Uncategorized
ОН за глобалната криза со храната
Дводневенсостанок на Обединетите нации (ОН), посветен на светската криза со храната ќезапочне денеска во Берн, со кој што ќе претседава генералниот секретар на ОН,Бан Ки Мун.
Дводневенсостанок на Обединетите нации (ОН), посветен на светската криза со храната ќезапочне денеска во Берн, со кој што ќе претседава генералниот секретар на ОН,Бан Ки Мун.
„Светската кризасо храната и решенијата кои што ОН можат да го донесат ќе бидат во центарот наразговорите зад затворени врати“, најави портпаролката на ОН, Елена Пономарева.
Почетнитепресметки на Светската програма за храна при ОН, која што редовно помага од 80до 90 милиони луѓе во светот, изнесувале 3,1 милијарди долари, но сега мора дасе надополни со 755 милиони долари, само поради растот на цената на храната.
Потребни се уште418 милиони долари за „нови 2,5 милиони гладни луѓе“ во Авганистан, за ирачкитебегалци во Сирија и на други места во светот.
ОН ја повикаамеѓународната заедница да се мобилизира против „тивкото цунами“, како што јанарече глобалната криза на храна.
Поради гладот,изминатите неколку месеци избија немири во бројни држави во Африка, Азија и наКарибите, по растот на цените на земјоделските производи.
/крај/хи/амп
Copyright
2008
makfax
. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати илиемитува, во целина или во делови, без договор со makfax.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Силен земјотрес ја погоди Франција
Франција денеска ја погоди земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтеровата скала, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).
Епицентарот на земјотресот бил на 10 километри југоисточно од градот Тарбес и 120 километри југозападно од Тулуз, на длабочина од четири километри, се наведува на веб-страницата ЕМСЦ.
Засега нема информации за повредени или материјална штета.
Uncategorized
Сончево и топло со мала до умерена облачност, попладне нестабилно време со пороен дожд и грмежи
Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне наместа, особено во северните делови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а ќе има и услови за краткотрајно невреме со силен ветер и изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 14, а максималната ќе достигне од 24 до 29 степени.
Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а ќе има и услови за краткотрајно невреме. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 27 степени.
Во следните денови ќе се задржи топло време, но во попладневните часови наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има услови процесите да бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме, со силен ветер, интензивен пороен дожд и изолирана појава на град.
Uncategorized
Претежно облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд
Времето денеска ќе биде претежно облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд. Попладне наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 20 л/м2), локално поројни и проследени со грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 15, а максималната ќе достигне од 13 до 19 степени.
Во Скопје претежно облачно со повремени врнежи од дожд, особено попладне кога во делови од котлината ќе бидат поројни. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 18 степени.
До четврток ќе преовладува променливо облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд и ретка појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец (над 60 км/час). Пораст на температурата се очекува кон крајот на седмицата.