Забава
Зимата ќе трае уште шест седмици

Славниот мрмот од Пенсилванија во вторникот ја погледнал својата сенка и се вратил во зимскиот сон, што според преданието е сигурен знак дека зимата ќе трае уште шест седмици
Мрмотот Фил Панксатаунеј од истоименото американско гратче ја објави својата редовна годишна прогноза пред околу 12 илјади луѓе кои се собрале на температура од минус 8 степени Целзиусови. Фил и годинава ја погледнал својата сенка откако излегол од дупката во која го споел зимскиот сон.Според традицијата што ја донесел германските доселеници, ако мрмотот ја види својата сенка, зимата ќе трае до половината на март, а ако не ја види пролетта ќе дојде порано. На церемонијата која секој 2-ри февруари привлекува големо влијание и туристи во гратчето со само 6.100 жители, стотина километри североисточно од Питсбург, од раните утрински часови се чекало глодарот да излеза од своето дувло и преку специјалниот толкувач да му соопшти на народот уште колку ќе трае зимата. Светската слава оваа традиција ја стекна преку филот „Бесконечниот ден“, со Бил Мареј во главната улога.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Си одат кога најмногу се грижат: зошто овие знаци бегаат од блискост

Тие не покажуваат емоции кога треба. Не се јавуваат кога најмногу сакаат да чујат глас. Не ги признаваат своите чувства затоа што се плашат да бидат ранливи.
Луѓето родени под овие три хороскопски знаци честопати изгледаат ладни или резервирани, но вистината е дека се преполни со емоции. Тие се повлекуваат не затоа што не им е гајле, туку токму затоа што им е важно.
Шкорпија
Кога Шкорпијата сака, таа сака длабоко, но не го покажува тоа лесно. Има силен страв од предавство и отфрлање, па затоа претпочитаат да ги премолчат своите чувства отколку да се отворат. Кога се грижат, се повлекуваат за да „ја почувствуваат земјата под нозете“.
Во тој процес, може да изгледаат ладни, но всушност се обидуваат да го преживеат она што не можат да го кажат.
Водолија
Водолијата се повлекува кога чувствува дека некој би можел да ги „прочита“ емоционално. Нивната потреба за слобода понекогаш е всушност бегство од блискоста.
Кога им е грижа, но се надвор од контрола, тие претпочитаат да се затворат и да се преправаат дека не се заинтересирани отколку да признаат дека се ранливи.
Риби
Рибите често се повлекуваат емоционално, бидејќи сè чувствуваат премногу силно. Кога некој ќе ги допре длабоко, тие стануваат несигурни, прашувајќи се дали чувството е возвратено, дали е вистинско. Во овој внатрешен хаос, тие лесно се губат и стануваат тивки.
Повлекувањето служи како одбрана од потенцијално разочарување што веќе го почувствувале премногу пати.
Забава
(Видео) Ова не е фустан, ова е уметничко дело

Модната недела во Париз собра бројни ѕвезди од различни сфери на уметноста, а модната ревија на познатиот бренд „Скијапарели“ претстави неколку интересни, но и смели модни парчиња.
Покрај раперката Карди Би, која ги шокираше сите присутни со своето модно издание, и пејачката Дуа Липа пронајде начин да создаде возбуда на гореспоменатата ревија.
Имено, за оваа пригода таа одлучи да донесе вистинско уметничко дело направено од пердуви. Макси фустанот во бела боја го привлече вниманието на јавноста, а љубопитните набљудувачи не го пропуштија длабокиот шлиц и интересното деколте на креацијата.
Својот стајлинг го комплетираше со дебели обетки и минимална шминка во „nude“ тонови, а кога стануваше збор за стилизирање на косата, популарната пејачка се одлучи за нежни бранови кои паѓаа по нејзините рамена.
Забава
(Фото/Видео) Џеј Ло се колне во оваа вежба: тоа е причината зошто има совршено тело

Џенифер Лопез повеќе пати зборуваше за странските медиуми за нејзината врска со спортот, како и за вежбите што ги практикува за да ја одржи својата завидна фигура.
Таа ретко ги прескокнува своите тренинзи, а тоа во една прилика го потврди и нејзиниот личен тренер Трејси Андерсон.
„Мислам дека постои позитивна врска помеѓу менталното здравје и вежбањето. Знаете, ние природно се движиме кон тоа да бидеме најдобрата верзија од себе. Вежбањето е избор што го правам секој ден и чувствувам дека станувам најдобрата верзија од себе“, изјави таа еднаш за „Ју-ес Викли“.
Што се однесува до самиот тренинг, латино дивата ужива во различни спортови – кикбокс, но и тренинг за сила. Во таа прилика, таа ја откри и својата омилена вежба, а тоа е бурпи (burpee).
Оваа вежба е многу популарна бидејќи ги вклучува сите мускулни групи, ви овозможува да согорите максимален број калории и во исто време ја зголемува издржливоста.
Како да направите бурпи?
Чекор 1: Свиткајте ги колената, како да ќе правите клекнување, и ставете ги дланките на подот во ниво на рамената.
Повлечете ги нозете назад за да бидат исправени. Не ги удирајте рацете во подот кога „слетувате“, туку обидете се да го направите тоа што е можно понежно. Слетувањето со преголем удар со дланките на подот може да ги оптовари вашите зглобови, лактите и рамената.
Чекор 2: Стиснете го глутеусот и држете го вратот во неутрална положба додека го спуштате телото на подот. По неколку повторувања, кога ќе почнете да се заморувате, можеби ќе сакате да почнете да ги спуштате колковите на подот пред остатокот од телото.
Ова може да предизвика оптоварување на долниот дел од грбот, затоа обидете се целото тело да го држите во права линија додека се спуштате на подот.
Чекор 3: Држете го телото исправено. Избегнувајте прво да ги кревате градите и да ги оставате колковите да се потпираат на подот. Ова создава преголем лак во долниот дел од грбот, што може да доведе до повреда и болки во грбот.
Скокнете напред во клекнување, со стапалата малку пошироки од ширината на колковите. Од оваа положба, скокнете нагоре, со рацете кренати кон таванот и плескајте со рацете. Свиткајте ги колената малку додека слетувате за да ги заштитите колената и глуждовите.