Забава
Оскарот на Орсон Велс продаден за над 850 илјади долари
Статуетката Оскар којашто познатиот светски актер и режисер Орсон Велс ја доби за сценариото на култниот филм „Граѓанинот Кејн“, сметан за еден од најдобрите филмови на сите времиња, е продаден на аукција за 861.542 долари, четири години по првото неуспешно наддавање.
Статуетката Оскар којашто познатиот светски актер и режисер Орсон Велс ја доби за сценариото на култниот филм „Граѓанинот Кејн“, сметан за еден од најдобрите филмови на сите времиња, е продаден на аукција за 861.542 долари, четири години по првото неуспешно наддавање. Оскарот за најдобро сценарио на Орсон Велс му беше доделен во 1942 година, и тоа беше единственото признание што тогаш го доби филмот „Граѓанинот Кејн“, на аукцијата на њујоршката филијала на аукциската куќа Sotheby’s пред четири години не успеа да ја достигне ниту ткн „резервна цена“ којашто ја бараше продавачот. Тогаш се очекуваше дека ќе биде продаден за најмалку милион долари.Иако на оваа статуетка се видливи трагите на времето, Оскарот кој овојпат на наддавање го понуди аукциската куќа Nate D. Saunders од Лос Анџелес во име на анонимен понудувач, ја имаше најниската прифатлива цена од 600 илјади долари. Во наддавањето имало учесници од целиот свето, соопшти организаторот на аукцијата.„Тоа е сведоштво за популарноста на Орсон Велс и неговото најголемо дело ’Граѓанинот Кејн“’, изјави Нејт Ди Саундерс, сопственикот на истоимената аукциска куќа. Овој Оскар го следи специфична историја којашто е достојна да се стави на лента. Имено Орсон Велс ја загубил, но статуетката повторно се појави во јавноста по неговата смрт во 1985 година. Еден филмаџија, кој тврди дека Велс му ја дал како дел од некој облик на исплата, ја понуди на аукција првпат во 1994 година. Ќерката на славниот актер, Беатрис Велс поднесе тужба против понудувачот и во судска парница ја доби сопственоста на статуетката, но кога таа се обиде да ја продаде во 2003 година, таа беше тужена од Американската академија за филмски науки и уметности, која и ја доделува наградата. Имено, Академијата во 1950 година, за да ја спречи продажбата на врачените Оскари, во договорот вовела ставка кој на добитниците им забранува да ка продаваат на некого, освен на Академијата, и тоа за еден долар!. По парницата Беатрис сепак го доби правото на сопственост на Оскарот, а ја продаде на калифорниската непрофитна организација Dax Foundation, а таа, пак, неуспешно се обиде да ја продаде на њујоршката аукција во 2007 година. Инаку веќе неколку Оскари доделени пред 1950 година во последните години се продани на аукција. Така, Оскарот за најдобар филм кој во 1939 година го доби „Однесено со виорот“, своевремено го купи сега починатата поп икона Мајкл Џексон за сума од милион ипол долари./крај/ро/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Hitech
(Видео) 7 милиони прегледи: Мајкрософт објави снимка со вештачка интелигенција на Мона Лиза како рапува
Мајкрософт ја претстави новата технологија за вештачка интелигенција наречена VASA-1, која може да комбинира фотографија и аудио клип и да генерира реални видеа.
Тие ја претставија новата технологија со видео на кое Мона Лиза рапува на песната Папараци, но ова не е хит на Лејди Гага, туку рап песна што Ен Хатавеј ја напиша и изведе во ток-шоуто на Конан О’Брајан во 2011 година.
Microsoft just dropped VASA-1.
This AI can make single image sing and talk from audio reference expressively. Similar to EMO from Alibaba
10 wild examples:
1. Mona Lisa rapping Paparazzi pic.twitter.com/LSGF3mMVnD
— Min Choi (@minchoi) April 18, 2024
Видеото набрзо стана вирално и беше прегледано повеќе од 7,1 милиони пати на само еден профил на „Икс“.
„Ова е толку смешно, плачев од смеење“, „Уште едно страшно видео со вештачка интелигенција“, „Ова е морничаво“, „Кога би можел Да Винчи да го види ова“, се дел од коментарите.
Забава
(Видео) Ники Минаж ја гаѓаа со шише, а нејзината реакција стана хит: раперката врати со иста мера
Ники Минаж во свој стил одговори на недоличното однесување на публиката.
На настапите се почесто се случува разни предмети да завршат на сцената, па многу музичари доживеале непријатност на концертот кога некој од публиката ќе ги фрли кон нив.
One of the Detroit Barbz almost got cussed tf out by Nicki for throwing a bracelet on stage.😩 #GagCityDetroit pic.twitter.com/Kv4q6ewEvX
— Chun-Li🪭 (@BadGirlChunLi) April 21, 2024
Во иста ситуација се најде и популарната Ники Минаж, кога еден од обожавателите фрли пластично шише кон раперката на нејзиниот настап.
Меѓутоа, пејачката навреме го забележа и се потргна, па шишето не ја удри, а потоа го зеде и го фрли кон него. Овој нејзин потег изненади многумина, а видеото од концертот стана вирално на социјалните мрежи.
Забава
Дуа Липа привлече внимание на забава во Њујорк: фустан со длабоко деколте и необичен изрез
Дуа Липа присуствуваше на синоќешната гала „Тајм 100“ во Њујорк, а ги привлече погледите во фустан на Шанел со необично деколте.
28-годишната британска кантавторка заслепуваше во скроен фустан на Шанел на галата „Тајм 100“ во Њујорк.
Белиот фустан од тантела беше извезен со кристали и цветни детали. Изгледот на Липа беше инспириран од колекцијата Métiers d’art 2023/24 на модната куќа.
Фустанот имаше и длабоко V-деколте и црна машна под која го истакна папокот со мал необичен исечок.
Носеше и неколку фенси дијамантски прстени, како и ѓердан што стигнуваше меѓу нејзиното деколте.
Нејзината црвена коса беше обликувана во „лесни бранови“, а изгледот го комплетираше со едноставна шминка.