Забава
Најмалата крава на светот е висока 84 сантиметри
Минијатурната крава висока само 84 сантиметри влезе во Гинисовата книга на рекорди како најмала крава во светот.
Минијатурната крава висока само 84 сантиметри влезе во Гинисовата книга на рекорди како најмала крава во светот. Кравичката наречена Сволоу, потекнува од Западен Јоркшир, во Велика Британија, стара е 11 години и според нејзината сопственичка, времето го минува во пасење трева и слушање музика преку радиото поставено во шталата. Сволоу е крава од расата декстер што е позната по малиот раст, но кравичката е ниска дури и за стандардите на својата раса. Досега отелила девет млади со нормална височина, а наскоро треба да се отели по десетти пат. /смедиа/мв
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Hitech
(Видео) 7 милиони прегледи: Мајкрософт објави снимка со вештачка интелигенција на Мона Лиза како рапува
Мајкрософт ја претстави новата технологија за вештачка интелигенција наречена VASA-1, која може да комбинира фотографија и аудио клип и да генерира реални видеа.
Тие ја претставија новата технологија со видео на кое Мона Лиза рапува на песната Папараци, но ова не е хит на Лејди Гага, туку рап песна што Ен Хатавеј ја напиша и изведе во ток-шоуто на Конан О’Брајан во 2011 година.
Microsoft just dropped VASA-1.
This AI can make single image sing and talk from audio reference expressively. Similar to EMO from Alibaba
10 wild examples:
1. Mona Lisa rapping Paparazzi pic.twitter.com/LSGF3mMVnD
— Min Choi (@minchoi) April 18, 2024
Видеото набрзо стана вирално и беше прегледано повеќе од 7,1 милиони пати на само еден профил на „Икс“.
„Ова е толку смешно, плачев од смеење“, „Уште едно страшно видео со вештачка интелигенција“, „Ова е морничаво“, „Кога би можел Да Винчи да го види ова“, се дел од коментарите.
Забава
(Видео) Ники Минаж ја гаѓаа со шише, а нејзината реакција стана хит: раперката врати со иста мера
Ники Минаж во свој стил одговори на недоличното однесување на публиката.
На настапите се почесто се случува разни предмети да завршат на сцената, па многу музичари доживеале непријатност на концертот кога некој од публиката ќе ги фрли кон нив.
One of the Detroit Barbz almost got cussed tf out by Nicki for throwing a bracelet on stage.😩 #GagCityDetroit pic.twitter.com/Kv4q6ewEvX
— Chun-Li🪭 (@BadGirlChunLi) April 21, 2024
Во иста ситуација се најде и популарната Ники Минаж, кога еден од обожавателите фрли пластично шише кон раперката на нејзиниот настап.
Меѓутоа, пејачката навреме го забележа и се потргна, па шишето не ја удри, а потоа го зеде и го фрли кон него. Овој нејзин потег изненади многумина, а видеото од концертот стана вирално на социјалните мрежи.
Забава
Дуа Липа привлече внимание на забава во Њујорк: фустан со длабоко деколте и необичен изрез
Дуа Липа присуствуваше на синоќешната гала „Тајм 100“ во Њујорк, а ги привлече погледите во фустан на Шанел со необично деколте.
28-годишната британска кантавторка заслепуваше во скроен фустан на Шанел на галата „Тајм 100“ во Њујорк.
Белиот фустан од тантела беше извезен со кристали и цветни детали. Изгледот на Липа беше инспириран од колекцијата Métiers d’art 2023/24 на модната куќа.
Фустанот имаше и длабоко V-деколте и црна машна под која го истакна папокот со мал необичен исечок.
Носеше и неколку фенси дијамантски прстени, како и ѓердан што стигнуваше меѓу нејзиното деколте.
Нејзината црвена коса беше обликувана во „лесни бранови“, а изгледот го комплетираше со едноставна шминка.