Забава
Како да качите килограм повеќе?
Поради зголемениот број на дебели особи, занемарени се оние кои би сакале да добијат некој килограм повеќе, hrana.com.mk издвои неколку совети за оние послабичките како да дојдат до здрав и посакуван изглед
Вниманието на експертите во главно го привлекува пореметување во исхраната (анорексија, булимија), затоа што тие сериозно го загрозуваат здравјето. Меѓутоа, понекогаш и намалувањето на само неколку килограми може да предизвика проблеми. И додека здебелените особи се борат за да изгубат некој килограм, слабите исто толку се трудат да не “додадат” килограм повеќе.Доколку слабоста не е последица на некој здравствен проблем, некои измени во начинот на живот и исхрана можат да го решат овој проблем. Некои причини на недостаток на килограми можат да бидат: недоволна енергетска вредност на оброците кои не одговараат на вистинските потреби на организмот, нередовна исхрана во забрзаниот и стресен начин на животот, како и лошите навики во начинот на подготвување на храната. Од голема важност е да внимавате не само на квантитетот, туку и на квалитетот на намирниците. Само разновидна, правилно припремена и рамномерна исхрана може да допридонесе до зголемување на телесната тежина, а да се зачува здравјето и постигне посакуваниот изглед. Дневното мени би требало да го поделите на 3 главни оброка и 3 меѓу оброци, а иделано би било растојанието измеѓу нив да биде 3 саати. На тој начин енергетските потреби се зголемуваат за 500 до 1000 kcal. Најважно од се е да одбирате намирници со високи нутритивни и енергетски вредности.Повеќе јаглени хидратиНајголем дел од енергијата би требало да потекнува од јаглените хидрати, што изнесува 50-60% од вкупната калориска вредност. Поголем дел треба да го сочинуваат јаглените хидрати од намирниците кои содржат помало количество целулоза, затоа што таа ја спречува апсорбцијата на хранливите материи и го забрзува работењето на цревата. Во овој случај почесто би требало да користите производи од бело брашно, но и овошје и зеленчук богати со скроб (грав, грашок, компир и банани).Иако имаат голема енергетска вредност и содржат многу јагледни хидрати, при изборот на слатките треба да бидете внимателни. Се препорачува мед, но подготвен на здрав начин. Исто така, корисно е да го зголемите внесот на сувото овошје кое е доста калорично, а содржи многу витамини и минерали. Белковините треба да обезбедат 15-18 % од дневните енергетски потреби. Се препорачува млеко и млечни производи, јајца, риба, мешунки, а повремено и месо. Вегетаријанците можат да користат и производи од соја. Мастите би требало да сочинуваат 30-40% од вкупните дневни енергетски потреби.Предност треба да дадете на лесно сварливите масти, како што се ладно цедените масла, а повремено може да се користи и путер. Добро би било да се зголеми и внесот на јаткасти овошја (лешници, бадеми, ореви, кикирики), но и семки (од сончоглед, тиква). Многу е важен и внесот на свеж зеленчук и овошје кои го снабдуваат организмот со неопходните витамини и минерали.Физичката активност е неопходна
За правилно да се распоредат добиените килограми, неопходно е да се занимавате со некои физички активности. Тие ќе допридонесат до зголемување на мускулната маса и за зголемување на апетитот. Доколку килограмите ги зголемувате само со внесувањето на големи количини храна, без адекватни физички активности, може да дојде до зголемени масните наслаги, што предизвикува нови етстетски, но и здреавствени проблеми.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Ева Мендес за семејството и животот во 50-тите: Вака не го замислував мојот пат
Иaкo никогаш не го замислувала својот живот на 50 години, Ева Мендес живее во свој ритам – и не може да биде посреќна. „Не подлегнувам на притисокот на општеството. Што сакам да правам, правам“, вели актерката, која ги има ќерките Есмералда Амада (9) и Амада Ли (8) со Рајан Гослинг.
“Сигурно не мислев дека ќе имам деца и ќе бидам дома. Затоа, многу сум среќна што одреден маж влезе во мојот живот и ме натера да се предомислам за сите тие работи”, рекла таа. Пред 10 години таа ја напушти актерската кариера за да се фокусира на своите деца.
Таа вели дека тоа била „најлесната одлука“ што ја донела. „Кога забременив на 40-годишна возраст, беше страшно за другите. И кога повторно забременив на 42-годишна возраст, луѓето ми велеа: „О Боже мој, ќе бидеш толку уморна“, откри таа.
„Тоа е најглупавата работа што сум ја слушнала. Патем, потребно е само малку повеќе трпение. Мислам дека не бев подготвена за тоа во моите 20-ти, пиев и пушев. Дефинитивно не можев да подигнам деца во кое било друго време од мојот живот освен сега“, додава таа.
Една од најубавите жени на светот истакна дека е „среќна што се отишло во тој правец“.
Инаку, Мендес нема снимено ништо откако стана мајка. Нејзината последна улога беше во 2014 година. Покрај нејзината актерска кариера, таа е портпарол на голема козметичка компанија, модел и креативен директор на брендот за шминка „CIRCA Beauty“.
Забава
Емили Ратајковски го привлече вниманието со фустан кој повеќе открива отколку што крие
Емили Ратајковски присуствуваше на настанот The King’s Trust Global Gala што се одржа во Casa Cipriani во Њујорк, каде што ги привлече погледите со храбар фустан.
Познатата убавица носеше свилен крем фустан со длабоко деколте, кој допираше речиси до нејзиниот папок, а кој ја истакна нејзината витка линија. Фустанот имал и гол грб и бил врзан околу вратот.
The King’s Trust Global Gala е основана од британскиот крал Чарлс III. со цел да им се помогне на младите, а свечениот настан собра многу познати фаци, како моделот Ирина Шајк, актерката Кејт Бекинсејл, славната двојка Криси Тајген и Џон Леџенд, поранешната манекенка Кејт Мос и плус сајз моделот Ешли Греам.
Забава
Мишел Фајфер се појави на црвениот тепих, обожавателите се восхитени од нејзината убавина
Актерката Мишел Фајфер не се појавува често во јавноста, но сега позираше со сопругот Дејвид Е.Кели на црвениот тепих на Американскиот филмски институт во Лос Анџелес. Обожавателите се восхитуваат на нејзиниот изглед во 67-та година и пишуваат дека изгледа како да не старее.
Иконската жена-мачка често зборува за тоа како го прифатила стареењето и се фотографира без шминка. Иако изгледа како да го должи својот фантастичен изглед на посебни скриени трикови, таа тврди дека работата е многу едноставна.
Таа претходно за Daily Mail откри дека доволно спие, вежба и се храни здраво.