Контакт

Забава

Лени Кравиц во Љубљана

Објавено пред

На 8 јуни особено активниот Лени Кравиц ќе одржи концерт во Љубљана. Македонската публика имаше можност да го види минатото лето во Охрид

Иако долгогодишната кариера му овозможува луксузен живот, музичката ѕвезда Лени Кравиц е најсреќен кога се одмора на својот ранч во Бразил или на приватната плажа на Бахамите. Покрај наведеното, Кравиц поседува стан во Париз, екстравагантна вила во Мајами, но сепак, тврди дека иако му се драги материјалните работи, тие не го одредуваат како личност. Лени Кравиц минатата година ја започна турнејата Лав тур на која слави 20 години од музичката кариера. Продолжува интензивно со своите настапи, а сите оние кои беа на неговиот концерт во Охрид видоа за каков калибар на музичар станува збор. Инаку, атрактивните концерти во земјите од регионот продолжуваат – на 16 јуни настапуваат Слипкнот во Загреб, 24 јуни Симли Ред во Љубљана, на 9 авуст У2 во Загреб, на 20 август Мадона во Љубљана, 6 септември настапуваат Масив Атак во Загреб, на 13 ноември Том Џонс во Белград, а засега, Скопје не во агендата на некои од големите музички имиња.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Том Хенкс: Ако не носите маска, нема да ве почитувам

Објавено пред

Актерот Том Хенкс (63) нема голема почит кон оние што не носат маски деновиве и не се придржуваат кон епидемиолошките мерки во борбата против коронавирусот.

Славниот актер и неговата сопруга Рита Вилсон на почетокот на март објавија дека се позитивни на коронавирусот, кој во тоа време штотуку почна да одзема животи во целиот свет и беа меѓу првите заразени јавни личности. Тие се лекуваа од корона во карантин во Австралија, каде што се заразиле за време на снимање филм по што се вратиле во својот дом.

Оскаровецот во интервју за „Ројтерс“ откри дека е тажен поради новата состојба и фактот што луѓето не се грижат за своето здравје и за здравјето на своите најблиски.

„Секој може да направи три мали работи – ако сака. Носете маски, мијте ги рацете и држете растојание. Ако не можете да го сторите тоа, нема да имам многу почит кон вас“, рече актерот апелирајќи до сите луѓе во светот.

Хенкс ги спореди овие мерки на претпазливост со возењето автомобил и возачите.

„Ако возите автомобил, мора да ги користите сообраќајните сигнали за да не возите премногу бргу и да внимавате на пешаците“, истакна тој.

Прикажи повеќе...

Забава

(Видео) Денес е Светски ден на чоколадото, почестете се со мус од 3 состојки

Објавено пред

Денес е Светски ден на чоколадото и по тој повод, за сите љубители на чоколадото, еве еден едноставен рецепт од неколку состојки, кој е совршен за славење на овој ден.

Потребни се само три состојки и малку добра волја и трпеливост додека да се олади чоколадниот мус.

Состојки:

140 г манчмелоу

360 мл млеко (околу една и пол чаша)

170 г темно чоколадо

Подготовка:
1. Ставете ги манчмелоуто и млекото во сад и загревајте на тивок оган додека не се растопи манчмелоуто. Процесот трае околу 5-7 минути.

2. Смесата со стопените манчмелоу потоа истурете ја врз 170 г сечкано темно чоколадо и оставете 2-3 минути. Потоа мешајте додека смесата не се изедначи.

3. Поделете ја смесата на четири дела, односно истурете ја во четири чаши и ставете ја да се лади барем еден час.

4. Доколку сакате, можете да го збогатите мусот со шлаг, овошје или трошки од чоколадо.

Прикажи повеќе...

Забава

„Пријателите“ ќе бидат тестирани на коронавирус пред повторната дружба

Објавено пред

Екипата на култната ТВ-серија „Пријатели“ ќе биде тестирана на коронавирус пред специјалната епизода закажана за август.

Мет Лебланк, Џенифер Анистон, Кортни Кокс, Метју Пери и Дејвид Швимер се подготвени повторно да се соберат следниот месец кога ќе ја снимаат специјалната епизода – ексклузивна едновечерна дружба на екипата – што ќе се прикажува на „Ејч-би-о макс“.

Звездите ќе се вратат на оригиналната сцена „Стејџ 24“ во студиото на „Ворнер Брос“ во Калифорнија. Тие ќе седнат на тркалезна маса и ќе се потсетат на серијата во која глумеа како група пријатели што живеат во Њујорк Сити.

Но, во услови на пандемија на коронавирусот тие ќе треба да поминат низа тестови и карантински мерки пред да им биде дозволено да ја снимат емисијата со цел да бидат сигурни дека никој од нив не е носител на вирусот.

Извор близк до продукцијата изјави за „Сандеј мирор“: Сите се надеваат дека снимањето ќе продолжи следниот месец. Ќе има многу строги правила, без публика во живо.

„Ова е голем удар бидејќи шефовите се намачија да создадат автентична атмосфера“, додаде изворот.

Специјалната епизода е интелегентен потег на актерите и на продуцентите да ја искористат обновената популарност на серијата во време кога има огромна носталгија по 90-тите.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Нови 120 заболени и петмина починати од коронавирус во земјата

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.367 тестирања, а регистрирани се 120 нови случаи на...

Македонија2 часа

(Видео) Со цитати од Конески и Мартиновски, Ципрас упати поддршка до Заев

Претседателот на грчката партија СИРИЗА и поранешен премиер на Грција, Алексис Ципрас, упати видеопорака со поддршка на претседателот Зоран Заев,...

Македонија2 часа

Јово Вангеловски обвинет за злоупотреба на службената положба

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје поднесе обвинителен предлог против поранешниот претседател на Врховниот суд, Јово Вангеловски,...

Македонија2 часа

Заболените од коронавирус и оние во самоизолација до утре може да се пријават за да гласаат

Утре истекува рокот за пријавување на лицата што се позитивни на Ковид-19 или се во домашна изолација, а кои сакаат да гласаат...

Свет4 часа

Шведска, сепак, воведува мерки против коронавирусот

Во Шведска денеска стапуваат во сила строги правила за почитување на мерките за физичка дистанца во угостителските објекти. Минималното растојание...

Македонија4 часа

Филипче: На денот на изборите ќе биде безбедно да се гласа

Министерот за здравство, доц. д-р Венко Филипче, истакна дека во изминатите четири месеци тој и колегите од Комисијата за заразни...

Свет5 часа

Секој десетти заболен од Ковид-19 во Англија е медицински или социјален работник

Десет проценти од сите инфекции на Ковид-19 во Англија забележани меѓу 26 април и 7 јуни биле меѓу здравствени или...

Регион7 часа

Црна Гора воведе карантин за сите што доаѓаат од Србија

Националното координативно тело за заразни болести во Црна Гора најави неколку епидемиолошки мерки за целата земја и особено за северот...

Македонија7 часа

Управниот суд ја отфрли тужбата на Наќе Чулев против Владата

Владата соопшти дека како тужена страна го доби решението од Управниот суд, со кое тужбата на тужителот Министерство за внатрешни...

Свет8 часа

Мелбурн ставен во карантин поради коронавирусот

Вториот по големина австралиски град, Мелбурн, ќе биде ставен под карантин поради коронавирусот, пренесе агенцијата АФП. Засега нема повеќе информации...

Свет8 часа

Коронавирусот може да се пренесе преку воздухот, тврдат 239 научници во отворено писмо до СЗО

Ако е точно дека коронавирусот се пренесува преку воздухот, тоа значително ќе влијае на мерките за нејзина контрола, пишува „Њујорк...

Македонија19 часа

„Правда за Кољо“ – нов протестен марш во Аеродром

Стотина млади лица вечерва одржуваа протестен марш од скопската населба Аеродром до кривичниот суд, носејќи транспарент „Правда за Кољо“. Граѓаните,...

Македонија19 часа

Шилегов: И вториот тест е негативен, невидливиот противник е победен

„Вечерва ги добив резултатите од вториот тест на Ковид-19. Како и вчерашниот, и денешниот е негативен.И официјално, невидливиот противник е...

Свет20 часа

Руските власти ископале ров околу село за да го заштитат од Ковид-19

Руските власти ископале ров околу оддалечено сибирско село за да го стават во карантин, откако десетици жители се заразиле со...

Регион22 часа

Во Србија шест лица починаа од коронавирус, регистрирани 289 новозаразени

Во последните 24 часа во Србија од ефектите на коронавирусот починаа уште шест лица, додека  регистриранисе  289 новозаразени лица, соопшти...

Македонија24 часа

ДИК со герила-акција во Охрид и Струга: Ти си на ред! Гласај безбедно!

Државната изборна комисија ја води кампањата „Ти си на ред“ за претстојните предвремени парламентарни избори 2020. Со герила-акција, за првпат...

Македонија1 ден

Во просек 13 отсто од тестираните на коронавирус во земјата се позитивни

Во просек 13 отсто од тестираните на Ковид-19 се позитивни, а неделно се прават 8.000 теста, истакна министерот за здравство,...

Македонија1 ден

(Интервју) Бачев: Ќе коалираме со онаа партија што ќе се залага за враќање на уставното име

Поништување на преспанскиот договор, поништување на договорот со Бугарија, враќање на уставното име на државата – се црвените линии под...

Македонија1 ден

Обвинителот Бубевски заболен од коронавирус, Фатиме Фетаи е во самоизолација

Обвинителот Гаврил Бубевски, кој беше дел од СЈО, а сега е дел од скопското Обвинителство и ги застапува предметите „Насилство...

Регион1 ден

Чедомир Јовановиќ објави фотографија од болница: Уморен сум, сè уште ми е неопходен кислород

Лидерот на српската Либерално-демократска партија ЛДП, Чедомир Јовановиќ, се огласи на „Твитер“ од Клиниката за инфективни болести во Белград, каде...

Досие