Забава
Филмска трагедија со Алек Болдвин: кои се правилата за оружје на филмските сетови?
Страшниот инцидент што резултира со смрт на камерман на филмски сет минатата недела поттикна прашања за употребата на огнено оружје во забавната индустрија.
Актерот Алек Болдвин изјави дека неговото срце е скршено кога во четвртокот во Ново Мексико фатално ја застрела камерманката Халина Хачинс со пиштол реквизит.
Кој е одговорен за безбедноста на оружјето на филмските сетови? Одговорноста за користење пиштоли и друго оружје лежи кај т.н. оружар на секоја продукција.
Тие го обезбедуваат оружјето кога не се користи и ги поучуваат актерите за негова правилна и безбедна употреба. Тие исто така го полнат огненото оружје и го проверуваат пред и по секоја сцена.
Кои се правилата? Не постои дефинитивна листа со прописи за употреба на огнено оружје во филмската индустрија.
Според новинската агенција АП, американската Федерална агенција за безбедност на работното место не ја регулира безбедноста на оружјето на снимање, а многу држави ѝ оставаат на индустријата да креира и да почитува сопствени правила.
Професорот Ден Леонард од Универзитетот „Чепмен“ во Калифорнија, кој специјлаизира за прописи на снимање, изјави за Би-би-си дека „главно ѝ е препуштено на индустријата да развие и да користи насоки… и ваквите насоки, доколку се почитуваат, овозможуваат безбедно користење огнено оружје на снимање“.
Но, дури и тогаш не постои еден дефинитивен сет на процедури и протоколи.
Инцидентите како оној на снимањето на Rust се многу ретки, но се зголемија повиците за забрана на „живо“ огнено оружје на филмски сетови со петиција што собра повеќе од 23.000 потписи до понеделникот. Актерката Оливија Вајлд беше меѓу оние што дадоа поддршка.
Сенаторот од Калифорнија, Дејв Кортезе, во саботата изјави дека ќе поднесе предлог-закон за забрана на бојна муниција на филмските сетови во државата.
Трагедијата од минатата недела предизвика лавина твитови и полемика на социјалните мрежи.
„Веќе нема причина да има пиштоли наполнети со ќор-фишеци или што и да било во текот на снимањето. Треба да биде целосно забрането“, напиша Крег Зобел, актер и режисер (Westworld и Mare of Easttown), на „Твитер“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Ева Мендес за семејството и животот во 50-тите: Вака не го замислував мојот пат
Иaкo никогаш не го замислувала својот живот на 50 години, Ева Мендес живее во свој ритам – и не може да биде посреќна. „Не подлегнувам на притисокот на општеството. Што сакам да правам, правам“, вели актерката, која ги има ќерките Есмералда Амада (9) и Амада Ли (8) со Рајан Гослинг.
“Сигурно не мислев дека ќе имам деца и ќе бидам дома. Затоа, многу сум среќна што одреден маж влезе во мојот живот и ме натера да се предомислам за сите тие работи”, рекла таа. Пред 10 години таа ја напушти актерската кариера за да се фокусира на своите деца.
Таа вели дека тоа била „најлесната одлука“ што ја донела. „Кога забременив на 40-годишна возраст, беше страшно за другите. И кога повторно забременив на 42-годишна возраст, луѓето ми велеа: „О Боже мој, ќе бидеш толку уморна“, откри таа.
„Тоа е најглупавата работа што сум ја слушнала. Патем, потребно е само малку повеќе трпение. Мислам дека не бев подготвена за тоа во моите 20-ти, пиев и пушев. Дефинитивно не можев да подигнам деца во кое било друго време од мојот живот освен сега“, додава таа.
Една од најубавите жени на светот истакна дека е „среќна што се отишло во тој правец“.
Инаку, Мендес нема снимено ништо откако стана мајка. Нејзината последна улога беше во 2014 година. Покрај нејзината актерска кариера, таа е портпарол на голема козметичка компанија, модел и креативен директор на брендот за шминка „CIRCA Beauty“.
Забава
Емили Ратајковски го привлече вниманието со фустан кој повеќе открива отколку што крие
Емили Ратајковски присуствуваше на настанот The King’s Trust Global Gala што се одржа во Casa Cipriani во Њујорк, каде што ги привлече погледите со храбар фустан.
Познатата убавица носеше свилен крем фустан со длабоко деколте, кој допираше речиси до нејзиниот папок, а кој ја истакна нејзината витка линија. Фустанот имал и гол грб и бил врзан околу вратот.
The King’s Trust Global Gala е основана од британскиот крал Чарлс III. со цел да им се помогне на младите, а свечениот настан собра многу познати фаци, како моделот Ирина Шајк, актерката Кејт Бекинсејл, славната двојка Криси Тајген и Џон Леџенд, поранешната манекенка Кејт Мос и плус сајз моделот Ешли Греам.
Забава
Мишел Фајфер се појави на црвениот тепих, обожавателите се восхитени од нејзината убавина
Актерката Мишел Фајфер не се појавува често во јавноста, но сега позираше со сопругот Дејвид Е.Кели на црвениот тепих на Американскиот филмски институт во Лос Анџелес. Обожавателите се восхитуваат на нејзиниот изглед во 67-та година и пишуваат дека изгледа како да не старее.
Иконската жена-мачка често зборува за тоа како го прифатила стареењето и се фотографира без шминка. Иако изгледа како да го должи својот фантастичен изглед на посебни скриени трикови, таа тврди дека работата е многу едноставна.
Таа претходно за Daily Mail откри дека доволно спие, вежба и се храни здраво.