Uncategorized
ЕУ не се согласи за мандатот за партнерство со Русија
Европската унија (ЕУ) неуспеа да се согласи за мандатот за започнување разговори за партнерство соРусија.
Европската унија (ЕУ) неуспеа да се согласи за мандатот за започнување разговори за партнерство соРусија.
Ова синоќа во Луксембург го изјави министерот за надворешни работи наЛуксембург Жан Аселбор. Причина е барањето на Литванија на безбедносни гаранциипо прашањето за енергетика и други области.
“Малку сме блокирани“, рече Аселбор, додавајќи дека претставници на Словенија,претседавач со ЕУ, ќе отпатуваат во Литванија на натамошни консултации.
Според шефот на дипломатија на Литванија Петрас Вајтиекунас, неговата Влада е“подготвена на компромис“ ако Русија го поправи нафтоводот што води конлитванската рафинерија, и мирно да го реши “замрзнатиот конфликт“ во Грузија идругите бивши советски републики.
ЕУ сака Русија да стане членка на “стратешкото партнерство“ што се однесува доширокиот обем на економски и политички прашања. Комисијата и натаму се надевадека на Самитот со Русија во јуни формално ќе започнат преговори за стратешкопартнерство.
/крај/бе/ис
Copyright
2008
makfax
. Сите права се задржани. Текстовне смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со makfax.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Мицкоски на средба со австрискиот амбасадор Памер: Идната влада ќе работи на уште позасилена соработка на економско поле помеѓу двете држави
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, заедно со потпретседателот Тимчо Муцунски денеска оствари средба со австрискиот амбасадор Мартин Памер.
Мицкоски му се заблагодари на Памер за поддршката што Македонија ја добива од Австрија на патот на евроинтеграциите.
Одличните односи помеѓу Македонија и Австрија на економско поле ќе бидат дополнително унапредувани и поттикнувано во наредниот период, истакна Мицкоски.
Воедно, беше потенциран и планот за борбата против корупцијата и криминалот, кои ќе бидат високо на агендата на идната влада.
Uncategorized
Силен земјотрес ја погоди Франција
Франција денеска ја погоди земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтеровата скала, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).
Епицентарот на земјотресот бил на 10 километри југоисточно од градот Тарбес и 120 километри југозападно од Тулуз, на длабочина од четири километри, се наведува на веб-страницата ЕМСЦ.
Засега нема информации за повредени или материјална штета.
Uncategorized
Сончево и топло со мала до умерена облачност, попладне нестабилно време со пороен дожд и грмежи
Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне наместа, особено во северните делови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а ќе има и услови за краткотрајно невреме со силен ветер и изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 14, а максималната ќе достигне од 24 до 29 степени.
Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а ќе има и услови за краткотрајно невреме. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 27 степени.
Во следните денови ќе се задржи топло време, но во попладневните часови наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има услови процесите да бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме, со силен ветер, интензивен пороен дожд и изолирана појава на град.