Uncategorized
Протести во Венецуела против затворање на приватна телевизија
Десеттици илјади
жители на Венецуела ноќеска протестираа во Каракас против одлуката на
претседателот Хуго Чавез да затвори опoзициона телевизиска станица.
Десеттици илјади
жители на Венецуела ноќеска протестираа во Каракас против одлуката на
претседателот Хуго Чавез да затвори опoзициона телевизиска станица.
Како што јавуваат локалните медиуми,
демонстрантите се собрале во знак на протест против одлуката на Чавез да не се
обнови емитувањето на телевизијата „RCTV“ чиј што договор за емитување на
програма истекува на 27. мај.
Демонстрантите го обвинуваат Чавез
дека „ја касапи демократијата заради тежнеење кон социјалистичка држава“.
Чавез претходно изјави дека „RTCV“,
најстарата приватна телевизија во државата, го поддржала неуспешниот државен
удар во 2002 година. Тој од тогаш е во конфликт со приватните телевизии кои што
ги нарече „јавачи на апокалипсата“.
Чавез приватните телевизии ги
обвинува дека преку „мрсните сапунски серии“ шират неморал во државата.
„Да ја одбраниме демикратијата, да
ја одбраниме слободата, да ги одбраниме независните медиуми, како што е RTCV“
им порача на демонстрантите директорот на телевизијата, Марсел Гарније,
предупредувајќи дека Венецуела може да потоне во тоталитаризам.
Иако Чавез, кои минатата година
повторно беше избран за претседател на Венецуела, ја ужива поддршката од 60
отсто од јавноста, анкетите покажуваат дека мнозинството од граѓаните се
противат на затворањето на „RTCV“, основана 1953 година.
Според аналитичарите, анкетите покажуваат
дека 70 отсто од населението повеќе ги загрижува фактот шти со затворањето на
телевизијата би можеле да ги изгубат омилените „сапуници“, отколку слободата на
говорот.
/крај/бе/ам
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Силен земјотрес ја погоди Франција
Франција денеска ја погоди земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтеровата скала, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).
Епицентарот на земјотресот бил на 10 километри југоисточно од градот Тарбес и 120 километри југозападно од Тулуз, на длабочина од четири километри, се наведува на веб-страницата ЕМСЦ.
Засега нема информации за повредени или материјална штета.
Uncategorized
Сончево и топло со мала до умерена облачност, попладне нестабилно време со пороен дожд и грмежи
Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне наместа, особено во северните делови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а ќе има и услови за краткотрајно невреме со силен ветер и изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 14, а максималната ќе достигне од 24 до 29 степени.
Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а ќе има и услови за краткотрајно невреме. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 27 степени.
Во следните денови ќе се задржи топло време, но во попладневните часови наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има услови процесите да бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме, со силен ветер, интензивен пороен дожд и изолирана појава на град.
Uncategorized
Претежно облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд
Времето денеска ќе биде претежно облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд. Попладне наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 20 л/м2), локално поројни и проследени со грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 15, а максималната ќе достигне од 13 до 19 степени.
Во Скопје претежно облачно со повремени врнежи од дожд, особено попладне кога во делови од котлината ќе бидат поројни. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 18 степени.
До четврток ќе преовладува променливо облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд и ретка појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец (над 60 км/час). Пораст на температурата се очекува кон крајот на седмицата.