Uncategorized
Мартин Скорсезе триумфално на Оскарите
Познатиот режисер Мартин Скорсезе конечно го дочека својот успех, неговиот филм „Покојникот“, ја освои наградата за најдобро сценарио, монтажа, режија, како и Оскарот за најдобар филм.
Познатиот режисер Мартин Скорсезе конечно го дочека својот успех, неговиот филм „Покојникот“, ја освои наградата за најдобро сценарио, монтажа, режија, како и Оскарот за најдобар филм.
На Скорсезе ова му е шеста номинација за Оскар за најдобар режисер, а наградата ја доби од неговите долгогодишни пријатели Френсис Форд Копола, Џорџ Лукас и Стивен Спилберг.
Оскарот за најдобра актерка и припадна на Хелен Мирен, поради супериорниот начин на кој ја одглуми англиската кралица, Елизабета II во филмот на Стивен Фрирс, „Кралицата“.
Улогата на угандскиот диктатор Иди Амин во биографскиот филм „Последниот шкотски крал “ му го донесе Оскарот за најдобар глумец на Форест Витакер.
По два Оскари добија филмовите „Девојки од соништата“ и тоа за споредна женска улога и звук, како и филмот „Малата мис на Америка“, за оригинално сценарио и споредна машка улога. Три оскари доби филмот „Фауновиот лавиринт“ и тоа се за техничките категории.
Оскарот за животно дело му припадна на Енио Мориконе.
Останатите Оскари им припаднаа на :
Странски филм „Животот на другите“
Анимиран филм „Танцот на малиот пингвин“
Оригинално сценарио „Малата мис на Америка“
Оригинална песна „Непријатна вистина “
Музика „Бабел“
Камера, шминка „Фауновиот лавиринт“
Звучни ефекти „Писмата од Иво Џим“
Костимографија „Марија Антоанета“
Документарен филм „Непријатна вистина “
Краток анимиран филм „Данскиот поет“
Краток документарен филм „Крв во округот Јингџу “
Краток игран филм „Приказна од Западниот брег
“./крај/макфакс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Силен земјотрес ја погоди Франција
Франција денеска ја погоди земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтеровата скала, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).
Епицентарот на земјотресот бил на 10 километри југоисточно од градот Тарбес и 120 километри југозападно од Тулуз, на длабочина од четири километри, се наведува на веб-страницата ЕМСЦ.
Засега нема информации за повредени или материјална штета.
Uncategorized
Сончево и топло со мала до умерена облачност, попладне нестабилно време со пороен дожд и грмежи
Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне наместа, особено во северните делови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а ќе има и услови за краткотрајно невреме со силен ветер и изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 14, а максималната ќе достигне од 24 до 29 степени.
Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а ќе има и услови за краткотрајно невреме. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 27 степени.
Во следните денови ќе се задржи топло време, но во попладневните часови наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има услови процесите да бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме, со силен ветер, интензивен пороен дожд и изолирана појава на град.
Uncategorized
Претежно облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд
Времето денеска ќе биде претежно облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд. Попладне наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 20 л/м2), локално поројни и проследени со грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 15, а максималната ќе достигне од 13 до 19 степени.
Во Скопје претежно облачно со повремени врнежи од дожд, особено попладне кога во делови од котлината ќе бидат поројни. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 18 степени.
До четврток ќе преовладува променливо облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд и ретка појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец (над 60 км/час). Пораст на температурата се очекува кон крајот на седмицата.