Uncategorized
Украинскиот Парламент поддржа одржување вонредни избори
Мнозинството во
украинскиот Парламент денеска соопшти дека ќе го поддржи одржувањето на
вонредни парламентарни избори, ако истовремено се одржат и претседателски
избори.
Мнозинството во
украинскиот Парламент денеска соопшти дека ќе го поддржи одржувањето на
вонредни парламентарни избори, ако истовремено се одржат и претседателски
избори.
Украинскиот
претседател Виктор Јушченко, минатата недела, го распушти Собранието и повика
на вонредни парламентарни избори на 27.мај, со обвинение до својот ривал,
премиерот Виктор Јануковиќ и парламентарното мнозинство, дека се обидуваат да
ја узурпираат власта.
Јануковиќ и
неговите симпатизери оценуваат дека одлуката за распуштање на Собранието е
неуставна и одбија да ја спроведат. Тие поднесоа жалба до украинскиот Уставен
суд, што оваа недела би требало да го започне сослушувањето по тоа прашање.
“Ние не сме
против предвремени избори, ние сме против нелегално повикување на избори“, се
наведува во соопштението на пратениците.
Парламентарното
мнозинство нема овластувања да решава за предвремени претседателски избори, но
денешното барање покажува колку е длабока политичката криза во Украина.
Според аналитичарите,
Јушченко ќе се најде многу “деликатна“ положба ако уставниот суд оцени дека
неговата одлука за распуштање на Парламентот е неуставна и ги откаже вонредните
избори.
Комунистите, кои
го поддржуваат Јануковиќ во Парламентот, најавија дека ако судот ја поништи
претседателската одлука, веднаш ќе започнат процедура за негова смена.
Јануковиќ има
поддршка од 260 пратеници во парламентот, додека за смена на Јушченко е
потребно да гласаат 300 пратеници.
/крај/бе/ис
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Силен земјотрес ја погоди Франција
Франција денеска ја погоди земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтеровата скала, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).
Епицентарот на земјотресот бил на 10 километри југоисточно од градот Тарбес и 120 километри југозападно од Тулуз, на длабочина од четири километри, се наведува на веб-страницата ЕМСЦ.
Засега нема информации за повредени или материјална штета.
Uncategorized
Сончево и топло со мала до умерена облачност, попладне нестабилно време со пороен дожд и грмежи
Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне наместа, особено во северните делови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а ќе има и услови за краткотрајно невреме со силен ветер и изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 14, а максималната ќе достигне од 24 до 29 степени.
Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а ќе има и услови за краткотрајно невреме. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 27 степени.
Во следните денови ќе се задржи топло време, но во попладневните часови наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има услови процесите да бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме, со силен ветер, интензивен пороен дожд и изолирана појава на град.
Uncategorized
Претежно облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд
Времето денеска ќе биде претежно облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд. Попладне наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 20 л/м2), локално поројни и проследени со грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 15, а максималната ќе достигне од 13 до 19 степени.
Во Скопје претежно облачно со повремени врнежи од дожд, особено попладне кога во делови од котлината ќе бидат поројни. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 18 степени.
До четврток ќе преовладува променливо облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд и ретка појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец (над 60 км/час). Пораст на температурата се очекува кон крајот на седмицата.