Uncategorized
Кина не му го простува на НАТО бомбардирањето на амбасадата во Белград
Кина и понатаму не го прифаќа објаснувањето дека нејзината амбасада во
Белград е случајно погодена при бомбардирањата извршени од НАТО во 1999 година.
Кина и понатаму не го прифаќа објаснувањето дека нејзината амбасада во
Белград е случајно погодена при бомбардирањата извршени од НАТО во 1999 година.
Кина денеска, неколку дена
откако НАТО Алијансата ја повика на воспоставување на билатерални врски,
соопшти дека не го прифаќа објаснувањето дека амбасадата на Кина во Белград е
случајно уништена.
„Нашиот став е многу јасен
и непроменет. Наводното случајно бомбардирање не е уверливо, тоа не можеме да
го прифатиме“, изјави денеска портпаролката на Министерството за надворешни
работи на Кина, Џијанг Ју.
Генералот Реј Хенолт, командант
на Воениот комитет на НАТО, пред пет дена изјави дека Алијансата е подготвена
да развие односи со Кина кога за тоа ќе се укаже можност.
Вашингтон во 1999 година
објасни дека грешката во бомбардирањето е направена поради употреба на
застарени карти на Белград, а образложението е дека се гаѓала зграда за кое се
сметало дека е седиште на југословенската администрација.
Во бомбардирањето на кинеската
амбасада загинаа три лица, а беа повредени 20.
/крај/бе/ам
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Силен земјотрес ја погоди Франција
Франција денеска ја погоди земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтеровата скала, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).
Епицентарот на земјотресот бил на 10 километри југоисточно од градот Тарбес и 120 километри југозападно од Тулуз, на длабочина од четири километри, се наведува на веб-страницата ЕМСЦ.
Засега нема информации за повредени или материјална штета.
Uncategorized
Сончево и топло со мала до умерена облачност, попладне нестабилно време со пороен дожд и грмежи
Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне наместа, особено во северните делови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а ќе има и услови за краткотрајно невреме со силен ветер и изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 14, а максималната ќе достигне од 24 до 29 степени.
Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а ќе има и услови за краткотрајно невреме. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 27 степени.
Во следните денови ќе се задржи топло време, но во попладневните часови наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има услови процесите да бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме, со силен ветер, интензивен пороен дожд и изолирана појава на град.
Uncategorized
Претежно облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд
Времето денеска ќе биде претежно облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд. Попладне наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 20 л/м2), локално поројни и проследени со грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 15, а максималната ќе достигне од 13 до 19 степени.
Во Скопје претежно облачно со повремени врнежи од дожд, особено попладне кога во делови од котлината ќе бидат поројни. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 18 степени.
До четврток ќе преовладува променливо облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд и ретка појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец (над 60 км/час). Пораст на температурата се очекува кон крајот на седмицата.