Забава
Карла Бруни се огради од книгата напишана за неа
Сопругата на францускиот претседател Никола Саркози, Карла Бруни денеска се одгради од книгата напишана за неа „Карла и амбициозните“
Објавувањето на споменатата книга предизвика бурни реакции, бидејќи во неа се тврдеше оти првата дама на САД, Мишел Обама изјавила дека животот во Белата куќа за неа претставувал „пекол“.Во изјава за американската телевизија CNN, Карла Бруни демантира дека изјавила нешто такво, наведувајќи дека книгата не била авторизирана.„Се разбира дека Мишел Обама никогаш не кажала такво нешто, а таа книга е неавторизирана. Ниту една од книгите кои се публикувани за мене, не добиле мое одобрување. Наведената книга не сум ја ниту прочитала и целосно се одградувам од неа“, изјави Бруни.Таа истакна дека не планира да поднесе тужба против издавачот на книгата, наведувајќи дека живее во Франција, држава која што е слободна и каде што секој можел да фантазира.„Би можела да поднесам тужба, но тоа прво би и направило дополнителна реклама на книгата, а второ се коси со моите принципи бидејќи сум демократа“, рече Бруни.Според спорната книга, Бруни на една вечера ја запрашала Мишел Обама како се чувствува во Белата куќа, а таа одговорила „Не ме прашувај, пекол е. Не можам да издржам“
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Фото) Фудбалерот има 33 години, неговата ќерка 21: Светот е во шок поради неговата животна приказна
Фудбалерот Едвин Кардона (33), и покрај тоа што има богата кариера во текот на која играше за познатиот клуб Бока Јуниорс, во последните денови е во центарот на вниманието поради неговиот приватен живот.
Колумбиецот промаши два пенали на еден од неговите натпревари, а тоа ги заинтересира неговите навивачи да ја „оживеат“ неговата чудна семејна приказна.
Едвин станал татко на 12-годишна возраст, па неговата ќерка Ана сега има 21 година, а тој 33. Според локалните медиуми, фудбалерот ја добил својата најстара ќерка со неговата тогашна девојка Каролина, која имала само 14 години.
Подоцна добиле уште две деца, а не сакаат премногу да зборуваат за оваа тема на социјалните мрежи.
Неговата ќерка Ана оттогаш станала инфлуенсерка и е многу среќна што споделува објави со своето семејство на социјалните мрежи и редовно нагласува дека е благодарна за сè што има и што нејзиниот татко ѝ го овозможил.
Едвин Кардона потекнува од многу сиромашно семејство, тој често зборувал за тоа, а пред да стане познат и успешен фудбалер, работел и како таксист, ѕидар и продавач на овошје.
Забава
(Фото/Видео) Моден исчекор на познатата пејачка: Секогаш провокативна, а сега…
Пејачката Дуа Липа се појави на ревијата на Шанел во рамките на Неделата на модата во Париз и го привлече вниманието на публиката со својата необична модна комбинација.
Иако обично ја гледаме во провокативни комбинации, и на сцената и на социјалните мрежи, британската музичка ѕвезда блесна на ревијата во сосема поинаков аутфит – жолто-црн сет составен од миди здолниште, кратко закопчано сако со јака и копчиња со препознатливото лого, како и чанта со ист дизајн што ја носеше преку рамо.
Впечатливата комбинација што ја истакнуваше нејзината витка фигура и во која апсолутно не можете да останете незабележани ја зачини со црно-бели ретро чевли, со ремен околу глуждот.
Беше многу расположена и ги поздрави собраните фотографи, а нејзиниот избор на накит исто така привлече внимание.
Дуа Липа ја гледаше ревијата од првиот ред.
Забава
(Фото) Не и успеа со постар, но затоа со помлад блеска од среќа: една од најубавите актерки и официјално во врска?
Убавата актерка Дакота Џонсон (36) или носи „гол фустан“ или раскинува со своето момче, и на тој начин станува центар на вниманието на сите медиуми. Овој пат, тоа не е ниту нејзино модно издание, а нејзината врска со Крис Мартин е одамна завршена. Сепак, Дакота е повторно среќна.
По бројните шпекулации за нејзината нова врска со Рол Модел (28), кој е исто така музичар, Дакота сега е видена надвор со него.
Некои пријатели беа со нив на вечерата, но Дакота не можеше да ја скрие својата интимност, па гласините што претходно ги објави TMZ се чини дека се вистинити.
If Dakota Johnson were my girlfriend, I wouldn’t be able to take my eyes off her. Role Model, you are the luckiest man in the world pic.twitter.com/QoQor6eg96
— Güla (@lalaguly96) January 23, 2026
За оваа пригода, актерката имаше чипкаст топ и црни панталони, додека Такер Пилсбери (неговото вистинско име) беше во лежерна облека и се одлучи за џемпер и фармерки.
Ако изворите ја пренесоа точната информација, Дакота и Такер се во врска од декември минатата година.
Претходната врска на Дакота Џонсон со Крис Мартин беше доста успешна, па дури и беа свршени. Крис е 12 години постар од актерката, а се вели дека токму оваа разлика ја осудила нивната осумгодишна романса на пропаст.

