Uncategorized
Груевски се подготвува за што побрзо да формира нова Влада
Откако Дравната изборна комисија прогласи победа на ВМРО-ДПМНЕ на предвремените парламентарни избори, членовите, симпатизерите и поддржувачите победата ја прославија пред седиштето на партијата во Скопје, каде им се обрати лидерот Никола Груевски, кој рече дека треба што поскоро да се формира новата влада.
„Оваа победа е заедничка победа на сите членови на ВМРО-ДПМНЕ но и на сите граѓани на Македонија. Без вас немаше да победиме денеска иако се почека подолго да ги чуеме конечните резултати сепак еве доцна навечер ДИК ги објави иако со невообичаено доцнење. На крај најдоа сили да ги објават конечните резултати со кои се гледа дека ВМРО-ДПМНЕ и коалиција однесе десетта победа и поддршка од мнозинството граѓани на Македонија“, рече Груевски.
Во меѓувреме, додаде тој, имаме и честитки од високи претставници на ЕУ кои ја честита победата и од опозицијата побараа да биде актива а од нас да формираме влада.
„Ќе пристапиме веднаш кон преговори за формирање на влада и конечно да заврши кризата, бидејќи на народот му е преку глава од кризата. Да се вратиме на патеки од економија отворање на нови работни места, проекти со кои ќе се решаваат сите проблеми на граѓаните. Ќе бидеме фокусирани да се намали јазот помеѓу граѓаните. СДСМ во желба да не победи внесе многу гнев и јаз помеѓу македонскиот народ и граѓаните на Македонија и различните етнички заедници. Јас лично и новата влада ќе работиме на намалување на тој јаз и заедно сите граѓани на Македонија ќе ја градиме Македонија како земја со поголеми работни места стандард и држава која ќе се движи кон Европската унија. Благодарност, без вас ова немаше да биде можно“, рече Груевски./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Бајден: Знаеме кои сме, време е да му го покажеме тоа на светот и на самите себе
Џо Бајден им се придружи на американските претседатели од редовите на Демократската партија во осудата на смртоносната пукотница во Минеаполис. Коментирајќи ја веста дека федералните агенти го убиле 37-годишниот медицински техничар Алекс Прети, Бајден рече дека чинот претставува „предавство на најосновните вредности на Американците“.
Во изјавата во која се повикува на уставното право на правична постапка, Бајден рече: „Ние не сме земја што пука во своите граѓани на улица. Ние не сме земја што дозволува бруталност врз граѓаните за остварување на нивните уставни права. Ние не сме земја што го гази Четвртиот амандман и толерира тероризирање на нашите соседи“.
„Луѓето од Минесота нè потсетија на сè што значи да се биде Американец, а тие веќе претрпеа премногу под оваа администрација. Насилството и теророт немаат место во САД, особено кога нивната сопствена влада ги таргетира американските граѓани“, додаде тој.
Во малку прикриена критика кон Доналд Трамп, чија администрација се соочува со растечки критики за тактиките за имиграција, Бајден истакна: „Никој не може да го уништи она за што се залага и во што верува Америка, дури ни претседателот, ако ние, целата Америка, се заложиме и проговориме“.
„Знаеме кои сме. Време е да го покажеме тоа на светот. Уште поважно, време е да го покажеме и на самите себе“, истакна тој. Тој повика на „целосни, фер и транспарентни“ истраги за „бесмислените“ убиства на Прети и Рене Гуд.
Изјавата на Бајден следува по осудите што ги упатија претходно Барак Обама и Бил Клинтон. И двајцата ги повикаа Американците да проговорат и предупредија дека основните американски вредности се нападнати по засилената репресија на администрацијата на Трамп против имиграцијата во Минеаполис.
По напуштањето на функцијата, Бајден претежно се држеше подалеку од јавноста. Тој моментално се лекува од рак на простата и е ангажиран во пишување мемоари и развивање на претседателската библиотека.
Неговите изјави доаѓаат во време кога многу демократи се незадоволни од неговата одлука да остане претседателски кандидат на партијата долго време во текот на изборниот циклус во 2024 година, потег што критичарите го оценија како ослабување на моментумот на партијата.
Бајден на крајот ѝ ја отстапи номинацијата на потпретседателката Камала Харис, која Трамп ја победи и освои втор мандат во Белата куќа.
Uncategorized
Најдено тело на четиригодишно дете кое паднало oд брод со мигранти
Крајбрежната стража на Грција вчеравечер уапси маж кој со брод се обидел да избега додека криумчарел мигранти, додека пак пред два дена, по дојава дека биле истоварени мигранти кај Икарија, властите пронашле тело на четиригодишно дете.
Патрола на крајбрежната стража го забележала бродот како се движи со голема брзина кон западниот брег на Хиос, по што започнала потера, а криумчарот отишол кон плажата Гларој каде ги „истоварил“ сите патници кои избегали.
Подоцна, Крајбрежната стража и локалната полиција подоцна пронајдоа 16 мажи, 11 жени и девет деца, по што биле однесени во прифатен центар на Хиос.
Uncategorized
Возило паднало во водите на реката Радика, има загинати, во прекин сообраќајот Маврово-Дебар
Патничко моторно возило попладнево паднало во реката Радика, на локација кај Манастирот „Св. Јован Бигорски“.
„Од 18:30 часот, сообраќајот на регионалниот пат Маврово -Дебар е во прекин поради извлекување на патничко моторно возило од сообраќајната незгода со загинати лица од водите на реката Радика во близина на Манастирот св.Јован Бигорски, соопшти АМСМ.

