Забава
Џулија Робертс проговори за смртта на поранешното момче Метју Пери: „Ненадејната смрт на секој кој е толку млад, е потресна
Актерката Џулија Робертс проговори за тажната судбина на нејзиното поранешно момче, легендарниот актер Метју Пери.
Таа гостуваше во емисијата за време на промоцијата на филмот, а беше прашана и за трагичната смрт на Пери.
„Ненадејната смрт на секој толку млад е потресна. Мислам дека, знаете, тоа ни помага само да го цениме она што го имаме и да продолжиме на позитивен начин колку што можеме“, изјави таа во емисијата „Entertainment Tonight“.
Инаку, тие се запознале за време на нејзиното гостување во серијата „Friends“, кога Метју ја контактирал за да стане дел од нив барем во една епизода.
Како што рекол актерот, продуцентите го замолиле да контактира со неа откако таа рекла дека ќе гостува во емисијата само доколку нејзиниот лик може да биде во приказна со Чендлер.
„Тогаш и испратив рози и напишав на хартијата: „Единствено повозбудливо од шансата да учествуваш во шоуто е што конечно имам изговор да ти испратам цвеќе. Не само што Џулија се согласи да работи во серијата, туку ми испрати и подарок, ми испрати многу пецива“, изјави Пери за „Тајмс“.
Нејзиниот договор да глуми во специјалната епизода на „Пријатели“ го поттикна она што Пери подоцна го опишува како тримесечно додворување преку дневни факсови додека работела на филмот во Франција. Кога започна снимањето на епизодата, тие веќе беа пар.
Пишувајќи во својата претстојна автобиографија „Пријатели, љубовници и големата страшна работа“, Пери открива дека тие размениле стотици пораки во деновите пред електронската пошта да стане секојдневие.
„Три или четири пати на ден седев до мојот факс и гледав како парчето хартија полека го открива нејзиното следно писмо. Бев толку возбуден што една вечер ќе се најдам на забава и ќе флертувам со атрактивна жена и ќе го завршам разговорот за да трчам дома и да видам дали пристигнал новиот факс“, раскажува актерот.
Тој и актерката на крајот започнаа врска, но Пери ја отфрли два месеци откако таа се појави во шоуто.
„Запознавањето со Џулија Робертс беше премногу за мене. Постојано бев убеден дека ќе ми раскине. Зошто да не? Не бев доволно и никогаш не можев да бидам доволен. Бев скршен, свиткан, недостоен за љубов. Затоа, наместо да се соочам со неизбежната агонија да ја загубам, раскинав со убавата и брилијантна Џулија Робертс. Можеби мислела дека излегува со телевизиски тип, а сега телевизорот и раскинал. „Не можам да го опишам збунетиот израз на нејзиното лице откако и кажав“, рече Пери.
Во книгата, која ќе биде објавена на 1 ноември, Пери, исто така, се отвора за неговото скоро смртно искуство со опијати и признава дека пет години по неговото разделување со Робертс, ја гледал како добива Оскар за нејзината улога во „Ерин Брокович“ додека тој се препотувал на рехабилитација, опкружен со колеги пациенти.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Најсекси фотографиите од нејзината кариера: Хејли Бибер се соблече за „Вог“ и ги помести границите
Хејли Бибер ја краси насловната страница на новиот мартовски број на австралиското списание „Вог“, а за оваа пригода позираше во неколку луксузни креации од светски познати дизајнери, идеални за претстојната пролет.
Постојат три различни насловни страници, па Хејли е во едната фустан од Ив Сен Лоран, на другата акцентот е на впечатливи очила за сонце од Баленсијага, а на третата насловна страница носи розов капут од брендот Муглер.
Со оглед на тоа што Хејли Бибер е и моден инфлуенсер и трендсетер, а поседува и сопствен бренд за козметика Rhode, беше очекувано дека нејзините модни комбинации за едиторијалот ќе послужат како инспирација за многу дами за претстојниот период.
Познатата манекенка донесе различни стилови и впечатливи модни комбинации, меѓу кои некои се издвоија на прв поглед, оставајќи впечаток за нејзините најпредизвикувачки и најсмели изданија во нејзината кариера.
По палтото од вештачко крзно кое е апсолутен моден хит оваа сезона, таа носи само црни хеланки и има интересен детаљ на градите, додека на втората фотографија позира во смело елегантно сако и необичен транспарентен фустан кој речиси ништо не покрива.
Позираше и во кожна јакна и гаќички, но и во црвен градник од чипка. На едната од фотографиите беше уште похрабра – додека позираше во црн долг фустан, нејзиниот гол задник е во преден план, додека на другата е покриен само со голема црна сатенска машна.
Забава
Дејвид Гета (58) го доби четвртото дете
Дејвид Гета го пречека своето четврто дете. Познатиот 58-годишен француски диџеј и неговата 34-годишна девојка Џесика Ледон го пречекаа своето второ заедничко дете, синот Скајлер, а веста ја објавија на Инстаграм.
Двојката веќе има син, Сијан, а Гета е и татко на 22-годишниот Тим Елвис и 18-годишната Анџи од бракот со поранешната сопруга Кети.
Во заедничка објава, која беше споделена и на профилот на Џесика Ледон, тие напишаа: „Добредојде на овој свет, Скајлер ❤️ Најубавата тајна што некогаш сме ја чувале“.
На една фотографија се гледа нивниот син Сијан, кој наскоро ќе наполни две години, како ѕирка во креветчето каде што спие Скајлер. Гета објави и кратко видео во кое новороденчето спие на гради. „Ова мало спие на моите гради“, рече тој, додавајќи: „Шшш“.
Голем број познати личности брзо одговорија во коментарите. „Честитки“, напиша Џенифер Лопез, а Иванка Трамп рече: „Толку сум среќна за вас! Честитки Дејвид и Џесика!“
И колегите диџеи исто така им честитаа – Тиесто напиша: „Честитки, брате“, а Армин Ван Бурен: „Честитки, човече“. Пејачот на Каскада додаде: „О, честитки и целата среќа на светот“.
Дејвид Гета и Џесика Ледон првпат се запознаа во 2015 година. Се вели дека се разделиле во 2022 година, но повторно се зближиле следната година. Во март 2024 година, тие го добија својот прв син.
Забава
(Фото) Трикот за подолги нозе што го обожава Марго Роби: Се враќаме на трендот од 70-тите
Марго Роби често е инспирација за многу жени и секоја облека навистина ѝ стои совршено, па затоа едвај чекаме да видиме со какви нови работи ќе нè изненади и што ќе можеме да „употребиме“ за нашите комбинации.
Сведоци сме на големо враќање на 90-тите, особено кога станува збор за модата, но ова враќање не е ограничено само на модата, туку влијае и на нашите животи.
Марго Роби и Џенифер Лопез го вратија фокусот на широките фармерки што некогаш се носеа; модел што ја нагласува фигурата и ги издолжува нозете. И токму ова е трендот што ги одбележа 70-тите, а многу дами со задоволство се враќаат на него.
Во едно од своите изданија, Марго Роби носеше фармерки со висок струк, тесни на половината и широки ногавици под колената, и покажа дека овој ретро детаљ е сè уште меѓу најголемите трендови, и јасно е зошто.
Фармерките ги комбинираше со кратка јакна што подоцна ја соблече, со потпетици и трендовски елек, а одлично одат и со патики или други рамни чевли, како и со полежерни и елегантни парчиња.

