Контакт

Uncategorized

Тревога за бомба во авион на „Туркиш ерлајнс“ на скопскиот аеродром со кој требало да патува претседателот Иванов

Објавено пред

Во средата вечерта е примена дојава за поставена бомба во авион на комерцијален лет на турската воздухопловна компанија „Туркиш ерлајнс“ со кој требало да патува за Истанбул претседателот Ѓорѓе Иванов во Истанбул, по што на скопскиот аеродром „Александар Велики“ се испратени екипи на Министерството за внатрешни работи и на Управата за безбедност и контратразузнавање.

dobivaj vesti na viber

Според засега неофицијални информации, првичните сознанија и покрај незавршените проверки на аеродромот, станува збор за лажна тревога. Имено, бил пронајден мобилен телефон без сопственик во авионот кој требало да лета за Истанбул. Медиумите пренесуваат дека телефонот без сопственик бил пронајден непосредно пред летот, по што пилотот донел одлука да не ризикува.

Последните информации укажуваат дека на стотината патници и на државната делегација предводена од претседателот Иванов им било дозволено по 22 часот да полетаат за Истанбул, но има и информации дека шефот на државата за турската метропола ќе отпатува со друг лет.

Од скопскиот аеродром велат дека во моментов сообраќајот на „Александар Велики“ се одвива според вообичаениот распоред./крај/мф

Uncategorized

Средба на претседателот Африм Гаши со италијанскиот амбасадор Андреа Силвестри

Објавено пред

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, денеска оствари средба со Андреа Силвестри, амбасадор на Италијанската Репубика во РС Македонија.

dobivaj vesti na viber

Амбасадорот Силвестри му го честиташе изборот на Гаши за претседател на Собранието, како претседател избран со забележителен број гласови, посакувајќи му успешна работа и подвлекувајќи го демократскиот механизам на самиот избор. Притоа, му врачи честитка од претседателот на Италијанскиот сенат, Игнацио ла Русa, со желби за успех во натамошната работа.

Претседателот Гаши го запозна амбасадорот со тековните активности на законодавниот дом, претстојното формирање на комисиите и другите работни тела, и очекувањето за брзо формирање на новата Влада. Истакна дека како одговорен претседател ќе остане отворен за соработка со сите политички партии претставени во Собранието, бидејќи сите треба да работат за доброто на граѓаните и државата во целина. Во контекст на билатералната соработка меѓу двете земји, претседателот истакна дека високо ја вреднува соработката со пријателска Италија, земја силен поддржувач на РС Македонија на евроинтеграцискиот пат.

Амбасадорот Силвестри го информираше претседателот за постојните релации на планот на меѓупарламентарната соработка и изрази надеж дека успешната соработка ќе продолжи и во иднина по формирањето на пратеничката група во Собранието за соработка со Италијанскиот парламент. Беше споменато и неодамнешното одблежување на 30 години од воспоставените дипломатски односи меѓу Италија и Република Северна Македонија, при што амбасадорот му подари примерок од Публикацијата отпечатена по овој повод.

Двајцата соговорници разменија мислења за идната законодавна агенда, фокусот кон евроинтеграцијата на земјата и улогата на Собранието во тој процес, задржувањето на конструктивен и пријателски однос со сите соседи и градење на мостови на соработка со земјите од целот регион.

Прикажи повеќе...

Uncategorized

Се обиделе да ограбат црква, па го нападнале клисарот: уапсени разбојници во Радовиш

Објавено пред

Вчера во 13.30 часот во Радовиш, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш ги лишиле од слобода С.Р.(37) од Република Хрватска и А.К.(37) од Радовиш.

dobivaj vesti na viber

Тие се сомничат дека околу 07.30 часот од црква во Радовиш се обиделе да одземат пари, а откако биле забележани од клисарот во црквата, А.К. физички го нападнала, а С.Р. му се заканил со остар предмет, по што го напуштиле местото.

Во службен разговор во Полициската станица Радовиш тие го признале делото, по што биле задржани. За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Прикажи повеќе...

Uncategorized

Мицкоски на средба со австрискиот амбасадор Памер: Идната влада ќе работи на уште позасилена соработка на економско поле помеѓу двете држави

Објавено пред

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, заедно со потпретседателот Тимчо Муцунски денеска оствари средба со австрискиот амбасадор Мартин Памер.

dobivaj vesti na viber

Мицкоски му се заблагодари на Памер за поддршката што Македонија ја добива од Австрија на патот на евроинтеграциите.

Одличните односи помеѓу Македонија и Австрија на економско поле ќе бидат дополнително унапредувани и поттикнувано во наредниот период, истакна Мицкоски.

Воедно, беше потенциран и планот за борбата против корупцијата и криминалот, кои ќе бидат високо на агендата на идната влада.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ13 часа

Скопјанец истепан од неколку лица пред кафеана во Аеродром, со убодни рани пренесен во болница

Вчера во СВР Скопје, 48-годишниот А.Л. од Скопје пријавил дека на 08.06.2024 пред угостителски објект на подрачјето на општина Аеродром...

Македонија14 часа

Поради високите температури, МОН препорачува основните училишта да работат со скратени наставни часови

Со оглед на високите температури кои ја зафатија територијата на Република Северна Македонија, а имајќи предвид дека наставната година за...

Македонија16 часа

Мицкоски: Македонија во фуриозен стил ќе биде дел од европското семејство, ќе го откочиме патот

Мандатарот за состав на нова влада, Христијан Мицкоск, очекува Македонија фуриозно да влезе во Европската Унија. Одговарајќи на новинарско прашање...

Македонија16 часа

Мицкоски: Лога ја урна довербата во судството, а следната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе се обиде да ја зголеми

Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ на новинарско прашање поврзано со изјавата на Кренар Лога дека предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за распуштање...

Македонија17 часа

Искинати кабли, уништени огради, детските игралишта навечер се места за пиење алкохол, Герасимовски апелира на подигање на свеста

Во текот на изминатите денови непознати сторители уништиле дел од урбаната опрема во Капиштец, на Водно и во Дебар Маало....

Македонија18 часа

Левицата: Партнерот на Мицкоски, Африм Гаши, одби амандман затоа што не пишува „Северна“

Новиот претседател на Собранието на Република Македонија избран со гласовите од пратениците на ДПМНЕ, ЗНАМ и ВЛЕН – Африм Гаши,...

Македонија20 часа

ОЈО ги повлече основните две-три обвиненија против Цветан Панделевски за случајот „Империја“

Обвинителството мината недела донесе одлука да се повлече од двете дела против Цветан Панделевски во случајот „Империја“. OJO со овој...

Македонија20 часа

Хан: Ме загрижува случајот со Северна Македонија, сите инволвирани страни да се држат до договорот од Преспа

Јоханес Хан, еврокомесарот за буџет и администрација, го изрази својот поттик до сите страни, вклучително и новата влада на Северна...

Македонија21 час

Силјановска-Давкова се сретна со германскиот претседател Штајнмајер: разменети мислења и очекувања за спроведување на реформите на евроинтегративниот пат

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова вчеравечер присуствуваше на приемот, што за учесниците на Конференцијата за обнова на Украина во Берлин го...

Регион21 час

Во Грција најавени пеколни горештини: затворија и училиштата

Во Грција денеска се најавени пеколни горештини, а многу високите температури, според најавите, ќе траат до викендот. Највисоки температури се...

Македонија2 дена

МЗ: Паднатиот потпорен ѕид позади Детската клиника е изграден на државно земјиште, а Министерството нема прибележано право за трајно користење на тоа земјиште

Министерството за здравство информира дека во случајот со паднатиот потпорен ѕид позади Клиниката за детски болести истиот е изграден на...

Македонија2 дена

Агелер го пофали Мицкоски на енергетскиот форум: Вашето присуство дава многу важна порака за навигација на енергетскиот пејзаж

Енергетската сигурност и зелената енергија се два суштински приоритета што треба да ги надминат партиските политики, рече денес амбасадорката на...

Македонија2 дена

Деспотовски ги повика кандидатите за претседател на СДСМ да се соочат на дебата: Охрабрува тоа што моите колеги ги промовираат клучните точки од мојата програма

Јован Деспотовски ги повика уште еднаш сите кандидати за претседател на СДСМ да му се придружат на јавна дебата, на...

Економија2 дена

Мицкоски најави инвестиција во енергетиката: Нов ветропарк помеѓу Карбинци, Штип и Радовиш за производство на електрична енергија

„Кога се работи за енергетската транзиција треба да имаме предвид дека е сложена и доста скапа таа транзиција. Секогаш кога...

Скопје2 дена

Герасимовски: Да беше наша надлежност, ѕидот одамна ќе беше саниран

Општина Центар остро ги демантира наводите и шпекулациите дека санацијата на потпорниот ѕид на Клинички Центар и улица „Белградска“ се...

Регион2 дена

(Видео) Маж се полеа со бензин и се запали пред зградата на хрватската влада

Околу 9.40 часот пред оградата на јужната страна на плоштадот Свети Марко во Загреб, пред зградата на хрватската влада, непознато...

Регион2 дена

Неколку земјотреси го погодија Крит, најсилниот со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала

Неколку земјотреси, од кои најсилниот беше со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала, утрово за краток временски период го...

Македонија2 дена

20-годишник тешко повреден во сообраќајна несреќа синоќа на булеварот Србија

Синоќа се случи тeшка сообраќајна незгода на булевар Србија. „На 10.06.2024 околу 21.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на...

Свет2 дена

Стотици животни загинаа во пожар на познат тајландски пазар

Неколку стотици животни во кафези загинаа во пожар на пазарот Чатучак во Бангкок, еден од најпознатите пазари во Тајланд, соопштија...

Регион2 дена

Осум лица се повредени кога автобус излетал од патот во општина Лазаревац

Осум лица се повредени кога автобусот на Ласта излетал од патот на територијата на општина Лазаревац, соопштија за Танјуг во...