Uncategorized
Руски новинари даваат отказ поради притисок од Кремљ
Десетици новинари
од Рускиот сервис на вести, што ги подготвуваат вестите за најслушаните руски
радио станици, дадоа отказ поради најновата одлука на провладиниот уредувачки
тим дека програмата мора да содржи најмалку 50 проценти афирмативни вести.
Десетици новинари
од Рускиот сервис на вести, што ги подготвуваат вестите за најслушаните руски
радио станици, дадоа отказ поради најновата одлука на провладиниот уредувачки
тим дека програмата мора да содржи најмалку 50 проценти афирмативни вести.
Сопственикот на овој
медиумски сервис, Руската медиумска група, денеска не сакаше да ги коментира
овие обвинувања што уследија по растечката загриженост поради степенот на
слобода на медиуми во Русија.
Оваа загриженост
ја зајакна и протестот на руската Унија на новинарите на која и е наложено да
се исели од просториите во зградите во кои се наоѓа државната медиумска куќа,
вклучително и Руската информативна агенција “Новости“ и сателитскиот
телевизиски канал “Русија денес“.
Новинарот Артјом
Хан, кој во знак на протест на 9.мај го напушти Рускиот сервис новости, изјави
дека уште седум негови колеги исто така дале отказ поради случувањата во
Куќата. Тој изјави дека уредникот му префрлил оти неговиот извештај за
проруските протести пред естонската Амбасада во Москва имал “проестонски“
призвук и бил “непрофесионален“.
Според проценките
на западните невладини и медиумски организации и поединечни влади, од почетокот
на мандатот на претседателот Владимир Путин државата се повеќе се обидува да
влијае врз водечките руски гласила.
Медиумскиот
огранок на рускиот државен гигант ’Газпром“ ја презеде телевизијата НТВ и
дневниот весник “Известја“, своевремено познати поради критичкиот став кон
Кремљ и независното известување за војната во Чеченија.
Проценките се
дека руските водечки телевизиски станици се помалку содржат аналитичко новинарство
и извештаи во кои се преиспитува политиката на Кремљ.
/крај/бе/ис
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Претежно облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд
Времето денеска ќе биде претежно облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд. Попладне наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 20 л/м2), локално поројни и проследени со грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 15, а максималната ќе достигне од 13 до 19 степени.
Во Скопје претежно облачно со повремени врнежи од дожд, особено попладне кога во делови од котлината ќе бидат поројни. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 18 степени.
До четврток ќе преовладува променливо облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд и ретка појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец (над 60 км/час). Пораст на температурата се очекува кон крајот на седмицата.
Uncategorized
Премиерот Џафери и владиниот државен врв во чест на 9 Мај: Цврсто стоиме на браникот против фашизмот и во одбрана на европската идеја
Владиниот државен врв ги одбележува денешниот голем и значаен датум за Република Северна Македонија и за демократскиот свет, 9 Мај – Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа.
Делегација на Владата на Република Северна Македонија, предводена од претседателот на Владата, Талат Џафери, во состав со министерот за локална самоуправа, Ристо Пенов, и заменик-министерката за правда, Викторија Аврамовска-Мадиќ, положи цвеќе и им оддаде почит на борците од Народноослободителната борба пред споменикот „Ослободители на Скопје“ на платото пред Владата на Република Северна Македонија.
На официјалната церемонија, реализирана со воени почести, почит оддадоа и положија цвеќе и: делегација на Сојузот на борците од НОАВМ, предводена од Наум Бурески, претседател на Градскиот одбор на Сојузот на борците, од Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија, Билјана Блажевска, аѓутант, делегација на Собранието на Република Северна Македонија, предводена од Снежана Калевска-Ванчева, пратеничка, делегација на Армијата на Република Северна Македонија, предводена од бригаден генерал Орце Јордев, како и претставници од дипломатскиот кор во државата, меѓу кои и амбасадорот на Европската Унија, Дејвид Гир, делегација на Град Скопје, претставници на политички партии.
Претходно, во церемонија со воени почести, делегации од Владата, од Кабинетот на претседателот на државата, од Собранието, од Сојузот на борците од НОАВМ, претставници од дипломатскиот кор, од Град Скопје, од политичките партии, оддадоа почит и положија цвеќе на Партизанските гробишта во Бутел.
Република Северна Македонија секогаш била на вистинската страна на историјата. Така било за време на Втората светска војна кога земјата била рамо до рамо со прогресивните антифашистички сили. Нашата држава е создадена на рушевините на фашизмот, во извојуваната слобода и со прогресивната идеја за напредок. И, денес, во сложениот геополитички контекст, стоиме со сојузниците како рамноправна членка на НАТО и идна членка на Европската Унија темелејќи го развојот на демократијата.
Пораката на премиерот Талат Џафери и на Владата во чест на денешниот 9 Мај, Ден на победата над фашизмот и Ден на Европа, е дека цврсто стоиме и ќе стоиме на браникот пред какви било форми на современ фашизам, кои се закана за мирот и прогресот насекаде во светот. Исто така, со искрена почит кон големата европска идеја, на која се темели изградбата на Европската Унија, ќе продолжиме да придонесуваме во заштитата и афирмацијата на европските вредности како гаранти на мирот и перспективите и на Република Северна Македонија. Република Северна Македонија припаѓа во европското семејство на народи и држави и стремежот на граѓаните за членство во Европската Унија заедно ќе го оствариме.
Uncategorized
Oсмани: Ја победивме албанската опозиција со над 40.000 гласа, да се почитува волјата на народот
Прелиминарните резултати покажуваaт длабока победа на Европскиот Фронт, наспроти албанската опозиција со над 40 илјади гласа, изјави кандидатот за претседател, Бујар Османи, кој според првичните неофицијални резултати е пред неговиот опонент од албанскиот опозициски блок, Арбен Таравари.
„Оваа победа само докажува дека Европскиот фронт станува една голема локомотива за европската иднина на нашата држава“, рече Османи, додавајќи дека волјата на народот е јасна и треба да се почитува од сите.
Како што додаде, резултатите покажуваат дека се уште имаме поделено општество, притоа нагласувајќи дека Албанците, Турците, Бошњаците, Ромите кажале дека самите одлучуваат за својата иднина и никогаш нема да дозволат некој друг да одлучува за нив.
Приврзаниците на ДУИ вечерва се собраа на плоштадот „Скендербег“ во Скопје за да ја слават објавата на првичните неофицијални резултати од првиот круг.