Забава
Шерон Стоун со нов твит за својата здравствена состојба
Шерон Стоун ги загрижи своите фанови кога на социјалните мрежи откри дека има тумор, кој треба да се отстрани.
Таа ги повика фановите секогаш да бараат второ мислење откога таа добила погрешна дијагноза за која се покажало дека е голем фиброиден тумор.
Актерката на својот твитер-профил детаљно опишува како била во болница, потоа пишува за грешката при операцијата и за погрешно поставената дијагноза.
„Само што добив уште една погрешна дијагноза и неточна процедура“.
„Болката се влошуваше, отидов на второ мислење: имам голем фиброиден тумор, кој треба да се отстрани“, напиша таа.
Актерката потоа испрати важна порака. Особено дами: немојте да мислите дека не е важно, побарајте второ мислење. Тоа може да ви го спаси животот“.
„Ќе ми требаат од четири до шест недели за целосно да закрепнам. Ви благодарам на сите за грижата. Сè е добро“.
Нејзините фанови одговорија со многубројни пораки за поддршка и добри желби.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Дуа Липа привлече внимание на забава во Њујорк: фустан со длабоко деколте и необичен изрез
Дуа Липа присуствуваше на синоќешната гала „Тајм 100“ во Њујорк, а ги привлече погледите во фустан на Шанел со необично деколте.
28-годишната британска кантавторка заслепуваше во скроен фустан на Шанел на галата „Тајм 100“ во Њујорк.
Белиот фустан од тантела беше извезен со кристали и цветни детали. Изгледот на Липа беше инспириран од колекцијата Métiers d’art 2023/24 на модната куќа.
Фустанот имаше и длабоко V-деколте и црна машна под која го истакна папокот со мал необичен исечок.
Носеше и неколку фенси дијамантски прстени, како и ѓердан што стигнуваше меѓу нејзиното деколте.
Нејзината црвена коса беше обликувана во „лесни бранови“, а изгледот го комплетираше со едноставна шминка.
Забава
Хороскопски парови кои истрајуваат дури и кога ќе стане тешко
Хороскопските парови кои секогаш преживуваат се тука еден за друг дури и во тешки времиња. Нивната врска е силна и поради довербата и искреноста што ја имаат.
Што и да се случи, тие ќе бидат тука да се поддржуваат еден со друг. Овие хороскопски парови го имаат целиот потенцијал да ги надминат сите тешкотии. Кога еден од нив не е во најдобра состојба да се соочи со проблеми, тогаш другиот презема иницијатива и го покрива во се.
Хороскопски парови кои секогаш траат
Рак и Јарец
Ова е многу силен пар. Немојте да ве залажува фактот дека Ракот како личност е почувствителен или попридушен. За неговото семејство и оние што ги сака, тој станува повеќе од само карпа и може да направи се. Може да ги придвижи и земјата и небото, да помогне и поддржи. Од друга страна, Јарците се многу силни, па не им е тешко да му помогнат и да го поддржат Ракот, но и да го негуваат и да направат се што треба за да излезат посилни од целата ситуација.
Лав и Овен
Нивната сила во заедницата е неизмерна. Тоа се две личности кои по природа се лидери. Тие се многу силни карактери, но успешно примаат удари. Што и да се случи во животот, другиот ќе биде многу среќен да му помогне, да го поддржи и да стане негова карпа додека не се надминат сите пречки и проблеми. Знаат што да прават и му даваат на другиот онолку време колку што му е потребно за да застане на нозе.
Вага и Девица
Ова е пар кој навистина ќе стои еден до друг до крај. Тоа е во исто време карпа која е потпора и мирно пристаниште каде што можат да бидат во мир. Вагите секогаш го поддржуваат партнерот и им помагаат во се. Тие се грижат за нивната општа благосостојба и ако тоа е добро, и Вагите ќе бидат добри. Во тешки времиња, тие ќе чекорат напред и ќе преземат иницијатива. Од друга страна, Девиците даваат и им служат на луѓето. За неа поддршката на партнерот е се. Во спротивно тоа би го сметала за предавство, па не би ни зборувала за тоа.
Забава
Eден од омилените сараевски бендови се враќа на сцената по петгодишна пауза
На сцената се враќа легендарниот сараевски бенд „Плави оркестар“, омилениот бенд на некои луѓе во регионот. Бендот првпат по пет години ќе настапи на 6 јули во Славонски Брод, на 3 август во Опатија, на 24 август во Сплит и на 1 септември во Врсар.
Кариерата на бендот ја одбележаа големите хитови, како што се песните „Суада“, „Каја“, „Подобро пијан отколку стар“, „Сава тихо тече“, чија популарност и присуство постои со години.
Бендот беше основан во Сараево во 1983 година како дел од движењето „Нови примитивци“, во кое беа вклучени и „Забрането пушење“, Елвис Ј. Куртовиќ и некои други музичари од Сараево. Критичарите го сметаат бендот за еден од најголемите културни феномени во осумдесеттите и деведесетите, близок и на постарите и на помладите генерации слушатели.
Издадоа 8 албуми, кои се продадени во над 5 милиони примероци, а неколкупати го обиколија светот со вкупно повеќе од 1.500 концерти.