Забава
Во Италија почнува серијата за Ангела Меркел во улога на детектив
Во Италија беше прикажана првата епизода од германската серија „Госпоѓа Меркел и убиството во замокот“, инспирирана од поранешната канцеларка Ангела Меркел и госпоѓицата Марпл, лик создаден од писателката Агата Кристи.
Серијата почнува по завршувањето на нејзиниот мандат, а Меркел живее во Источна Германија со сопругот и телохранителот и почнува да го истражува криминалот бидејќи пензионерскиот живот ѝ здодеал.
Серијата во два дела е базирана на трилогијата на писателот Дејвид Сафиер, кој наведува дека инспирацијата за оваа тема ја добил кога дознал дека Меркел нема да се кандидира за реизбор во 2019 година, пренесува „Дојче веле“.
Италијанскиот весник „Кориере дела сера“ забележа „извесна врева и изненадување на социјалните мрежи“ кога трејлерот за првата епизода беше објавен на платформата Х.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Црвен отпечаток од дланка на устата: што се крие зад потегот на актерот
Вун-А-Таи позира во црн костум, со црвен отпечаток на дланка преку устата, симбол на солидарност за исчезнатите и убиените домородни жени.
Актерот Д’Фараон Вун-А-Таи (22) привлече внимание на доделувањето на наградите „Еми“. Ѕвездата на Reservation Dogs, која беше номинирана во категоријата за најдобар актер, го искористи своето појавување на црвениот тепих за да испрати силна порака.
Вун-А-Таи позира во црн костум, со црвен отпечаток од дланка на устата, со што испрати порака на солидарност за исчезнатите и убиени домородни жени, односно ги „означува сите исчезнати сестри, чии гласови не се слушаат, молкот на медиумите и законот“.
На годинешната церемонија Вун-А-Таи беше номиниран за својата прва награда „Еми“ за улогата во Reservation Dogs, но наградата му припадна на Џереми Ален Вајт за неговата улога во „Мечката“.
Сепак, Вун-А-Таи влезе во историјата како првиот домороден актер што бил номиниран во која било категорија за главна улога.
Reservation Dogs ја следи приказната за домородните американски тинејџери во Оклахома, кои сакаат да се пробијат до Калифорнија. Попатно, тие се подготвени на сè за да добијат пари, па дури и да ги украдат. Серијата е достапна за гледање на платформата „Хулу“.
Вун-А-Таи изјави за списанието „Варајати“ во април дека шоуто го научило на важноста да ја раскаже сопствената приказна.
„Никој не треба да ги кажува нашите приказни во наше име. Тоа трае предолго. Имавме доволно лажни претставувања“, рече Вун-А-Таи.
Забава
Хит фризура на доделувањето на наградите „Еми“
Доделувањето на наградите „Еми“, кога станува збор за фризурите, го одбележа косата со должина до брадата и патец на страната. Идеална фризура за оваа есен.
Во продолжение фотографии од познатите личности, кои на свеченоста стигнаа со оваа хит фризура.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
Забава
Најблескавите ѕвезди на црвениот тепих: интересни модни избори од церемонијата на доделувањето на наградите „Еми“
Сезоната на црвениот килим се вжештува, па на еден од најважните настани во забавната индустрија – доделувањето на наградите „Еми“, блеснаа многу ѕвезди. Тие навестија и за новите трендови што ќе владеат со Холивуд во следните неколку месеци.
Додека повеќето од гостите помалку ризикуваа и избираа повоздржани, потемни бои во класичните кроеви, некои се осмелија и пробаа поекстравагантни комбинации.
Еве некои од нив:
Лора Дерн
Џенел Џејмс
Кали Реис
Виола Дејвис и Џулиус Тенон
Кристен Виг
Софија Вергара
Рис Витерспун
Рита Ора
Сали Ричардсон
Јука Кури
Елизабет Дебицки
Никола Коклан
Моека Хоши
Дион Хармон
Џејн Розеан Клеј
Мирјам Леоне
Џенифер Анистон
Ана Саваи
Дејвин Џој Рендолф
Алисон Џејни