Uncategorized
Почина бившиот руски шпион
Бившиот руски шпион Александар Литвиненко, почина синоќа во една лондонска болница, каде што беше примен пред три недели со знаци на труење од непознато потекло.донска болница.
Бившиот руски шпион Александар Литвиненко, почина синоќа во една лондонска болница, каде што беше примен пред три недели со знаци на труење од непознато потекло.
Литвиненко, висок руски разузнавач, после пребегот во Лондон во 2000 година, беше остар критичар на претседателот Путин. Поради тоа јавно беа изразени сомневања дека труењето е дело на Москва, што беше категорично отфрлено.
Како што соопшти синоќа болницата во Лондон, Литвиненко (43) бил „сериозно болен кога на 17 ноември бил примен на лекување и дека медицинскиот тим сторил се што е во негова моќ за да го спаси неговиот живот“.
Литвиненко починал поради „затајување на срцето“, но не е утврдена причината за тоа, се наведува во лекарското соопштение. Со извршените анализи речиси целосно се отфрлени првичните претпоставки дека причината е труење со талиум или со некоја радиоактивна материја.
Претставник на лондонската полиција, соопшти дека случајот Литвиненко го истражува како „неразјаснета смрт“.
Александар Литвиненко, работеше во КГБ, моќната разузнавачка служба на поранешниот Советски сојуз, подоцна ФСБ. Литвиненко во 2000 година пребега во Лондон, а неодамна доби и британско државјанство.
Литвиненко беше познат како остар критичар на претседателот Владимир Путин. Тој како што се наведува, пред мистериозното заболување, водел истрагата за убиството на новинарката Ана Политковскаја, исто така, остра критичарка на Кремљ,.
Луѓето блиски до Литвиненко, за неговото труење, го обвинија Кремљ. Тие ја пренесоа и неговата изјава дека бил отруен по средба со двајца руси во Лондон, откако едниот од нив, успеал да го допре.
Официјална Москва категорично ја отфрли можноста за каква и да е вмешаност во овој случај.
/крај/х/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Силен земјотрес ја погоди Франција
Франција денеска ја погоди земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтеровата скала, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).
Епицентарот на земјотресот бил на 10 километри југоисточно од градот Тарбес и 120 километри југозападно од Тулуз, на длабочина од четири километри, се наведува на веб-страницата ЕМСЦ.
Засега нема информации за повредени или материјална штета.
Uncategorized
Сончево и топло со мала до умерена облачност, попладне нестабилно време со пороен дожд и грмежи
Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне наместа, особено во северните делови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а ќе има и услови за краткотрајно невреме со силен ветер и изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 14, а максималната ќе достигне од 24 до 29 степени.
Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а ќе има и услови за краткотрајно невреме. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 27 степени.
Во следните денови ќе се задржи топло време, но во попладневните часови наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има услови процесите да бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме, со силен ветер, интензивен пороен дожд и изолирана појава на град.
Uncategorized
Претежно облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд
Времето денеска ќе биде претежно облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд. Попладне наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 20 л/м2), локално поројни и проследени со грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 15, а максималната ќе достигне од 13 до 19 степени.
Во Скопје претежно облачно со повремени врнежи од дожд, особено попладне кога во делови од котлината ќе бидат поројни. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 18 степени.
До четврток ќе преовладува променливо облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд и ретка појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец (над 60 км/час). Пораст на температурата се очекува кон крајот на седмицата.