бостон, тврдат дека во глината пронашле материјал што може да биде клучна супстанца во процесот на формирање на животот.
Мешавината на глината по име „монтморилонит“ не само што помага во создавањето на мали „ќеси“ од масти и течности, туку помага ќелиите да користат генетски материјал познат под името РНА. Тоа, истовремено, е еден од клучните животни процеси.
Џек Шостак, Мартин Ханчик и Шели Фуџикава во поранешните истражувања откриле дека глината може да биде катализатор на хемиските реакции неопходни да се создаде РНА така што ќе овозможи создавање на плочки наречени нуклеотиди.
Научниците утврдиле дека глината го забрзува процесот со кој масните киселини создаваат мали структури во облик на ќесенца кои се нарекуваат везикли. Глината ја внесува РНА-та во овие везикли. Според нив, ќелијата, во суштина, е сложено „ќесе“ на течни состојки.
„Докажавме дека глината и другите минерали не само што можат да го забрзаат формирањето на везиклите, туку дека и тие го обезбедуваат потребното време, РНА да продре во везиклите“, изјави Шостак.
„Создавањето, растот и делењето на најмалите ќелии можат да настанат како одговор на слична интеракција со деловите минерали и содржината на материјалите и енергијата“, тврдат научниците во извештајот објавен во списанието „Сајенс“.
„Не тврдиме дека животот настанал баш така. Она што ние го тврдиме е дека покажавме раст и делење без било каков биохемиски механизам. Да можевме да прикажеме поприроден начин како тоа се случило, тоа би можело да ни укаже на можноста како животот настанал на се уште „примитивната“ Земја“, заклучува Шостак.
Меѓу религиските текстови во кои се спомнува дека животот настанал од земја, меѓу другите, се библиската „Книга за постанокот“, во која Бог на Адам му вели дека „лебот ќе го јаде во потта на лицето свое, се додека не се врати во земјата од која настанал, од земја настана, во земја се враќа“.
/крај/фонет/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Силен земјотрес ја погоди Франција
Франција денеска ја погоди земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтеровата скала, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).
Епицентарот на земјотресот бил на 10 километри југоисточно од градот Тарбес и 120 километри југозападно од Тулуз, на длабочина од четири километри, се наведува на веб-страницата ЕМСЦ.
Засега нема информации за повредени или материјална штета.
Uncategorized
Сончево и топло со мала до умерена облачност, попладне нестабилно време со пороен дожд и грмежи
Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне наместа, особено во северните делови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а ќе има и услови за краткотрајно невреме со силен ветер и изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 14, а максималната ќе достигне од 24 до 29 степени.
Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а ќе има и услови за краткотрајно невреме. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 27 степени.
Во следните денови ќе се задржи топло време, но во попладневните часови наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има услови процесите да бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме, со силен ветер, интензивен пороен дожд и изолирана појава на град.
Uncategorized
Претежно облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд
Времето денеска ќе биде претежно облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд. Попладне наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 20 л/м2), локално поројни и проследени со грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 15, а максималната ќе достигне од 13 до 19 степени.
Во Скопје претежно облачно со повремени врнежи од дожд, особено попладне кога во делови од котлината ќе бидат поројни. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 18 степени.
До четврток ќе преовладува променливо облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд и ретка појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец (над 60 км/час). Пораст на температурата се очекува кон крајот на седмицата.