Забава
Првороденото бебе од 1980 го роди првороденото бебе во 2017

Исланѓанката Катрин Гудјонсдотир, која била првото бебе родено во оваа земја во 1980 година, на 1-ви јануари 2017 година, три минути по полноќ, го роди првото бебе на Исланд во оваа година, пишува порталот Visir.
Бабицата која на новогодишната ноќ дежурала во исландската клиника „Селфос“ изјавила дека Катрин родила здраво момченце, тешко 3,5 кгр и долго 51,5 см, со коешто не само што го дели роденденот, туку и „титулата“ првородено бебе во новата година.
За разлика од ногу други земји, првородените бебиња на Исланд не добиваат посебни награди, парични надоместоци ниту подароци, но овој навистина многу редок случај го привлече вниманието на медиумите и надвор од земјата./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Мајкл Џордан на прошетка во Дубровник

Познатиот американски кошаркар Мајкл Џордан моментално престојува во Хрватска, каде што е на одмор со сопругата Ивет Прието и пријателите. НБА легендата беше снимена додека шеташе во Дубровник и го привлече вниманието на минувачите, пренесе „Инекс“.
По посетата на Скрадин и Националниот парк Крка, познатиот кошаркар отишол во Хвар. Џордан ручал и уживал во друштвото на пријателите и опуштената атмосфера, а интересно е што тој носи своја текила со себе и само неа ја пие.
На свадбата на Џеф Безос и Лорен Санчез, која се одржува во Венеција, присуствуваат бројни познати личности, а еден тиктокер направи фотографија од јахтата на Мајкл Џордан наречена М’Брејс, вредна околу 115 милиони долари, поради што многумина помислија дека тој ќе се појави на свадбата на славниот пар.
Мајкл Џордан последен пат ја посети Хрватска во август 2021 година.
Забава
Лорен Санчез фотографирана во пресрет на свадбата, блеска во бело

Џеф Безос и Лорен Санчез ќе се венчаат на церемонија на венецијанскиот остров Сан Џорџо Маџоре, каде што невестата отиде со глисер.
На денот на нејзината свадба, Санчез блескаше во бело, а изгледот го комплетираше со очила за сонце и бела марама. 55-годишната Санчез позираше насмеана за фотографите пред свадбата, која треба да се одржи попладне, а многумина се прашуваат како ќе изгледа нејзината венчаница.
Според повеќе медиумски извори, двојката наводно се венчала пред еден месец во САД. Овие наводи се поткрепуваат со фактот дека во Италија не побарале потребна документација за нивниот брак да биде правно важечки. Свадбената церемонија во Венеција е симболична, а двојката наводно потпишала договор од повеќе милиони долари пред нивната граѓанска венчавка во САД.
Безос и Санчез се домаќини на тридневна прослава со голем број познати личности, меѓу кои Иванка Трамп и Џаред Кушнер, Ким Кардашијан, Крис Џенер и Клое Кардашијан, Опра Винфри и Гејл Кинг, милијардерот Бери Дилер и неговата сопруга, дизајнерката Дајан фон Фурстенберг, легендата на НФЛ Том Брејди и музичкиот могул Скутер Браун, како и неодамна слободниот Орландо Блум.
Забава
Пејачката Џеси Џеј го победи ракот

Џеси Џ. откри дека официјално го победи ракот, само неколку недели откако објави дека е на операција за тумор на дојка.
Британската пејачка Џеси Џеј, која на 3 јуни објави дека има рак на дојка, а пред помалку од една недела беше оперирана, ја објави најдобрата можна вест – лекарите ѝ кажаа дека повеќе нема рак.
Jessie J reveals her breast cancer is ‘all gone’ after surgery as she gives health update
https://t.co/TP5sRH0SAk— The Sun (@TheSun) June 26, 2025
На Инстаграм, Џеси се пошегува дека нејзината брадавица е сè уште на место, а времето за закрепнување ѝ даде совршен изговор да го гледа „Love Island“ без грижа на совеста.
Таа додаде дека во најтешките моменти имала силна поддршка покрај себе – нејзината мајка, нејзиниот сопруг Ченан Колман и нејзиниот син Скај.
„Многу ми значеше што се поврзав со други кои минуваат низ истата битка“, истакна таа и објави дека поминала низ „постоперативна болка“.
Џеси беше многу оптимистична од самиот почеток на ужасната дијагноза, им кажа на своите обожаватели дека раното откривање на болеста е „светлина во тунелот“ и дека прави пауза од турнеите за да го стави своето здравје на прво место.