Контакт

Uncategorized

Во Брисел уапсен тинејџер со хемикалии за производство експлозиви

Објавено пред

Белгиската полиција во вторникот ноќта во Брисел уапсила тинејџер кај кого се откриени хемикалии, кои инаку се наоѓаат во слободна продажба, од кои според инструкции од интернет сакал да направи експлозивна направа, пренесе во средата телевизија RTBF.

dobivaj vesti na viber

Полициска патрола одлучила да ги провери личните документи на четворица тинејџери кои ги затекнала на градилиште во емигрантската општина Моленбек, каде се забавувале играјќи со противпожарни апарати. Кај едниот од нив е пронајден ранец во кој имало хемиски супстанции од кои може да се произведат експлозиви. Бил приведен во полициската станица на сослушување, а во неговиот дом бил направен претрес.

„Такви материјали биле најдени и во неговата соба. Тие се во достапни во слободна продажба во продавници за градежни материјали. Момчето не покажувал никакви знаци на радикализирање и, според него, немал никакви терористички намери“, соопшти во средата белгиското сојузно обвинителство.

Според соопштението, тинејџерот „барал на YouTube видео со појаснувања како да се направи бомба или Молотов коктел, бидејќи тој сакал да го имитира она што го гледал во видеоигрите.

Обвинителството, кое дејствува по предмети во врска со тероризам, го отстапило предметот на истражен судија и побарало на приведениот да му биде определена мерка за престој во институција од затворен тип./крај/мф/сн

Uncategorized

Османи на брифинг со граѓанскиот сектор за стратешкиот дијалог меѓу Северна Македонија и САД

Објавено пред

Во рамките на серијата средби на министерот за надворешни работи, Бујар Османи, со претставници од граѓанскиот сектор, на денешниот брифинг тој ги запозна невладините организации со значењето и придобивките од стратешкиот дијалог меѓу  Македонија и САД, лансиран во јуни минатата година во Вашингтон.

dobivaj vesti na viber

Во фокус на разговорите беа можностите за соработка со невладиниот сектор во делот на имплементацијата на планот за активности во рамките на стратешкиот дијалог, кој покрива многубројни области за соработка, како што се: борбата против корупцијата и владеењето на правото, одбрана и безбедност, трговија и инвестиции, енергетика и животна средина, но и други значајни прашања од регионален и глобален интерес.

Воедно, Османи истакна дека е предвидено споменатиот план да се имплементира од страна на разни институции во земјата во периодот од 2023 до 2033 година, при што Министерството за надворешни работи е координатор на целокупниот процес.

„Планот за активности во рамките на стратешкиот дијалог со САД содржи многубројни проекти и активности, чија реализација ќе придонесе за понатамошно поттикнување на демократските и реформските процеси, како и зајакнување на институциите, а со тоа гарантирање на целокупниот напредок на државата. Отворени сме за соработка со граѓанскиот сектор и на ова поле, што е на линија на нашата досегашна транспарентност и заложби за зајакнување на улогата на невладините организации во креирањето на надворешната политика“, заклучи Османи.

Прикажи повеќе...

Uncategorized

Украина се огласи за налогот за апсење на Путин: Оваа наредба е само почеток

Објавено пред

Високите украински функционери ја поздравија веста дека Меѓународниот кривичен суд издаде налог за апсење на Владимир Путин.

dobivaj vesti na viber

Главниот обвинител Андриј Костин рече дека одлуката е „историска за Украина и за целиот меѓународен правен систем“.

Андриј Јермак, началникот на кабинетот на украинскиот претседател Зеленски, рече дека „наредбата е само почеток“.

Прикажи повеќе...

Uncategorized

(Видео) Стојаноски: Обвинителството да отвори истрага за коруптивната шема со надзорот од 22 милиона евра

Објавено пред

Јавното обвинителство да отвори истрага и да побара запирање на работата на конзорциумот „ИРД – ЕПТИСА – Електра солушн – Евроконсалтинг“, бара опозицијата.

dobivaj vesti na viber

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, објави дека некои од фактите укажуваат на коруптивна шема на вицепремиерот Артан Груби и премиерот Димитар Ковачевски со надзорот на изградбата на коридорите 8 и 10д.

„Прво, власта распишува тендер за надзор на изградбата на коридорите 8 и 10д, тендерот го добива конзорциум воден од ИГХ, во чиј состав е Институтот за патишта – Велес на Сотир Ампов, договорот се раскинува затоа што конзорциумот не може да обезбеди банкарска гаранција поради фактот што сите пари, кои се руски, им се замрзнати.

2. Власта објавува нов тендер.

3. Во ек на постапката за доставување понуди, фирмата „Електра солушн“ на Андон Ампов, син на Сотир Ампов, вади лиценца за надзор префрлајќи вработени од фирмата на татко му кај која во првиот тендер е востановена руска врска.

4. Рокот за доставување понуди се продолжува за 8 дена. Се сè вклопува совршено, „Електра солушн“ да може да поднесе документи.

5. Покрај продолжување на рокот за поднесување понуди, се менува и условот – фирмите што ќе поднесат понуди да имаат позитивни финансиски биланси, и се овозможува и фирми загубари како ЕПТИСА да поднесат, која влегува во конзорциум со „Електра солушн“, „Евроконсалтинг“ и ИРД. Овој конзорциум го добива тендерот.

6. Шеста причина, смената на условите во постапката индицираат дека тие се направени за „ИРД – ЕПТИСА – Евроконсалтинг – „Електра солушн“.

7. ЕПТИСА е сопственост на кинеска фирма. Капиталот е во целост кинески. Менаџментот на ЕПТИСА е кинески.

8. ЕПТИСА, а преку неа Кинезите, ќе имаат увид во работата на „Бехтел“ и нивната технологија.

9. ЕПТИСА е фирмата во чиј конзорциум заедно со „Савеж“ во Ерменија бил ангажиран Бранимир Димитриевиќ, сопственик на „Евроконсалтинг“, третата фирма во конзорциумот. Бранимир Димитриевиќ во Ерменија е гонет за криминал од 1,8 милион долари. Против него е подигнато обвинение, а тој избега од Ерменија со помош на дипломати во време кога со Владата управува СДС.

Фирмата на Димитриевиќ во Македонија ќе врши надзор за криминал на иста работа. Во Ерменија тој се гони со меѓународна потерница. Криминалот го направил како одговорен на проектот на конзорциумот „Савеж – ЕПТИСА“.

Ерменската шема Димитриевиќ – ЕПТИСА, од која едниот е гонет за криминал, а фирмата е поврзана со кинески капитал, и руската врска на Ампови, кои се присутни и во двата договор, еднаш преку Институтот за патишта во Велес, другпат преку „Електра солушн“ го земаат тендерот од 22 милиона евра.

Ако ова не се доволни индиции за отворање истрага, тогаш Абази нека почека, но потоа ќе мора да одговори и зошто молчел и дали и кого штител“, рече Стојаноски.

Прикажи повеќе...

Најново

Спорт9 часа

Македонија се намачи, но ја победи Малта

Фудбалската репрезентација на Македонија ја совлада Малта со 2:1 на арената „Тодор Проески“ и со успех тргна во новите квалификации...

Македонија9 часа

Таткото на починато петгодишно девојче за последните моменти: Сакаа и втора инфузија да ѝ дадат, но кај ќе удреа со иглата крв избиваше

Стојче Христовски, таткото на починатото петгодишно девојче од битолско Кравари кое вчера почина во Клиничката болница во Битола откако прими...

Регион12 часа

48 кандидати за пратеници во Бугарија биле соработници на комунистичките тајни служби

48 кандидати за пратеници во Бугарија биле соработници на комунистичките тајни служби, пишуваат бугарските медиуми. Ова го покажуваат податоците на...

Топ15 часа

Учителка нападнала ученик во Гостивар

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Л.И. (53) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за...

Македонија17 часа

Почина шестгодишно девојче на инфузија во болницата во Битола, било примено со температура и повраќање

Шестгодишно девојче вчера почина во Клиничката болница Битола додека примало инфузија. Директорот на болницата, Александар Обедниковски, за „Макфакс“ вели дека...

Македонија18 часа

Мијалков доби конечна слобода за апсењето на Бошкоски, Апелација ја потврди пресудата

Апелациониот суд Скопје во интерес на јавноста и медиумите информира дека, постапувајќи по кривичниот предмет КЖ-274/22, во јавноста познат како...

Македонија19 часа

Османи за апсењето на Путин: Имаме недвосмислен став

Македонија ќе постапи по потерницата за апсење на рускиот претседател Владимир Путин. Ова е заклучокот од одговорот на министерот за...

Економија19 часа

Битиќи со порака до компаниите: Не стравувам од вештачко враќање на цените, граѓаните нема да ја плаќаат цената

Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, потенцира дека не стравува од вештачко враќање на цените на производите што сега се...

Македонија20 часа

(Фотовест) Преку решетки до извод од Управата на матичните книги, документи се пополнуваат на полуотшрафен дрвен шалтер

Објектот во кој е сместена Управата за водење на матичните книги во Ѓорче Петров остана непроменет. И натаму граѓаните преку...

Македонија21 час

„Си има Обвинителство“, разрешениот директор на „Идризово“ крена раце од мрежата полицајци и затвореници за копање на тунелот

Директорот на „Идризово“ во заминување, Шпенд Тахири, и самиот потврдува дека разрешувањето што го доби од Владата е последица на...

Македонија22 часа

(Видео) Запален паркиран автомобил во близина на „Илинденска“, пожарот зафатил и друго возило

Автомобил ноќеска бил запален на паркинг на булеварот Илинденска. Речиси целосно изгоре „голф“, кој бил во сопственост на 40-годишен скопјанец....

Македонија22 часа

Студентскиот отпор: Ќе ги искористиме сите механизми за остварување на целите

Сакаме да го изразиме нашето незадоволство од институциите и нивниот игнорантски, незаинтересиран однос кон студентите, кој континуирано се зголемува во...

Македонија22 часа

Од попишани 3.504 лица, само 196 Бугари ќе гласаат во Македонија на предвремените парламентарни избори во Бугарија

Бугарското министерство за надворешни работи на својата официјална странива објави дека на претстојните предвремени парламентарни избори во Бугарија од Македонија...

Европа23 часа

Гутереш: Човештвото е изложено на ризик од недостиг на чиста вода

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, рече дека човештвото е изложено на ризик од глобален недостиг на чиста вода, што...

Свет23 часа

Сијарто: Западноевропските земји не се искрени кога зборуваат за проширување на ЕУ

Министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто, изјави дека земјите од Западна Европа не се искрени кога зборуваат за...

Свет24 часа

Столтенберг: Западот мора да биде подготвен за војната за уништување на Путин

Рускиот претседател Владимир Путин нема непосредни планови за мир во Украина и затоа Западот треба уште долго да се подготвува...

Македонија1 ден

Од „Ќе видиш што ќе ти се случи“ до сечење гуми од автомобил – градоначалникот на Штип за заканите: Мислев ќе помине

Закани со зборовите „Ќе видиш што ќе ти се случи“ завршиле со сечење на гуми од автомобил. Вака градоначалникот на...

Македонија2 дена

Граѓаните критикуваат, Касами се дообјаснува: Во објавата стои многу јасно тоа што сакавме да го кажеме

Градоначалникот и лидер на БЕСА, Билал Касами, за „Макфакс“ посочува дека во објавата на социјалните мрежи не напишал дека Тетово...

Македонија2 дена

Бугарскиот клуб „Иван Михајлов“ избришан од регистарот

Бугарскиот културен клуб „Иван Михајлов“ е избришан од Централниот регистар со одлука на Министерството за правда. Клубот имаше рок да...

Македонија2 дена

Отчукува часовникот до застарување на делото на Мијлаков – остануваат 16 дена до слобода

Преостануваат 16 дена во кои Апелација треба да донесе одлука за предметот „Титаник 2“, а за на обвинетиот Сашо Мијалков...