Забава
(Видео) Имун на забот на времето – Мик Џегер го прослави својот 80. роденден
Фронтменот на „Ролинг стоунс“ во средата наполни 80 години и се чини дека не ги потроши огромната енергија и неоспорниот магнетизам.
Роденденот го прослави во ноќен клуб во Челси заедно со своето семејство, свршеницата, колегите од бендот и неколку изненадувачки гости од холивудската А-листа, меѓу кои Леонардо ди Каприо и Лени Кравиц.
Џегер, една од најпочитуваните фигури на рокот, дува свеќи со физика која ги надмина проблемите од младоста и со дух на триесет и нешто години.
Џегер, татко на осум деца, не покажува знаци на старост. Имун на забот на времето, тој ја покажува својата врвна форма на секој настап, секогаш кога ќе излезе на сцената.
Рокерот е роден 1943 година во Дартфорд, Англија. Тој го основа „Ролинг стоунс“ во 1962 година со Кит Ричардс и сè уште се на турнеја.
Џегер има осум деца, најмалото е родено 2016 година кога имал 73 години. Најмалиот син, Деверо Октавијан Базил Џегер, го доби со својата сегашна партнерка, поранешната балерина Мелани Хемрик. Врската ја почнаа во 2014 година.
Најстарото дете на Џегер е Карис Хант Џегер (52) од врската со поранешната актерка Марша Хант.
Колегата од бендот на Џегер, Рони Вуд, се огласи на социјалните мрежи со роденденска порака: Happy 80th birthday @MickJagger!
Официјалниот профил на „Ролинг стоунс“ на „Твитер“ му порача на Џегер да продолжи да лула (keep on rockin) споделувајќи видеоснимка со клипови од неговиот живот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Ева Мендес за семејството и животот во 50-тите: Вака не го замислував мојот пат
Иaкo никогаш не го замислувала својот живот на 50 години, Ева Мендес живее во свој ритам – и не може да биде посреќна. „Не подлегнувам на притисокот на општеството. Што сакам да правам, правам“, вели актерката, која ги има ќерките Есмералда Амада (9) и Амада Ли (8) со Рајан Гослинг.
“Сигурно не мислев дека ќе имам деца и ќе бидам дома. Затоа, многу сум среќна што одреден маж влезе во мојот живот и ме натера да се предомислам за сите тие работи”, рекла таа. Пред 10 години таа ја напушти актерската кариера за да се фокусира на своите деца.
Таа вели дека тоа била „најлесната одлука“ што ја донела. „Кога забременив на 40-годишна возраст, беше страшно за другите. И кога повторно забременив на 42-годишна возраст, луѓето ми велеа: „О Боже мој, ќе бидеш толку уморна“, откри таа.
„Тоа е најглупавата работа што сум ја слушнала. Патем, потребно е само малку повеќе трпение. Мислам дека не бев подготвена за тоа во моите 20-ти, пиев и пушев. Дефинитивно не можев да подигнам деца во кое било друго време од мојот живот освен сега“, додава таа.
Една од најубавите жени на светот истакна дека е „среќна што се отишло во тој правец“.
Инаку, Мендес нема снимено ништо откако стана мајка. Нејзината последна улога беше во 2014 година. Покрај нејзината актерска кариера, таа е портпарол на голема козметичка компанија, модел и креативен директор на брендот за шминка „CIRCA Beauty“.
Забава
Емили Ратајковски го привлече вниманието со фустан кој повеќе открива отколку што крие
Емили Ратајковски присуствуваше на настанот The King’s Trust Global Gala што се одржа во Casa Cipriani во Њујорк, каде што ги привлече погледите со храбар фустан.
Познатата убавица носеше свилен крем фустан со длабоко деколте, кој допираше речиси до нејзиниот папок, а кој ја истакна нејзината витка линија. Фустанот имал и гол грб и бил врзан околу вратот.
The King’s Trust Global Gala е основана од британскиот крал Чарлс III. со цел да им се помогне на младите, а свечениот настан собра многу познати фаци, како моделот Ирина Шајк, актерката Кејт Бекинсејл, славната двојка Криси Тајген и Џон Леџенд, поранешната манекенка Кејт Мос и плус сајз моделот Ешли Греам.
Забава
Мишел Фајфер се појави на црвениот тепих, обожавателите се восхитени од нејзината убавина
Актерката Мишел Фајфер не се појавува често во јавноста, но сега позираше со сопругот Дејвид Е.Кели на црвениот тепих на Американскиот филмски институт во Лос Анџелес. Обожавателите се восхитуваат на нејзиниот изглед во 67-та година и пишуваат дека изгледа како да не старее.
Иконската жена-мачка често зборува за тоа како го прифатила стареењето и се фотографира без шминка. Иако изгледа како да го должи својот фантастичен изглед на посебни скриени трикови, таа тврди дека работата е многу едноставна.
Таа претходно за Daily Mail откри дека доволно спие, вежба и се храни здраво.