Uncategorized
Урнати над 420 илјади куќи во два нови земјотреси во Кина
Над 420 илјади куќи се урнаа во југозападнатакинеска провинција Сечуан во двата нови потреси што вчера повторно ја погодијапровинцијата по силниот земјотрес од 12. мај.
Над 420 илјади куќи се урнаа во југозападнатакинеска провинција Сечуан во двата нови потреси што вчера повторно ја погодијапровинцијата по силниот земјотрес од 12. мај.
Урнатите куќи се наоѓаат во областа Кингчуан, јавија кинеските агенции,повикувајќи се на податоци од локалниот центар за помош од природни катастрофи.
Над 180 потреси на тлото со јачина од четири степени по Рихтер во понеделникотсе почувствувани само во Сечуан, додека вчера провинцијата ја потресоа два земјотресисо јачина од 5,4 и 5,7 степени со временска разлика од половина час.
Околу 67 илјади луѓе загинаа во земјотресот со јачина од речиси осум степени поРихтер што пред две седмици ја погоди густо населената провинција Сечуан.
Кинескитевласти претходно најавија евакуација на близу 80,000 луѓе, кои се во опасност од поплави како последица насвлечишта по земјотресот
Ворамките на итниот план за намалување за една третина на нивото на езеротоТанчишан ќе бидат дислоцирани вкупно 150,000 луѓе, јави агенцијата Ксинхуа.
Нивотона водата во езерото постојано се зголемува и има опасност да предизвикапоплави.
/крај/
бг/хн/амп/ил
Copyright
2008
makfax
. Ситеправа се задржани. Текстов не смее да се печатиили емитува, во целина или во делови, без договор со makfax.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Силен земјотрес ја погоди Франција
Франција денеска ја погоди земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтеровата скала, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).
Епицентарот на земјотресот бил на 10 километри југоисточно од градот Тарбес и 120 километри југозападно од Тулуз, на длабочина од четири километри, се наведува на веб-страницата ЕМСЦ.
Засега нема информации за повредени или материјална штета.
Uncategorized
Сончево и топло со мала до умерена облачност, попладне нестабилно време со пороен дожд и грмежи
Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне наместа, особено во северните делови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а ќе има и услови за краткотрајно невреме со силен ветер и изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 14, а максималната ќе достигне од 24 до 29 степени.
Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а ќе има и услови за краткотрајно невреме. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 27 степени.
Во следните денови ќе се задржи топло време, но во попладневните часови наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има услови процесите да бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме, со силен ветер, интензивен пороен дожд и изолирана појава на град.
Uncategorized
Претежно облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд
Времето денеска ќе биде претежно облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд. Попладне наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 20 л/м2), локално поројни и проследени со грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 15, а максималната ќе достигне од 13 до 19 степени.
Во Скопје претежно облачно со повремени врнежи од дожд, особено попладне кога во делови од котлината ќе бидат поројни. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 18 степени.
До четврток ќе преовладува променливо облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд и ретка појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец (над 60 км/час). Пораст на температурата се очекува кон крајот на седмицата.