Забава
Петгодишни деца во Арапските Емирати ќе возат автомобили
Децата во Обединетите Арапски Емирати ќе се учат да возат автомобили на пет години
За малите возачи ќе биде изградено специјално гратче во предградието на Абу Даби, што ќе чини 50 милиони долари, а планирано е да се изгради во наредните пет години.
Патната мрежа ќе биде опремена со семафори, тунели, мостови,како и имитација на дожд и магла.Ситуацијата по патиштата ќе биде блиска до реалноста и ќе се следи на монитор во полицискиот центар.Таму ќе се регистрираат прекршоците и ќе се известуваат родителите на малолетните возачи.Децата од пет до 12 години ќе се обучуваат на возила на акумулатори, што ќе развиваат брзина до 15 километри на час.Од 13 до 17 години ќе можат да возат на автомобили со бензински мотор со брзина до 20 километри на час.Оние што ќе сакаат поголема брзина ќе имаат можност возачките способности да ги развиваат на специјална патека каде ќе се развива брзина до 70 километри на час.
Населението во Емиратите нема голема возачка култура, па така главната задача ќе биде воспоставување дисциплина во возењето.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Мет Гала го откри „дрес-кодот“ и конечно стави крај на вечната дебата
Оваа година повторно го очекуваме најголемиот хуманитарен моден спектакл, таканаречената Мет Гала, на која ќе бидат домаќини најголемите ѕвезди од светот на познатите личности. Темата е веќе откриена, а сега и „дрес-кодот“.
Да потсетиме дека темата на овогодинешната Мет Гала се вика „Costume Art“ и се фокусира на човечкото тело како неразделен аспект на уметничкото дело. Кустосот на музејот, Ендру Болтон, истакна:
„Наместо да се дава приоритет на модата и модните парчиња и со тоа повторно да се врши притисок врз човечкото тело, костимската уметност овој пат ќе ја покаже врската помеѓу облеката и истото тоа тело“, рече тој.
Сега е откриен и дрес-кодот за оваа, најгламурозна модна вечер, под мотото „Модата е уметност“ (Fashion is Art).
Болтон во изјава за медиумите нагласи дека овогодинешната тема конечно ќе стави крај на дебатата „Дали модата е уметност“, и дека познатите личности, преку нивните лични модни изрази, ќе мора да докажат дека „модата е уметност“.
„Го сменивме она што го правевме досега“, вели Болтон. „Сега ја гледаме уметноста низ призмата на модата“.
Забава
Дејвид Бекам ужива на одмор со миленичката: „Те сакам, прекрасна дамо“
Дејвид Бекам деновиве ужива во зимската магија со својата ќерка Харпер, со која е на зимски одмор во Франција, а серија фотографии што поранешниот англиски фудбалер ги објави на Инстаграм покажуваат дека тие одлично се забавуваат.
Додека семејството Бекам сè уште се справува со скандалот околу неговата затегната врска со неговиот најстар син Бруклин, Дејвид одлучи да се опушти со својата ќерка и, во еден пост, забележа колку е важно да создава спомени со своите деца.
„Создавањето спомени со моите деца, без разлика дали сме сите заедно или еден на еден, отсекогаш ми било важно. Оваа недела Харпер и јас создадовме уште неколку спомени. Те сакам, прекрасна дамо“, напиша Дејвид покрај сликите.
Треба да споменеме и дека за време на одморот ѝ помогнал на една скијачка која била повредена, и тоа било токму кога бил во друштво на својата ќерка Харпер.
„Видел жена како ја удира по главата и се погрижил за неа, ѝ ги извади скиите и се погрижил таа да е добро. Беше вистински господин. Неверојатно љубезен“, изјавил извор од местото на настанот за The Sun.
Забава
(Фото) Без шминка и облека: Речиси голата Адријана Лима ги помати умовите на многу луѓе
Имавме можност да ја видиме познатата Адријана Лима дотерана од глава до пети во неколку наврати. Неодамна ја следевме во секси кампања за долна облека, но сега реши да ја покаже и својата друга страна.
Таа објави компилација од фотографии без шминка на социјалните мрежи, а ние можеме да кажеме само едно – таа ја има титулата најфатална Бразилка со причина.
Лима позираше во кревет, речиси гола, а нејзината природна убавина привлече внимание. Носеше само крпа за бањање и изглед на вистинска заводничка што привлекува воздишки и погледи.
Коментарите од обожавателите само продолжуваа, а многумина ѝ велеа едно нешто – дека навистина е убава!
„Толку си убава“, „Најубавата жена на светот“, „Боже, каква убавина“, се само дел од коментарите…

