Забава
Алкохолот заштитува од срцеви заболувања но, само кај мажите
Пиењето алкохол секој ден го скратува ризикот од срцеви заболувања кај мажите за една третина, покажа истражувањето на шпанските студии, пренесува Би-Би-Си
Шпанските експерти во истражувањето тестирале 15.000 мажи и 25.000 жени, а резултатите покажале дека алкохолот е корисен повеќе за мажите отколку за жените. Студиите за срцеви заболувања во Шпанија открија дека жените немаат ист степен на корист од алкохолот како мажите. Но, експертите предупредуваат дека пиењето алкохол може да го зголеми ризикот за заболување од други болести, од кои на глобално ниво годишно умираат 1,8 милиони луѓе. Истражувањето беше спроведено во Шпанија, која важи за земја каде што се консумира големо количество на алкохол, а има најмал број случаи со срцеви заболувања. Беа вклучени мажи и жени на возраст од 29 до 69 години, кои го документираа својот живот и навики за пиење алкохол во период од десет години. За време на спроведување елиминирани биле оние кои во животот никогаш не пиеле алкохол и оние кои биле со загрозено здравје и неможеле да допринеаст во истражувањето.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Хороскопски парови кои истрајуваат дури и кога ќе стане тешко
Хороскопските парови кои секогаш преживуваат се тука еден за друг дури и во тешки времиња. Нивната врска е силна и поради довербата и искреноста што ја имаат.
Што и да се случи, тие ќе бидат тука да се поддржуваат еден со друг. Овие хороскопски парови го имаат целиот потенцијал да ги надминат сите тешкотии. Кога еден од нив не е во најдобра состојба да се соочи со проблеми, тогаш другиот презема иницијатива и го покрива во се.
Хороскопски парови кои секогаш траат
Рак и Јарец
Ова е многу силен пар. Немојте да ве залажува фактот дека Ракот како личност е почувствителен или попридушен. За неговото семејство и оние што ги сака, тој станува повеќе од само карпа и може да направи се. Може да ги придвижи и земјата и небото, да помогне и поддржи. Од друга страна, Јарците се многу силни, па не им е тешко да му помогнат и да го поддржат Ракот, но и да го негуваат и да направат се што треба за да излезат посилни од целата ситуација.
Лав и Овен
Нивната сила во заедницата е неизмерна. Тоа се две личности кои по природа се лидери. Тие се многу силни карактери, но успешно примаат удари. Што и да се случи во животот, другиот ќе биде многу среќен да му помогне, да го поддржи и да стане негова карпа додека не се надминат сите пречки и проблеми. Знаат што да прават и му даваат на другиот онолку време колку што му е потребно за да застане на нозе.
Вага и Девица
Ова е пар кој навистина ќе стои еден до друг до крај. Тоа е во исто време карпа која е потпора и мирно пристаниште каде што можат да бидат во мир. Вагите секогаш го поддржуваат партнерот и им помагаат во се. Тие се грижат за нивната општа благосостојба и ако тоа е добро, и Вагите ќе бидат добри. Во тешки времиња, тие ќе чекорат напред и ќе преземат иницијатива. Од друга страна, Девиците даваат и им служат на луѓето. За неа поддршката на партнерот е се. Во спротивно тоа би го сметала за предавство, па не би ни зборувала за тоа.
Забава
Eден од омилените сараевски бендови се враќа на сцената по петгодишна пауза
На сцената се враќа легендарниот сараевски бенд „Плави оркестар“, омилениот бенд на некои луѓе во регионот. Бендот првпат по пет години ќе настапи на 6 јули во Славонски Брод, на 3 август во Опатија, на 24 август во Сплит и на 1 септември во Врсар.
Кариерата на бендот ја одбележаа големите хитови, како што се песните „Суада“, „Каја“, „Подобро пијан отколку стар“, „Сава тихо тече“, чија популарност и присуство постои со години.
Бендот беше основан во Сараево во 1983 година како дел од движењето „Нови примитивци“, во кое беа вклучени и „Забрането пушење“, Елвис Ј. Куртовиќ и некои други музичари од Сараево. Критичарите го сметаат бендот за еден од најголемите културни феномени во осумдесеттите и деведесетите, близок и на постарите и на помладите генерации слушатели.
Издадоа 8 албуми, кои се продадени во над 5 милиони примероци, а неколкупати го обиколија светот со вкупно повеќе од 1.500 концерти.
Забава
Големото враќање на Селин Дион: „Имам сила во себе, ништо нема да ме спречи“
Помина повеќе од една година откако Селин откри дека боледува од синдром на вкочанетост, ретко невролошко нарушување, кое може да предизвика грчеви во мускулите и губење на подвижноста. А сега во интервју за „Вог“, Дион, меѓу другото, проговори и за својата болест и рече дека живее ден за ден.
Како уметник што настапува пред светската публика од својата 13-та година, Дион рече дека ѝ било тешко да се помири со дијагнозата.
„Како што гледам, имам два избора, или да тренирам како спортист и да се снајдам одлично или да се исклучам и готово, да останам дома, да си ги слушам песните, да застанам пред огледало и да си пеам“, изјави пејачката.
Канадската уметница откри дека пет дена во неделата оди на атлетска, физичка и вокална терапија.
„Работам на прстите, колената, листовите, прстите, пеењето, гласот… Морам да научам да живеам со тоа сега и да престанам да се преиспитувам себеси“.
Селин за „Вог“ признала и колку ѝ било тешко кога ја добила дијагнозата.
„На почетокот се запрашав: ‘Зошто јас? Како се случи ова? Што направив? Дали е моја вина?’ ‘Животот не ти дава одговори. Тоа е сѐ што ви треба за да живеете. Ја имам оваа болест од непозната причина’“, рече таа и додаде дека „има сила во себе и знае дека ништо нема да ја спречи“.