Забава
Вештакот на сообраќајната несреќа на Тоше Проески конечно проговори за случајот
Човекот кој изврши увид на местото на сообраќајната несреќа, Дарко Коњевиќ, во која животот го загуби Тоше Проески, после две години го раскажува случајот, а пренесува хрватскиот портал index.hr
Речиси две години поминаа од загинувањето на мега-македонската музичка ѕвезда, Тоше Проески. Дарко Коњевиќ кој изврши увид на местото на настанот конечно го раскажува трагичниот настан кој се случи на автопатот Загреб-Липовац кај Нова Градишка во кој животот го изгуби македонскиот пејач и балкански миленик, Тоше Проески.„Предната страна на автомобилот во кој беше Тоше, поради силниот удар, се превиткала во внатрешноста до 2,2 метри под товарната приколка на возилото кое било пред нив. Во тој момент притисокот од товарната приколка бил премногу голем врз туарегот која зафатила до половина кров од десната страна, во која Тоше бил во полулежечка состојба врзан со безбедносен појас. Од силниот удар телото на Проески нагло се подигнало, а во истиот момент кровот на возилото со голема тежина се спуштал надолу кон неговата глава. Неговата глава во своето поместување нагло застанала, но телото продолжило да се мрда, така што неговата смрт настапила кога неговата глава била притисната во правец на долниот дел од телото“, изјави Коњевиќ за Вечерњи Лист и додава дека Тоше не настрадал од ударот на средниот дел на туарегот како што се кажуваше, туку смртниот момент настапил кога приколката удрила странично од десно.Коњевиќ исто така коментираше и за тоа дека ниту едно од безбедносните перничиња не било активирано.„Непосредно по несреќата ја тестиравме управничката единица, која ги координира сите безбедносни перничиња, и наидовме на откритие дека тој механизам воопшто „не знае“, поточно не добил информација дека ударот се случил. Тоа е премногу чудно, па во својот извештај напишав дека причината е недоволен простор. Имено, туарегот можел да вози и 200 км на час на левата лента од автопатот и да не се случи ништо. Но, клучно е дека возилото најпрво било на десната страна, па почнало да го претекнува поспорото возило пред себе, но не почнало на време да го претекнува возилото пред себе.“Да потсетиме дека по извештајот од хрватските вештаци, во Македонија беше побарано повторно вештачење врз туарегот, а вештачењето го правеа вештаци од Техничкиот Факултет од Битола. Според двата извештаи, причина за несреќата не била брзината на возилото, туку несовесноста на возачот и невремено реагирање.„Не е брзината главниот виновник, туку нереагирањето и невнимавањето на возачот од туарегот, Ѓорѓи Ѓорѓиевски. Можеби заспал, правел нешто друго во моментот, на пр. слушал музика или зборувал на мобилен“, за таа прилика изјави Стоилко Златковски професор на Техничкиот Факултет во Битола. Според наодите од хрватските вештаци, во моментот на несреќата Ѓорѓиевски возел 171 км на час, а македонските вештаци тврдат дека брзината била нешто помалку околу 140 и 158 км на час. Но, вештаците имаат еден ист заклучок дека брзината не била главниот виновник, затоа што и при најмала брзина, резултатот би бил повторно кобен за Тоше Проески. Туарегот удрил многу лошо така што и при најмала брзина ударот би бил смртоносен. Македонските вештаци тврдат дека ниту една функција не откажала од возилото, а безбедносните перничиња не се активирале бидејќи намалувањето на брзината не била доволно за да реагира механизмот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Hitech
„Нетфликс“ се повлече од купувањето на „Варнер брос Дискавери“
По неколкумесечни преговори, Нетфликс се повлече од понудата за купување на Варнер брос Дискавери, отворајќи му пат на Парамаунт и Скајденс во договор вреден околу 111 милијарди долари, објави Би-Би-Си.
Варнер брос Дискавери, кој е на продажба од минатата година, соопшти дека најновата понуда на Парамаунт е супериорна во однос на онаа на Нетфликс. Раководството на Нетфликс одби да ја зголеми понудата, наведувајќи дека трансакцијата повеќе не е финансиски привлечна по таа цена.
Во декември, Варнер брос Дискавери прифати делумна понуда од Нетфликс во вредност од околу 72 милијарди евра, која вклучуваше купување на филмското и ТВ студио и платформата Ејч-Би-О Макс.
Сепак, Парамаунт поднесе повисока конкурентска понуда, со што се наметна како фаворит. Калифорнискиот државен обвинител Роб Бонта изјави дека договорот сè уште не е конечен и дека регулаторите ќе спроведат темелна истрага.
Доколку биде одобрен, Парамаунт ќе го преземе Ејч-Би-О Макс, како и телевизиските мрежи во сопственост на Варнер брос Дискавери, вклучително и Си-Ен-Ен, што може значително да го промени стриминг и медиумскиот пазар во Холивуд.
Фото: Depositphotos
Забава
Астро прогноза за март 2026: Два знака ќе доживеат финансиски пресврт
Според кинескиот календар, од 5 март до 4 април трае периодот на Металниот Зајак – симбол на дипломатија, хармонија и компромис, со дополнителна решителност и јасност што ја носи елементот Метал. Ова е месец во кој ќе успеат најмудрите, а не најбрзите. Погоден е за учење, преговори, обновување на односите и финансиско планирање.
Што ги очекува знаците:
Стаорец (1948, 1960, 1972, 1984, 1996, 2008, 2020) – можен кариерен пробив, но преку дополнително учење и внимателна комуникација.
Бивол (1949, 1961, 1973, 1985, 1997, 2009, 2021) – плановите се остваруваат со трпение; поволен период за разговор за унапредување.
Тигар (1950, 1962, 1974, 1986, 1998, 2010, 2022) – напредок преку дипломатија; хармонија во љубовта.
Зајак (1951, 1963, 1975, 1987, 1999, 2011, 2023) – просперитет, но потреба од одмор и релаксација.
Змеј (1952, 1964, 1976, 1988, 2000, 2012) – внимателност со документи и долгови; можни патувања.
Змија (1953, 1965, 1977, 1989, 2001, 2013) – финансиски напредок со мудри и стрпливи чекори.
Коњ (1954, 1966, 1978, 1990, 2002, 2014) – силни емоции и можност за љубов; шанса за дополнителни приходи.
Овца (1955, 1967, 1979, 1991, 2003, 2015) – признание и професионален успех; засилен социјален живот.
Мајмун (1956, 1968, 1980, 1992, 2004, 2016) – време за акција и храброст; нови контакти носат финансиски потенцијал.
Петел (1957, 1969, 1981, 1993, 2005, 2017) – фокус на здравјето и избегнување конфликти.
Куче (1958, 1970, 1982, 1994, 2006, 2018) – учење и личен развој; можни мали финансиски предизвици.
Свиња (1959, 1971, 1983, 1995, 2007, 2019) – љубовта во фокус, но и можност за подобрување на финансиите.
Месецот на Металниот Зајак носи мирен, но ветувачки ритам – успехот ќе дојде преку рамнотежа, трпение и внимателни одлуки.
Фото: Depositphotos
Забава
Морган Фримен за Трамп: Не разбирам како осуден криминалец може да биде претседател
Холивудскиот актер Морган Фримен остро го критикуваше американскиот претседател Доналд Трамп, изјавувајќи дека не може да разбере како „осуден криминалец“ може да ја води државата.
Во интервју за емисијата MS Now, Фримен рече: „Не можам да сфатам како осуден криминалец, со пресуда за 34 кривични дела, може да стане претседател. Како е тоа воопшто можно?“
Тој додаде дека му „нема смисла“ што на Трамп му е дозволено да ја извршува претседателската функција и покрај пресудата.
Фримен и претходно бил критичен кон Трамп, а пред изборите во 2024 година морало да бидат демантирани лажни информации дека актерот ја поддржал неговата кампања.
Во меѓувреме, Трамп влезе во јавна расправија и со актерот Роберт Де Ниро, кој го обвини дека ја уништува земјата, на што Трамп возврати со навреди на својата социјална мрежа.
Фото: Depositphotos

