Забава
БМВ конструираше автомобил на комплетно електричен погон

Германскиот производител на автомобили БМВ конструираше нов електричен модел на возило, што целосно не ја загадува природната околина.
Германскиот производител на автомобили БМВ конструираше нов електричен модел на возило, што целосно не ја загадува природната околина.
Новиот автомобил Megacity има 134 коњски сили и е со целосно електричен мотор од 12.000 вртежи.
Податоците на Обединетите нации(ОН) покажуваат дека бројката на жители во градовите од сегашните 3,2 милијарди жители, до 2030. година ќе порасне на пет милијарди, кога тројца на секој петти човек ќе живеат во град.
Проблемите што ќе произлезат од тоа се поголемо загадување на воздухот, сообраќаен метеж и поголем притисок врз ресурсите. /крај/бг/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Знаци кои покажуваат дека „сингл“ животот им одговара на некои луѓе

Кога сте „сингл“ тоа честопати носи одредени социјални притисоци, но многу луѓе наоѓаат најголемо задоволство во овој период од својот живот.
Наместо да ја гледаат независноста како неповолност, луѓето кои не се во романтична врска ја доживуваат како можност за личен раст, слобода и автентичност.
Постојат јасни знаци кои покажуваат дека сингл животот им одговара на некои луѓе најдобро и дека тие искрено уживаат во него. Психологот Марк Треверс сподели два такви знака.
Не верувате дека постои вистинско време за врска
Често се смета дека постои одредена фаза во животот кога луѓето треба да најдат партнер. Додека младоста е поврзана со развој и амбиција, постарите години често се гледаат низ призмата на обврската да се најде „трајна“ врска.
„Токму оваа социјална идеја многумина ја доживуваат како товар. Некои сметаат дека нивниот статус на самци ги потврдува нивните стравови за тоа дали се доволно достојни да сакаат, додека други ги отфрлаат наметнатите рокови и одбиваат да дозволат општествените очекувања да ги дефинираат“, објаснува Треверс за Psychology Today.
Посреќни самци се оние кои не ја мерат својата вредност според врската и не поставуваат граници за себе кога мораат да најдат партнер.
„Тие инвестираат во пријателства, хобија и личен развој, не сметајќи ја љубовта како неопходен предуслов за исполнет живот. За нив, самецот е исто толку легитимен избор како и бракот или партнерството, а среќата ја наоѓаат во чувството на слобода и независност“, додава психологот.
Знаете дека автономијата и поврзаноста можат да коегзистираат
Многу самци веруваат дека влегувањето во врска може да значи губење на дел од нивната слобода. Треверс наведува: „Понекогаш им се чини дека мора да избираат помеѓу личните цели и интимноста што ја носи партнерскиот однос. Но, токму оние кои разбираат дека автономијата и блискоста не се меѓусебно исклучувачки имаат поздрав однос кон самецот.“
Таквите луѓе негуваат длабоки пријателства и семејни врски што им обезбедуваат чувство на припадност и поддршка.
„Независноста им овозможува слободно да располагаат со своето време, но во исто време да градат врски што им носат сигурност и блискост. Ова потврдува дека „самецот“ не значи осаменост – напротив, може да биде исполнет со поврзаност, љубов и силно чувство на заедништво, без потреба да бараат потврда преку романтичен партнер“, заклучи психологот.
Фото:принтскрин
Забава
Ѕвездата на „Stranger Things“ посвои дете

По повеќе од една година откако станаа сопруг и сопруга, британската актерка Мили Боби Браун и американскиот модел-актер Џејк Бонџови сега ја преземаат улогата на родители.
Младиот пар објави на Инстаграм дека посвоиле дете.
„Ова лето, го пречекавме нашето слатко девојче преку посвојување“, напишаа тие во објавата. „Премногу сме возбудени што ќе се впуштиме во ова прекрасно следно поглавје од родителството во мир и приватност.“
Браун, 21, и Бонџови, 23, се венчаа тајно на приватна церемонија во Соединетите Американски Држави во мај 2024 година, пред да споделат фотографии од поголем свадбен прием и церемонија во Италија на социјалните мрежи во октомври 2024 година.
Вљубените почнаа да се забавуваат во 2021 година и ја објавија својата свршувачка во 2023 година.
Браун се прослави играјќи психокинетичко девојче по име Илевен во хит-серијата научна фантастика на Нетфликс „Stranger Things“ (2016 до денес), додека Бонџови е најпознат како син на американскиот рокер Џон Бон Џови, 63.
Мили ќе ја повтори својата револуционерна улога во петтата и последна сезона на „Stranger Things“. Првите четири епизоди ќе бидат објавени на 26 ноември, три епизоди на Божиќ и последната епизода на Нова Година.
Таа, исто така, ќе се врати на малите екрани како помладата сестра на фиктивниот детектив Шерлок Холмс, Енола, во третиот дел од мистериозно-авантуристичката филмска серија на Нетфликс „Енола Холмс“ (од 2020 до денес).
Забава
На листата на најдобрите печива во светот има и специјалитет од Македонија

Интернет-страницата TasteAtlas со оценување на традиционални јадења од целиот свет дава увид во гастрономските специјалитети.
На последната нивна листа на најдобрите печива во светот се најде македонскиот зелник.
И додека зелникот од Македонија е на високото 11 место, Србија и Босна се на првите позиции со Пазарските мантии и бурекот. На трето место е баницата со сирење од Бугарија.
Во прилог, целата листа на најубавите печива.
Во прилог, целата листа на најубавите печива.
View this post on Instagram