Hitech
(Видео) Возач и совозач во „тесла“ спијат додека автомобилот вози со 100 на час
На интернет се распространи снимка од возач и совозач во електричен автомобил „тесла“ кои спијат додека возилото се движи по автопат со брзина од околу 100 километри на час.
„Бев изненаден кога ги видов. Возев покрај нив, возачот спиеше со спуштена глава, а рацете му беа на воланот. Им свирев за да ги предупредам, но тие не реагираа. Изгледаа како да се преморeни“, раскажува Дакота Рандал, кој го снимил видеото и го објавил на „Твитер“, пренесува хрватски „Индекс“.
Some guy literally asleep at the wheel on the Mass Pike (great place for it).
Teslas are sick, I guess? pic.twitter.com/ARSpj1rbVn
— Dakota Randall (@DakRandall) September 8, 2019
Иако електричните возила на „Тесла“ имаат функција за автономно возење, позната како автоплот, компанијата ги предупредува возачите да бидат будни додека возат и да ги држат рацете на воланот.
Фактот дека автомобилот има автономно управување не значи дека треба да вози без надзор и контрола на возачот.
Новата “играчка” на Тесла веќе прави проблеми во сообраќајот (ВИДЕО)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Hitech
Остар пад на продажбата на „ајфон“ во Кина
Продажбата на „ајфон“ на „Епл“ во Кина падна 24 отсто во првите шест недели од оваа година во споредба со почетокот на 2023 година, според истражувачката компанија „Контерпоинт“, како одраз на се посилната конкуренција.
Американскиот технолошки гигант се соочува со жестока конкуренција од кинеските ривали. Така, продажбата на „хуавеј“ скокнала 64 отсто во истиот период, се наведува во извештајот.
Ниту „Ајфон“ ниту „Хуавеј“ веднаш не одговорија на барањето на Би-би-си за коментар на податоците.
Покрај обновениот раст на продажбата на „хуавеј“ во сегментот на поскапи телефони, „Епл“ е под притисок и од агресивната ценовна политика на кинеските „Опо“, „Виво“ и „Ксијаоми“, напиша Менгменг Џанг од „Контерпоинт рисрч“.
Според извештајот, падот на кинескиот пазар во целина е седум проценти. Кина е еден од најголемите пазари на „Епл“.
„Хуавеј“ со години е измачуван од американските санкции, но неговата продажба порасна кога во август минатата година ја лансира серијата 5Г-мобилни телефони „мате 60“, што ги изненади аналитичарите бидејќи му беше забранет пристапот до клучните чипови и технологијата потребни за 5Г-мобилен интернет.
Заедно со „Хуавеј“, само „Хонор“ забележа раст на продажбата меѓу првите пет брендови, според извештајот на „Контерпоинт“. Според „Контерпоинт“, „Виво“, „Ксијаоми“ и „Опо“ продале помалку мобилни телефони отколку во првите шест недели од 2023 година.
Извештајот исто така покажа дека уделот на „Епл“ на кинескиот пазар на паметни телефони паднал на 15,7 отсто од 19 отсто минатата година, што значи дека паднал од второто на четвртото место.
„Хуавеј“ се искачи на второто место, со пазарен удел од 16,5 отсто, речиси двојно повеќе од пред една година.
„Виво“ ја задржа позицијата на производител со најмногу продадени мобилни телефони и покрај падот на продажбата од 15 проценти.
Hitech
Илон Маск ги исмеа Инстаграм и Фејсбук: „Ако ја читате оваа објава…“
Сопственикот на апликацијата „Икс“ Илон Маск, се потсмеваше на својот профил поради неуспехот на Фејсбук и Инстаграм.
По цел ден корисници на Фејсбук, Месинџер и Инстаграм се жалеа дека не можат да пристапат до нивните сметки, медиумите објавија дека има дефект и дека не се знае кога ќе биде отстранет.
If you’re reading this post, it’s because our servers are working
— Elon Musk (@elonmusk) March 5, 2024
Поради оваа вест и прашањето на многумина, што всушност се случува, се огласи Илон Маск, сопственикот на социјалната мрежа „Икс“ (поранешен Твитер), на кого корисниците на оваа мрежа масовно му поставуваа прашања за падот на апликациите на Мета.
— Elon Musk (@elonmusk) March 5, 2024
„Ако ја читате оваа објава, тоа е затоа што нашите сервери работат“, напиша Маск на својот „Икс“ профил.
Hitech
Мета се огласи откако „паднаа“ Фејсбук и Инстаграм
Фејсбук и Инстаграм со часови не работат за корисниците ширум светот.
Компанијата не соопшти што точно е проблемот, но шефот за комуникации на Мета, Енди Стоун, рече дека тие се „свесни за проблемот и прават се што можат за да го решат“.
We're aware people are having trouble accessing our services. We are working on this now.
— Andy Stone (@andymstone) March 5, 2024
Проблемот започна околу 15 часот и 30 минути, а се чини дека околу 17 часот и 30 минути Фејсбук работеше кај некои корисници, иако на веб-страницата DownDetector пишува дека сè уште не работи за стотици илјади луѓе.
Инстаграм сепак и понатаму има проблем, пишува дека Feed-от не може да се вчита.