Uncategorized
Путин – на потег е Буш
Односите меѓу
Русија и САД значително би се подобрила доколку Вашингтон го прифати предлогот
на Москва за американскиот антиракетен штит.
Односите меѓу
Русија и САД значително би се подобрила доколку Вашингтон го прифати предлогот
на Москва за американскиот антиракетен штит.
Ова денеска го изјави рускиот
претседател Владимир Путин за време на неговата посета на Гватемала, а по неодамнешните
разговори со американскиот претседател Џорџ Буш.
„Сметам дека ако САД би ги прифатиле
нашите предлози, тоа постепено, но, сигурно би ја подобрило меѓународната
безбедност. Пред се, тоа би ја изменила природата на нашите односи, а таа
природа сигурно ќе има стратешки карактер“, рече Путин на заедничка прес
конференција со претседателот на Гватемала Оскар Бергер.
Ставовите на Москва и Вашингтон се
разидуваат по неколку меѓународни прашања, како што се антиракетниот штит, статусот
на Косово и санкциите поврзани со иранското нуклеарно прашање.
Споменувајќи ги руските предлози,
Путин повтори дека е потребен поширок систем за противракетна одбрана во
Европа.
Русија ја предлага радарската база
во Азербејџан и отворање центри за размена на информации во Москва и во Брисел.
„Свесни сме дека е тешко, или, дури
невозможно САД брзо да одговорат на нашите предлози. Реакцијата на Буш ми се
чини дека беше позитивна. Сега чекам конечен одговор“, изјави рускиот
претседател Путин.
/крај/онаса/ег
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Силен земјотрес ја погоди Франција
Франција денеска ја погоди земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтеровата скала, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).
Епицентарот на земјотресот бил на 10 километри југоисточно од градот Тарбес и 120 километри југозападно од Тулуз, на длабочина од четири километри, се наведува на веб-страницата ЕМСЦ.
Засега нема информации за повредени или материјална штета.
Uncategorized
Сончево и топло со мала до умерена облачност, попладне нестабилно време со пороен дожд и грмежи
Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне наместа, особено во северните делови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а ќе има и услови за краткотрајно невреме со силен ветер и изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 14, а максималната ќе достигне од 24 до 29 степени.
Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а ќе има и услови за краткотрајно невреме. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 27 степени.
Во следните денови ќе се задржи топло време, но во попладневните часови наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има услови процесите да бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме, со силен ветер, интензивен пороен дожд и изолирана појава на град.
Uncategorized
Претежно облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд
Времето денеска ќе биде претежно облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд. Попладне наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 20 л/м2), локално поројни и проследени со грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 15, а максималната ќе достигне од 13 до 19 степени.
Во Скопје претежно облачно со повремени врнежи од дожд, особено попладне кога во делови од котлината ќе бидат поројни. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 18 степени.
До четврток ќе преовладува променливо облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд и ретка појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец (над 60 км/час). Пораст на температурата се очекува кон крајот на седмицата.