Uncategorized
Русија го смета Луговој за еден од осомничените за убиството на Литвиненко
Русија го смета
бившиот агент на КГБ Андреј Луговој како еден од осомничените во аферата на
труењето на бившиот агент Александар Литвиненко, соопшти портпаролот на Кремљ.
Русија го смета
бившиот агент на КГБ Андреј Луговој како еден од осомничените во аферата на
труењето на бившиот агент Александар Литвиненко, соопшти портпаролот на Кремљ.
Велика Британија,
од своја страна, го смета Луговој за главен осомничен за труењето и смртта на
Литвиненко, бивш руски агент и голем критичар на Кремљ, кој умре минатата
година во Лондон.
„Го сметаме за
еден од осомничените. Руските истражни органи ги проверуваат сите траги во таа
афера и водат истрага за него“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков.
По одбивањето на
Москва да го испорача Луговој, Велика Британија протера четворица руски
дипломати, на што Русија одговори со слични мерки.
Според Песков,
Русија од Британија не ја добила соодветната документација од истрагата за да
ја утврди одговорноста на Луговој.
Русија тврди дека
е подготвена да му суди на Луговој доколку Британците ја докажат неговата вина,
но одбива да го испорача повикувајќи се на рускиот устав кој не дозволува
екстрадиција на руски државјани.
/крај/хн/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Мицкоски на средба со австрискиот амбасадор Памер: Идната влада ќе работи на уште позасилена соработка на економско поле помеѓу двете држави
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, заедно со потпретседателот Тимчо Муцунски денеска оствари средба со австрискиот амбасадор Мартин Памер.
Мицкоски му се заблагодари на Памер за поддршката што Македонија ја добива од Австрија на патот на евроинтеграциите.
Одличните односи помеѓу Македонија и Австрија на економско поле ќе бидат дополнително унапредувани и поттикнувано во наредниот период, истакна Мицкоски.
Воедно, беше потенциран и планот за борбата против корупцијата и криминалот, кои ќе бидат високо на агендата на идната влада.
Uncategorized
Силен земјотрес ја погоди Франција
Франција денеска ја погоди земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтеровата скала, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).
Епицентарот на земјотресот бил на 10 километри југоисточно од градот Тарбес и 120 километри југозападно од Тулуз, на длабочина од четири километри, се наведува на веб-страницата ЕМСЦ.
Засега нема информации за повредени или материјална штета.
Uncategorized
Сончево и топло со мала до умерена облачност, попладне нестабилно време со пороен дожд и грмежи
Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне наместа, особено во северните делови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а ќе има и услови за краткотрајно невреме со силен ветер и изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 14, а максималната ќе достигне од 24 до 29 степени.
Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а ќе има и услови за краткотрајно невреме. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 27 степени.
Во следните денови ќе се задржи топло време, но во попладневните часови наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има услови процесите да бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме, со силен ветер, интензивен пороен дожд и изолирана појава на град.