Uncategorized
Празнични донации на ЕВН Македонија
Енергетската компанија ЕВН Македонија традиционално на крајот од годината ја реализира седмицата на празнични донации, во чии рамки во понеделникот беа доделени пакети со храна за народната кујна на Македонската православна црква и над 150 пакети со прехранбени производи за социјално загрозените семејства од православна и исламска вероисповед.
„Во текот на целата година преку разни проекти ЕВН Македонија им помага на ранливите категории граѓани, но овие донации се симболична порака дека и кога им е потребна помош и кога треба да се прослави ние сме со нив“, рече портпаролот на ЕВН Македонија Атанас Ковачевски.
„Се надеваме дека овие продукти ќе ја надополнат нивната празнична трпеза“, додаде Ковачевски.
„Во народната кујна во црквата „Св. Петар и Павле” во населбата Ѓорче Петров топол оброк земаат 150 лица. За нив оваа донација е добредојдена“, вели отец Ивица Тодоров, парохиски свештеник за Црковнито одбор „Св. Апостоли Петар и Павле“.
„Пакетите со прехранбени производи ќе ги однесеме кај социјално загрозените семејства кои немаат можност да ја посетат кујната“, додаде отец Тодоров.
Претседателот на хуманитарната организација Хилал при Исламската верска заедница, Мустафа Даути. се заблагодари на донацијата. Тој посочи дека традицијата на делење на празнични донации заедно со ЕВН им значи многу на ранливите семејства.
„Посакувам нашето партнерство да продолжи и натаму, но да имаме се помалку семејства кои ќе имаат потреба од донации“.
До крајот на седмицата ЕВН Македонија заедно со Црвениот крст на Македонија ќе организира заедничка хуманитарна акција „Да споделиме радост“. Претстава и новогодишни пакетчиња се подготвени за над 300 деца од ранливите категории во повеќе градови од земјава.
Празничната недела ќе заврши со учеството на ЕВН во манифестацијата „Новогодишните бои на Скопје“ каде корисниците кои ќе победат на конкурсот за најубаво украсен двор, куќа, тераса и угостителски објект ќе бидат наградени со еднократно ослободување од плаќање на декемвриската сметка за електрична енергија./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Возило паднало во водите на реката Радика, има загинати, во прекин сообраќајот Маврово-Дебар
Патничко моторно возило попладнево паднало во реката Радика, на локација кај Манастирот „Св. Јован Бигорски“.
„Од 18:30 часот, сообраќајот на регионалниот пат Маврово -Дебар е во прекин поради извлекување на патничко моторно возило од сообраќајната незгода со загинати лица од водите на реката Радика во близина на Манастирот св.Јован Бигорски, соопшти АМСМ.
Uncategorized
(Видео) Владата ги намали парите за загаден воздух за 50 отсто во споредба со лани, рече Лукаревска и праша кои конкретни мерки се преземени
Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, на денешната седница посветена на пратенички прашања го праша министерот за животна средина и просторно планирање, Мухамед Хоџа, за кратењето на буџетските средства за заштита на животната средина и за тоа како Владата планира да се справи со аерозагадувањето кога од година на година ги намалува средствата за оваа намена.
„Во ребалансот на буџетот за 2025 година – заштитата на животната средина како функција на државата има евидентно намалување на буџетските средства за 13,4 % во износ од 868 милиони денари помалку сведувајќи се од 6,4 милијарди на речиси 5,6 милијарди денари за фискалната година. Најголемата промена е во ставката – намалување на загадувањето, каде што првично планираните 3,2 милијарди денари се сведуваат на 2,6 милијарди денари, што претставува приближно 19 % намален буџет, а во однос на претходната година планирано е тој да се намали за 48,2 %, тоа е речиси 50 %“, рече Лукаревска.
Таа нагласи дека е несвојствено да се кратат средства за области кои се рак рана на општеството и изрази загриженост за тоа како ќе се справиме со загадувањето, кој ќе биде третманот за отпадни води, како ќе ја заштитиме природата, каков квалитет на воздухот ќе имаме, како ќе се зајакне надзорната функција на Државниот инспекторат за труд и како ќе се унапредува животната средина.
„Моето прашање е кои конкретни мерки ги преземате како Влада, односно како ресорно министерство во борбата против аерозагадувањето имајќи го предвид фактот дека од година на година со секој буџет и ребаланс на буџетот ги намалувате средствата за справување со овој огромен проблем ?“, праша Лукаревска.
Лукаревска постави прашање и до министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, за неисполнувањето на обврските од реформската агенда, односно обврските за три реформи, кои се однесуваат на подобрување на деловната клима за малите и средните претпријатија.
Uncategorized
Израелски напад врз училиште во Појасот Газа
Петмина Палестинци загинаа при израелскиот напад врз училиште во квартот Ал Туфа, источно од градот Газа, каде се сместени раселени лица.
Помеѓу загинатите има и деца. При нападот повредени се и повеќе лица кои се хоспитализирани.
Израелската армија соопшти дека неколку осомничени лица се идентификувани надвор од обележаната линија за прекин на огнот и оти отвориле оган врз нив.
Хамас нападот го оцени како „брутално злосторство“ и уште едно кршење на Договорот за прекин на огнот.
Според палестинското Министерство за здравство во Газа, од стапувањето во сила на Договорот за прекин на огнот, убиени се 400 Палестинци.

