Забава
Соло патувањето на принцот Хари го оптоварува бракот среде шпекулациите за развод, вели експерт
Претстојното соло патување во Африка на принцот Хари може или да го оптовари неговиот петгодишен брак со Меган Маркл или да ги открие силните страни, тврди експерт за односи.
Хари се подготвува да отпатува сам во Африка за да сними документарен филм за „Нетфликс“. Објавено е дека Хари „сака да се пронајде“ на патувањето – без сопругата и мајка на неговите деца.
По пишувањата на медиумите дека нивниот договор со „Нетфликс“ може да виси на конец, Хари наводно сака да сними документарен филм. Докементарецот ќе биде за Африка, дознава „Мирор ју-ес“ додвајќи дека принцот ќе тргне по стапките на својата мајка, принцезата Дијана.
Но, сега кога Хари наводно се подготвува да полета со авион во Африка од Монтесито, Калифорнија, експерт проценува како неизбежноста војводата и војвотката да бидат физички разделени кога тој работи на проектот може да влијае на нивниот меѓусебен однос.
И додека парот се соочува со шпекулации за развод и раздор, професионалната терапевтка и експерт за односи, Сали Бејкер од Working On The Body, рече дека тоа може или да го оптовари нивниот брак или да ги открие скриените сили.
Говорејќи ексклузивно за The Mirror US, Сали рече: „Природно е дека големите животни настани и надворешните околности може длабоко да влијаат на бракот, на добро или на лошо. Соло патувањето, како принцот Хари во Африка, може потенцијално да ја оптовари врската, особено во период кога кружат шпекулации за развод“.
Таа додаде: „Меѓутоа, тешкотиите може да откријат и скриени силни страни и, на крајот, да ги зближат паровите. Со напор и посветеност, времето поминато раздвоени може да обезбеди перспектива и уважување“.
Сали потоа заклучи: „Се надевам дека имаат добро обмислен план за повторно поврзување и дека се во состојба да комуницираат и покрај сите предизвици што ќе се појават. Односите се сложени и важно е да реагираме со сочувствување“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Си Ен Ен објави вознемирувачко видео на кое раперот Пи Диди брутално ја тепа поранешната партнерка Каси
Вознемирувачки снимки од надзорни камери, на кои се гледа како американскиот продуцент и рапер Шон Комбс (54), познат како Пи Диди, врши брутално насилство врз неговата поранешна партнерка Касандра Вентура (37), позната како Каси, во хотелот Интерконтинентал во 2016 година објави „Си-ен-ен“.
На видеото се гледа како Пи Диди, само со крпа на себе, трча по Каси низ ходникот од хотелот. Додека таа се обидувала да влезе во лифтот, тој ја фатил за глава и ја удрил од подот. Ја удира со нога додека таа лежи неподвижна на земја, па ги зема двете чанти со кои девојката се обидувала да побегне. На крајот Диди ја одвлекува во соба.
Забава
Победникот на Евровизија ја повика Швајцарија да воведе трет пол во официјалните документи
Победникот на Евровизија, Немо Метлер, ја повика швајцарската влада да признае трет пол во официјалните документи.
Метлер истакна дека е апсолутно неприфатливо таква можност веќе да не постои во Швајцарија, пишува „Гардијан“.
„Треба да бидеме застапени и во политиката. Многу е важно луѓето да се чувствуваат видени“, рече Метлер, кој на прашањето по победата со кого првин би сакал да разговара, без размислување, го именува швајцарскиот министер за правда, Бит Јанс.
Во средата, според неговиот портпарол, министерот му испратил СМС-порака на Метлер, во која му ја честитал победата на Евровизија и го поканил да се видат.
Пред 18 месеци швајцарската влада го отфрли токму овој предлог.
Забава
Џенифер Лопез и Бен Афлек вторпат се соочуваат со развод
Американскиот актер, режисер и продуцент Бен Афлек и пејачката и актерка Џенифер Лопез се на работ на развод вторпат, а според американскиот магазин In Touch Weekly, Афлек веќе се иселил од нивниот заеднички дом.
Обожавателите забележаа дека Бен и Џенифер поминуваат сѐ повеќе време разделени во последните неколку недели.
„Тие имаат намера да се разведат – и овој пат не е виновен Бен“, рекол изворот.