Забава
Францускиот Спајдермен ќе се качува на Бурџ Калифа
Ален Робер, или попознат како францускиот Спајдермен чија специјалност е искачување по карпи без каква и да е опрема или обезбедување, но и најголемите светски градби се обидува да го „освои“ и највисокиот солитер неодамна отворен во Дуаби
„Морам тоа да го сторам. Можеби меѓу февруари и април 2010 г.“, изјавил Ален Робер за агенцијата Bernama, кој се прослави во светот со искачување по значајните светски урбани градби без какво и да е безбедносно осигурување и опрема. Негов прв подвиг е искачувањето на кулата на CityBank во Чикаго, по што се искачи на повеќе од стотина згради низ светот. Неговите качувања, најчесто ги нарачуваат големите компании, кои на овој начин се рекламираат. Тој додал дека има познати лица во Дубаи кои се подготвени да го поддржат неговиот потфат. Единствениот проблем според него е што температурата таму во овој период може да достигне и до 40 степени Целзиусови. На почетокот јануари беше промовиран најголемата градба на светот, Бурџ Калифа, висока 828 метри. Оттогаш, освен што е најголемата градба на планетава, претставува и предизвик за луѓето чии хобија се опасните по живот необични атракции. Така ден откако беше отворена зградата беше соборен светскиот рекорд во бејс-џамп. Рекордот го соборија Наср ал Нијади и Омар ал Хагелан, членови на емиратското воздухопловно друштво, откако претходно им бил одобрен скокот. Нивниот лет траеше само минута и половина,а максималната брзина што ја постигнале пред да се отворат нивните падобрани изнесувала 220 километри на час.Кулата која беше преименувана во Бурџ Калифа, иако првично беше именуван како Бурџ Дубаи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
„Никогаш не сум била наметлива девојка“: Кејт Хадсон го откри своето правило во љубовните врски
Актерката Кејт Хадсон во последно време воодушевува со своите модни изданија, како неодамна на доделувањето на наградите БАФТА, но тоа не ја спречи да открие посебно правило во една од нејзините изјави кое го почитува во секоја врска, со што го одвлече вниманието од својот совршен изглед.
Кејт беше гостинка во „Шоуто на Хауард Стерн“ и многу весело одговори на сите прашања, едно од нив беше дали некогаш ѝ било скршено срцето.
„Секако дека да, но моето правило отсекогаш било дека ако маж ви каже дека не сака врска или дека не е заинтересиран, за мене е готово. Никогаш не сум била наметлива девојка, само велам дека сè е во ред“, рече актерката.
За подобро да објасни што навистина мисли, таа зборуваше и за својата ситуација по едно раскинување.
„Тој дечко ме праша дали сакам да зборуваме за тоа, но за што да зборуваме кога раскинавме. Готово е, раскинавме, а ти би сакал да зборуваш за тоа сега. Не, меѓу нас е готово“, појасни таа.
Забава
(Фото) Педро Паскал повеќе не го крие своето момче
Миленикот на жените, актерот Педро Паскал, се чини дека има дечко и ова би бил прв пат да се знае нешто повеќе од обична шпекулација за неговиот љубовен живот.
Иако со години е посакуван, Педро неодамна ги разочара жените кога беше виден во прегратката на Рафаел Олара, бизнисмен кој поседува синџир хотели во Флорида и Аргентина. Ниту еден од нив не коментираше за природата на нивната врска, но се чини дека работите стануваат појасни.
Паскал првпат беше виден како се држи за раце со Олара, и како што сега ексклузивно објавува TMZ, тие повторно беа видени во повеќе од интимна прегратка. Тие одеа така цело време, а во еден момент Олара дури и го држеше задниот џеб од панталоните на Педро.
EXCLUSIVE: 👀 Pedro Pascal was seen getting handsy with pal Rafael Olarra in Los Angeles.
Photos: https://t.co/DYd0ovbnog pic.twitter.com/fGvTu4iHhx
— TMZ (@TMZ) February 24, 2026
Иако сè уште нема официјална потврда од актерите во приказната, се чини дека не е потребен поголем доказ од овие папарацо фотографии.
Педро Паскал речиси сигурно е во некаква врска со Олара, која воопшто не е пријателска. Патем, Рафаел Олара е поврзуван и со актерот Лук Еванс, а што се однесува до Паскал, ова се првите информации за неговиот љубовен живот.
Забава
(Видео) Како изгледа Тејлор Свифт без грам шминка: пејачката изненади со објава на интернет
Тејлор Свифт, која официјално е најбогатата музичарка во светот, ги изненади своите обожаватели со објави од студиото каде што моментално работи, а најголем „бум“ направи нејзиното целосно природно лице.
Нејзиниот сингл „Opalite“ неодамна успеа да се искачи на врвот на музичките листи и тоа е 14-ти сингл по ред на Тејлор Свифт што доживеа таков успех. Таа го прослави овој незаборавен момент, уште еден во нејзината кариера, покажувајќи дел од својот живот зад сцената додека го создаваше албумот преку објави.
Тејлор Свифт го овековечи својот голем успех објавувајќи клипови од снимањето на песната и видеото, а во видеото позираше во студиото без ни трошка шминка и со природни локни, додека наздравуваше со продуцентот.
Навикнати сме секогаш да ја гледаме со црвен кармин на усните, па затоа ова издание од светски познатата пејачка е вистинско изненадување за сите.
Тејлор Свифт има 280 милиони следбеници само на Инстаграм.

