Uncategorized
Шили: Масри добил пари за да молчи за апсењето во Македонија
Американските власти му платиле на германскиот државјанин со либанско потекло Калед ел Масри да молчи за случајот со неговото апсење во Македонија во 2003-та година, тврди поранешен германски функционер.
Американските власти му платиле на германскиот државјанин со либанско потекло Калед ел Масри да молчи за случајот со неговото апсење во Македонија во 2003-та година, тврди поранешен германски функционер.
Поранешниот германски министер за внатрешни работи Ото Шили изјави пред парламентарната комисија која го истражува случајот на Масри, дека тоа го дознал од поранешниот американски амбасадор во Германија, Данијел Коутс.
„Коутс ми рече дека се беше грешка“, рече Шили присетувајќи се на разговорот што го водел со Коутс во мај 2004-та година.
Според Шили, амбасадорот Коутс му рекол дека е приведен Арап со германски пасош за кој Американците верувале дека е фалсификуван и дека Масри се наоѓа на листата осомничени.
„Теоријата за тероризмот не е потврдена. Американците се извинија, му дадоа пари и тој вети дека ќе молчи“, рекол поранешниот германски министер за внатрешни работи.
Адвокатите на Масри, пак, тврдат дека тој не примил никакви пари.
Калед ел Масри е Германец со либанско потекло кој беше уапсен во Македонија на 31 декември 2003 година, предаден на ЦИА и префрлен во затвор во Авганистан.
Македонија се уште демантира дека го предала на ЦИА иако, тоа го потврди Германија
Официјален Вашингтон претходно одби директно да ја коментираа оваа афера и изрази жалење поради грешките кои, можеби, се направени./крај/б92/мс/ег/б
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Силен земјотрес ја погоди Франција
Франција денеска ја погоди земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтеровата скала, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).
Епицентарот на земјотресот бил на 10 километри југоисточно од градот Тарбес и 120 километри југозападно од Тулуз, на длабочина од четири километри, се наведува на веб-страницата ЕМСЦ.
Засега нема информации за повредени или материјална штета.
Uncategorized
Сончево и топло со мала до умерена облачност, попладне нестабилно време со пороен дожд и грмежи
Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне наместа, особено во северните делови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а ќе има и услови за краткотрајно невреме со силен ветер и изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 14, а максималната ќе достигне од 24 до 29 степени.
Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а ќе има и услови за краткотрајно невреме. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 27 степени.
Во следните денови ќе се задржи топло време, но во попладневните часови наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има услови процесите да бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме, со силен ветер, интензивен пороен дожд и изолирана појава на град.
Uncategorized
Претежно облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд
Времето денеска ќе биде претежно облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд. Попладне наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 20 л/м2), локално поројни и проследени со грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 15, а максималната ќе достигне од 13 до 19 степени.
Во Скопје претежно облачно со повремени врнежи од дожд, особено попладне кога во делови од котлината ќе бидат поројни. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 18 степени.
До четврток ќе преовладува променливо облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд и ретка појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец (над 60 км/час). Пораст на температурата се очекува кон крајот на седмицата.