Контакт

Забава

Одбиена месечната исплата за таткото на Мајкл Џексон

Објавено пред

Џо Џексон, таткото на Мајкл Џексон, не успеа по судски пат да ја осигура месечната исплата од имотот на својот покоен син, пренесе „Телеграф“

Џо Џексон (81), бараше од судот да му се покријат правните и трошоците за патувањата со авион, престојот во хотели како и издржувањето на децата и внуците. Тој во ноември изјави дека неговите трошоци изнесуваат околу 12.400 фунти месечно, а неговиот приход е 1000 фунти.Адвокатите на имотот на Мајкл Џексон, изјавија дека не треба да му ги исплаќаат на Џо Џексон, бараните 9.000 фунти месечно. Тие наведоа дека таткото на Мајкл никогаш не бил зависен од својот син, додека тој бил жив, и дека сега неговите трошоци не би требало да бидат покриени, бидејќи тој е исклучен од тестаментот на починатиот пејач.Мајкл Џексон финансиски ги обезбеди својата мајка и трите деца, но пејачот отсекогаш бил во лоши односи со својот татко, кој го обвини дека физички го малтретирал додека бил дете.Мајкл Џексон почина на 25 јуни, во 50-тата година од својот живот поради прекумерна доза на лекови. Полицијата сеуште ја истражува неговата смрт.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Хју Грант би снимал втор дел на „Нотинг Хил“ за да докаже дека романтичните комедии се лага

Објавено пред

Хју Грант има најсурова идеја за продолжение на ромaнтичната комедија од 1999 година.

Тој би снимал втор дел на „Нотинг Хил“ за да докаже дека ром-комиците се ужасна лага и дека нема среќен крај.

Во класикот од 1999 година, Грант го глуми сопственикот на книжарница во Лондон, Вил Такер, кој се вљубува во познатата холивудска актерка Ана Скот, која ја глуми Џулија Робертс.

Двојката би требало да се венча и да основа семејство, но ѕвездата на „Дневникот на Бриџит Џонс“ ги предупреди фановите дека би се согласил да направи продолжение само ако настанат проблеми и работите тргнат на лошо во врската или во бракот.

Во емисија на „ХБО“ за промоција на новата мини-серија „Undoing“ со Никол Кидман, тој рече: Би сакал да има продолжение на една романтична комедија што ќе покаже што се случило по завршувањето на тие филмови.

Прикажи повеќе...

Забава

Елтон Џон свири на пијано облечен како Елвис

Објавено пред

Елтон Џон и неговото семејство оваа седмица славеа Халовин (Ноќ на вештерките) дома, а во средата се појави и забавен клип на апликацијата „Тик ток“.

На видеото објавено на социјалните мрежи пејачот (73) свири на пијано облечен како Елвис Присли, во виолетов блејзер, бела кошула и црна перика.

Синовите Закари (9) и Елајџа (7) се појавуваат во видеото танцувајќи заедно на еден од најголемите хитови на sвездата, Crocodile Rock, двајцата облечени како крокодили.

Прикажи повеќе...

Забава

„Матрикс 4“: новата фризура на Кијану Ривс ќе ги израдува фановите

Објавено пред

Кијану Ривс моментно е зафатен со снимање на филмот „Матрикс 4“ во Берлин. Додека се навикнавме на него со долга коса и брада, ала Џон Вик, се чини дека тие денови завршија.

Фановите на „Матрикс“ треба да се подготват бидејќи оваа нова фризура ќе ги направи многу среќни, пишува британски „Дејли експрес“.

Повеќето фанови ќе се потсетат на Ривс кога почна да го глуми Нео во „Матрикс“. Тој немаше брада и обично имаше пократка коса. Според магазинот „Пипл“, тој се вратил на тој изглед, но неговата фризура сега е супер кратка. Дали ова може да значи дека тој се буди во реалниот свет вторпат?

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Спасовски пренесен на Инфективната клиника во Скопје

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, вчеравечер е хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести во Скопје. Согласно протоколите, тој со...

Економија3 часа

АЕК ќе спроведува физибилити-студија за влијанието на 5Г-мрежата врз здравјето на луѓето

Агенцијата за електронски комуникации набргу ќе распише меѓународен тендер за избор на компанија што ќе изработи физибилити-студија за влијанието на...

Македонија3 часа

Задолжителна самоизолација од закажувањето тестирање на Ковид-19, казните се 50 евра

Со новите законски измени самоизолацијата е задолжителна при тестирање на Ковид-19 од закажување на тестот или самото тестирање, па сè...

Свет4 часа

Во нападот во Ница убиени три лица, една жена е обезглавена

Во нападот што се случи во Ница, за кој се сомнева дека е терористички, убиени се три лица со нож,...

Македонија5 часа

МОН најави реформа на учебниците по честите реакции за грешки и стереотипи во нив

Министерството за образование и наука формира работна група која развива концепт за целосна и суштинска промена на учебниците за основно...

Македонија6 часа

Стапија во сила новите мерки – забрането е групирање по 22 часот, казната е 500 евра

Од денеска забрането е групирање на отворено на повеќе од четири лица по 22 часот, а казната за непочитување на...

Свет6 часа

Едно од ретките места во светот без коронавирус ги забележа првите два случаја

Маршалските Острови, едно од последните места во светот каде што немаше коронавирус, ги забележаа првите два позитивни случаја, пишува Би-би-си....

Македонија6 часа

Од денеска маските се задолжителни на отворено

Собранието синоќа со 53 гласови „за“, 26 воздржани и ниту еден глас против ги изгласа измените во Законот за заштита...

Македонија6 часа

Седница на Советот за безбедност за состојбата со коронавирусот во Македонија

Во Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски во „Вила Водно“, со почеток во 11 часот, ќе се одржи седница на Советот...

Европа16 часа

(Видео) Од петок карантин во цела Франција

Францускиот претседател Емануел Макрон прогласи каратин од петок што ќе трае најмалку до 1 декември. „Бранот се рашири низ цела...

Македонија17 часа

Славјанка Петровска позитивна на коронавирус, качила температура додека била на седница во Собранието

Актуелната пратеничка во Собранието од СДСМ и поранешна дополнителна заменичка на министерот за внатрешни работи во техничката влада Славјанка Петровска...

Македонија17 часа

Во Скопје рекорден број новозаразени, Аеродром надмина 700 активни случаи

Во Скопје во изминатите 24 часа се регистрирани рекордни 422 нови случаи на Ковид-19, а во тој период починале тројца...

Македонија19 часа

Рекордни 870 нови случаи на коронавирус во Македонија, починаа 14 лица

Во последните 24 часа во Македонија 14 лица починаа од коронавирус, а потврдени се 870 нови случаи од  2.647 тестирања,...

Свет20 часа

Германија воведе строги мерки: рестораните, кината и баровите ќе бидат затворени 4 недели

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави денеска дека германските власти се согласиле на четиринеделен делумен карантин. Во овој временски период затворени...

Македонија23 часа

МОН го повлече учебникот по македонски јазик за петто одделение

Министерството за образование и наука го повлече учебникот по македонски јазик за петто одделение поради несоодветна и дискриминирачка содржина. „Во...

Македонија1 ден

Пауновски: Нови вработувања ќе има в година, дотогаш ќе се снаоѓаме

Државниот пазарен инспекторат добил од Владата ветување дека в година ќе им бидат одобрени бараните 20 нови вработувања. Директорот на...

Македонија1 ден

Поради контакт со Спасовски, само едно лице е во изолација

Државниот санитарен и здравствен инспекторат издал само едно решение за изолација на лице што било во контакт со министерот за...

Македонија1 ден

Пожарникарите протестираа пред канцеларијата на Шилегов

Пожарникарите на мирниот протест пред канцеларијата на градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, порачаа дека не се откажуваат од своето барање...

Македонија1 ден

Поранешениот шеф на кабинетот на Мијалков, Тони Јакимовски, осуден на шест години затвор

Поранешениот шеф на кабинетот на ексдиректорот во УБК, Сашо Мијалков, Тони Јакимовски, е осуден на шестгодишна затворска казна во случајот...

Македонија1 ден

„Изброј до 15 пред да ја заколеш жена ти“ – совет во учебник по македонски за шесто одделение

„Изброј до 15 пред да ја заколеш жена ти“ – ова е совет во учебник по македонски за шесто одделение....

Досие