Забава
Зошто сребрените обетки се совршено парче накит?
Накитот е многу повеќе од детаљ со одредена вредност, кој може да се носи секојдневно или само во одредени пригоди. Многу често накитот е драг спомен, симбол на љубовта, пријателство и друга незаменлива врска. Поаѓајќи од оваа констатација, често како подарок се избира нешто од огромниот асортиман на накит.
Сребрените обетки се драг подарок за секоја жена, без разлика на нејзините години и стил. При изборот на обетки избираме модели што се незабележливи, ситни или, пак огромни впечатливи модели. Модели што за некого се совршен накит и со причина се носат.
Спектакуларен и модерен додаток
При изборот на додатокот што ќе ја комплетираат комбинација на една дама сребрените обетки се секогаш топло добредојдени. Тоа е затоа што станува збор за накит што прекрасно изгледа во секој облик и дизајн и со примамлива цена за нашиот пазар. Независно од изборот, дали се тоа големи алки, модели со закопчување, минијатурни циркони, или можеби огромни со разноразни елементи, обетките изработени од сребро секогаш се модерни и се носат во секоја пригода.
Сребрената или сивата боја што ги следи е нежна боја, која во комбинација со силни елементи му дава екстравагантен изглед, кој може да привлече внимание од секој поглед. Од друга страна, класичните модели, кои во себе не содржат ниеден друг елемент, како што се циркони, опал, платина и слично, одлично се вклопуваат и во секојдневната спортска комбинација: тренирки, фармерки, обични панталони, широки блузи, патки и слично. Сребрените обетки се незабележливи и затоа се носат долг временски период, без промена, само со нивно редовно одржавање за да се задржи нивниот сјај.
Стил, елеганција и беспрекорен дизајн
Сребрените обетки често се избор за подарок, гледано од една страна се ниските финансиски средства, а од друга, постојат и други причини. Имено, тие може стилски да се изберат според желбите и вкусовите на секоја жена. Некои модели се универзални и може да се носат во секоја пригода, други се специјално дизајнирани, рачно изработени, со посебни желби, за дама која ќе ужива во нивната елеганција. Со ниската цена на среброто е и фактот дека токму овој накит може да биде толку совршено креиран и достапен за секого и финансиски исплатлив со користење други племенити елементи. Во зависност од нашите желби обетките може да се закачат на увото, да се прицврстат, како и варијанти со детали што се спуштаат до рамениците.
Сребрените обетки даваат разновиден дизајн, за креирање и дизајнирање во традиционален стил, со класични детали и мотиви, или модерни, со избор на бои, материјали и форми. Добро познати златари прават уникатни и беспрекорни модели на обетки, кои секого може да го остават без здив. Тоа се посебно обликовани модели, гравирани, со букви и броеви.
Додаток што никогаш не може да излезе од мода, секогаш посакуван подарок, со најдобри цени, се токму сребрените обетки. Може да се изберат модели со незабележителни детали, модели со впечатливи форми и уникатни додатоци, со малку или повеќе бои, кои даваат посебен сјај, може да ни го разубават денот или ноќта.
(ПР текст)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Ева Мендес за семејството и животот во 50-тите: Вака не го замислував мојот пат
Иaкo никогаш не го замислувала својот живот на 50 години, Ева Мендес живее во свој ритам – и не може да биде посреќна. „Не подлегнувам на притисокот на општеството. Што сакам да правам, правам“, вели актерката, која ги има ќерките Есмералда Амада (9) и Амада Ли (8) со Рајан Гослинг.
“Сигурно не мислев дека ќе имам деца и ќе бидам дома. Затоа, многу сум среќна што одреден маж влезе во мојот живот и ме натера да се предомислам за сите тие работи”, рекла таа. Пред 10 години таа ја напушти актерската кариера за да се фокусира на своите деца.
Таа вели дека тоа била „најлесната одлука“ што ја донела. „Кога забременив на 40-годишна возраст, беше страшно за другите. И кога повторно забременив на 42-годишна возраст, луѓето ми велеа: „О Боже мој, ќе бидеш толку уморна“, откри таа.
„Тоа е најглупавата работа што сум ја слушнала. Патем, потребно е само малку повеќе трпение. Мислам дека не бев подготвена за тоа во моите 20-ти, пиев и пушев. Дефинитивно не можев да подигнам деца во кое било друго време од мојот живот освен сега“, додава таа.
Една од најубавите жени на светот истакна дека е „среќна што се отишло во тој правец“.
Инаку, Мендес нема снимено ништо откако стана мајка. Нејзината последна улога беше во 2014 година. Покрај нејзината актерска кариера, таа е портпарол на голема козметичка компанија, модел и креативен директор на брендот за шминка „CIRCA Beauty“.
Забава
Емили Ратајковски го привлече вниманието со фустан кој повеќе открива отколку што крие
Емили Ратајковски присуствуваше на настанот The King’s Trust Global Gala што се одржа во Casa Cipriani во Њујорк, каде што ги привлече погледите со храбар фустан.
Познатата убавица носеше свилен крем фустан со длабоко деколте, кој допираше речиси до нејзиниот папок, а кој ја истакна нејзината витка линија. Фустанот имал и гол грб и бил врзан околу вратот.
The King’s Trust Global Gala е основана од британскиот крал Чарлс III. со цел да им се помогне на младите, а свечениот настан собра многу познати фаци, како моделот Ирина Шајк, актерката Кејт Бекинсејл, славната двојка Криси Тајген и Џон Леџенд, поранешната манекенка Кејт Мос и плус сајз моделот Ешли Греам.
Забава
Мишел Фајфер се појави на црвениот тепих, обожавателите се восхитени од нејзината убавина
Актерката Мишел Фајфер не се појавува често во јавноста, но сега позираше со сопругот Дејвид Е.Кели на црвениот тепих на Американскиот филмски институт во Лос Анџелес. Обожавателите се восхитуваат на нејзиниот изглед во 67-та година и пишуваат дека изгледа како да не старее.
Иконската жена-мачка често зборува за тоа како го прифатила стареењето и се фотографира без шминка. Иако изгледа како да го должи својот фантастичен изглед на посебни скриени трикови, таа тврди дека работата е многу едноставна.
Таа претходно за Daily Mail откри дека доволно спие, вежба и се храни здраво.