Uncategorized
Путин предупредува да не се нарушува стабилноста на Русија
Рускиотпретседател Владимир Путин денеска изјави дека нема да им дозволи на другитедржави да ја нарушат стабилноста на Русија што ја очекуваат парламентарниизбори.
Рускиотпретседател Владимир Путин денеска изјави дека нема да им дозволи на другитедржави да ја нарушат стабилноста на Русија што ја очекуваат парламентарниизбори.
“Сторивме се даја зачуваме Русија од мешање во внатрешните прашања и цврсто да ја ставиме напатот кон развојот“, рече Путин пред странските дипломати и официјалнипретставници во Кремљ.
Според него,Русија “нема да дозволи тој процес да се менува од надвор“.
Рускиотпретседател, пред два дена, ги обвини САД дека влијаат врз одлуката наОрганизацијата за европска безбедност и соработка (ОБСЕ) да се повлечат одРусија и така да се обидат да ја оспорат легитимноста на изборите закажани за2.декември.
Путин тврди деканеговите домашни противници сакаат низ Русија да шират хаос и оти со “шетање поамбасади“ очекуваат поддршка на странски влади.
“Ја знаемевредноста на вистинската демократија и сакаме да спроведеме чесни,транспарентни и што е можно поотворени избори. Сигурни сме дека ќе имаме таквиизбори“, рече Путин.
Рускиотпретседател укажа и дека употребата на сила не е ефикасно средство вомеѓународните односи. “Убеден сум дека денес, ниту еден регионален проблем неможе да биде решен со употреба на сила, било да се работи за Косово, или Иранили Судан“, додаде Путин.
/крај/бе/ис
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Силен земјотрес ја погоди Франција
Франција денеска ја погоди земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтеровата скала, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).
Епицентарот на земјотресот бил на 10 километри југоисточно од градот Тарбес и 120 километри југозападно од Тулуз, на длабочина од четири километри, се наведува на веб-страницата ЕМСЦ.
Засега нема информации за повредени или материјална штета.
Uncategorized
Сончево и топло со мала до умерена облачност, попладне нестабилно време со пороен дожд и грмежи
Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне наместа, особено во северните делови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а ќе има и услови за краткотрајно невреме со силен ветер и изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 14, а максималната ќе достигне од 24 до 29 степени.
Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а ќе има и услови за краткотрајно невреме. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 27 степени.
Во следните денови ќе се задржи топло време, но во попладневните часови наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има услови процесите да бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме, со силен ветер, интензивен пороен дожд и изолирана појава на град.
Uncategorized
Претежно облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд
Времето денеска ќе биде претежно облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд. Попладне наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 20 л/м2), локално поројни и проследени со грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 15, а максималната ќе достигне од 13 до 19 степени.
Во Скопје претежно облачно со повремени врнежи од дожд, особено попладне кога во делови од котлината ќе бидат поројни. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 18 степени.
До четврток ќе преовладува променливо облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд и ретка појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец (над 60 км/час). Пораст на температурата се очекува кон крајот на седмицата.