Контакт

Забава

Нова модна колекција на Росица Мршиќ

Објавено пред

Модната дизајнерка Росица Мршиќ ја претстави својата нова модна колекција

Новата колекција пролет-лето 2009 на модната креаторка Росица Мршиќ, како што истакнува самата авторка, „е инспирарана од јапонската орнаментална уметност, во која минимализмот како сензибилитет е ставен во контекст наспроти експресинистичките детали во облеката“. Нејзиниот интерес е насочен кон истражување на современите правци на уметноста, а идеите се стилски вметнати во дизајнот кој таа го креира. Колекцијата на Росица Мршиќ го претставува тој спој на естетика и уметност, преку боите и формите со практичноста на моделите кои ги креира. Има студирано на Академијата за дизајн во Холандија, со работно искуство во Амстердам, Париз, Чикаго, професионално работи како моден дизајнер, а воедно е редовен професор на Академија Италијана и се поавтентично го развива својот сопствен стил и бренд. Нејзината колекција која ја карактеризира едноставноста стилизирана со уметнички форми секако ќе претставува значаен дел од модната сцена на Македонија, каде се уште, за жал, малку и ретко се појавуваат автентични модни колекции на наши автори. Модната линија на Росица е токму тој нов, квалитетен и свеж бран на македонската модна сцена.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Oднесувањето на Бијонсе и Џеј Зи кон Меган и Хари ги налути Британците

Објавено пред

Mеган Маркл ја запозна Бијонсе на премиерата на „Кралот лав“, а британските медиуми веднаш се обидоа да прочитаат од усните на двете дами што си рекле една на друга.

Бијонсе, откако ја прегрнала Меган, рекла: „Луѓе, ве сакаме“.

Таа додала дека Арчи, синот на Меган и Хари, е прекрасен, а потоа размениле неколку родителски совети.

Бијонсе ја потапкала Меган по грбот, а по прегратката на поранешната актерка и пејачка, тие се држеле за раце некое време додека нивните брачни другари стоеле настрана.

Британската јавност веќе е лута поради однесувањето на Бијонсе и Џеј Зи кон кралската двојка. Покрај тоа што со прегратката го прекршија протоколот, пријателските совети што им ги дадоа не предизвикаа големо одушевување.

Прикажи повеќе...

Екологија

(Видео) Во Британија снимена џиновска медуза, голема колку човек

Објавено пред

Џиновска медуза била забележана во близина на брегот на англискиот округ Корнвол, објави Би-би-си.

Нуркачите од организацијата Wild Ocean Week на 13 јули снимиле огромна медуза со назив морски белодроб (Rhizostoma pulmo) за време на експедиција во близина на брегот на градот Фалмут. Биологот Лизи Дели изјави дека ова необично суштество во водата било долго исто колку нејзиното тело.

Морскиот белодроб е најголемиот вид медуза во британските води, со просечен дијаметар на телото од 40-ина сантиметри.

Прикажи повеќе...

Забава

Првото јавно излегување на Џеф Безос и жената поради која ја се разведе од сопругата

Објавено пред

Џеф Безос и Лорен Санчез, жената поради која најбогатиот човек во светот ја остави сопругата со која беше 25 години, финалето на Вимблдон помеѓу Новак Ѓоковиќ и Роџер Федерер го избраа да биде првиот настан на кој ќе се појават заедно откако јавноста дозна за нивната врска.

Тие разменуваа нежности пред фотографите само неколку дена откако овој милијардер го оконча разводот вреден 38 милијарди долари со својата сопруга Макензи С. Безос и седум месеци откако беше откриена нивната афера.

Џеф и Лорен седеа само три реда зад принцот Вилијам и Кејт Мидлтон. Тие се бакнуваа и се смешкаа еден на друг, без да се грижат за туѓите коментари.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија26 минути

Обвинителството со детали: Боки 13 и Милевски барале 8 милиони евра рекет од бизнисмен

Бојан Јовановски, познат како Боки 13, и Зоран Милевски, познат како Зоки Кичеец, се осомничени за примање награда за противзаконито...

Регион2 часа

(Видео) Макрон пристигна во Белград

Францускиот претседател, Емануел Макронм пристигна во дводневна посета на Белград, а го пречека српскиот претседател Александар Вучиќ. Двајцата на аеродромот...

Македонија2 часа

(Видео) Заев: Новите снимки за Нешкоски само потврдуваат како владеел Груевски

Новообјавените разговори за убиството на Мартин Нешкоски само потврдуваат како владеела претходната гарнитура и како се обиделе да скријат убиство,...

Македонија3 часа

Уапсен Боки 13

Попладнево е уапсен Бојан Јовановски – Боки 13. Неофицијално, апсењето е по барање на Обвинителството за организиран криминал. Тој попладнево...

Македонија3 часа

Шефицата на СЈО, Катица Јанева, поднесе оставка

Шефицата на специјалното јавно обвинителство, Катица Јанева, поднесе оставка. Таа објави дека нејзината оставка ќе стане активна тогаш кога политичките партии...

Македонија4 часа

(Видео) Заев повика на лидерска средба в петок

Премиерот Зоран Заев на прес-конференција повика на лидерска средба в петок во 14 часот во Клубот на пратениците. На средбата...

Сеад Кочан Трансмет, Труст, СЈО Сеад Кочан Трансмет, Труст, СЈО
Македонија4 часа

Кривичен го одби барањето на Кочан, в среда треба да се појави во затворот

Кривичниот суд во Скопје ја одби жалбата на Сеад Кочан за одложување на затворската казна од четири години и осум...

Економија5 часа

Поскапуваат горивата

Горивата од ноќеска на полноќ поскапуваат 1,5, односно 1 денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Малопродажните цени на бензините „евросупер...

Македонија7 часа

Када на дното на Охридското Езеро

Нуркачкиот клуб „Акватек“ објави фотографии на кои се гледа када на дното на Охридското Езеро помеѓу Срјшче и Мостот на...

Забава8 часа

На Гренланд откриени повеќе од 50 нови езера, досега се знаеше само за четири

Под мразот на Гренланд научниците откриле повеќе од 50 нови езера, а досега се знаело за само четири. Антарктикот под...

Свет8 часа

Трамп ги навреди обоените жени демократи во Конгресот

Претседателот на САД, Доналд Трамп, критикува група обоени демократски претставнички во Конгресот нарекувајќи ги предизвикувачи на нереди родени во странство...

Свет9 часа

Нетанјаху им се закани на Либан и Хезболах: Ќе ве уништиме

Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, се закани дека ќе ги уништи Либан и Хезболах ако ова либанско движење ги реализира сите...

Регион10 часа

Макрон во посета на Србија

Францускиот претседател, Емануел Mакрон, денеска ќе пристигне во дводневна посета на Србија со намера да покаже дека Париз сè уште...

Спорт19 часа

(Видео) По триумфот во Вимблдон, Ѓоковиќ ексклузивно за Макфакс: Ја прифаќам поканата од премиерот да ја посетам Македонија

По епското финале во Вимблдон, во кое славеше старо-новиот шампион, Новак Ѓоковиќ на победничката прес-конференцијата одговори и на две прашања...

Европа21 час

(Видео) Приведени повеќе од 150 лица по воената парада во Париз 

Вкупно 152 лица се приведени денеска во Париз, на маргините на воената парада која се одржа по повод националниот празник...

Спорт21 час

Федерер: Незаборавно финале, ќе се обидам што е можно побргу да го заборавам

Роџер Федерер беше премногу блиску до својата 21. гренд слем титула, но не успеа да го доведе мечот до крај,...

Свет21 час

(Видео) Авион успева да избегне катастрофален пад врз населено место

На видео снимка направена од автомобил овековечен е драматичен момент кога тајландски воен пилот го насочува својот авион далеку од...

Спорт22 часа

Трилер на Вимблдон! Ѓоковиќ по пет часа тенис го „собори“ Федерер

Новак Ѓоковиќ по петти пат ја освои титулата од Вимблдон, откако во едно историско финале со 7:6(5)/1:6/7:6(4)/4:6/12:12(3) го совлада освојувачот...

Регион22 часа

Ердоган: Испораката на С-400 системите ќе заврши в година

Испораката на руските ракетни системи С-400, Турција би можела да ја заврши до април следната година, изјави денеска турскиот претседател,...

Регион23 часа

Јулски снег во Бугарија

На планината Рила во Бугарија, падна снег, објави Метео Балканс. Лошите временски услови ја зафатија Бугарија, а метеоролозите најавуваат обилни...

Досие