Забава
Русите, Американците и Кинезите сакаат да градат тунел под Беринговиот премин

Железнички тунел меѓу рускиот полуостров Чукотка и Аљаска би можел да стане стварност во следните 15 години, изјави директорот на Руските железници Владимир Јакуњин.
Според неговите зборови, проектот за изградба на железнички тунел под Беринговиот премин, што би ги споил железниците на Русија и САД, се разгледува, а одлуката за изградба би можела да биде донесена за три до пет години, пренесува Риа Новости.
„Тука не се работи за фантазија, тоа е на ниво на разработка на проект“, рече Јакуњин, додавајќи дека слична идеја постоела уште во „царскиот период“.
Тој додаде дека овој проект реално би требало да биде остварен во следните 10 до 15 години.
Јакуњин вели дека таква идеја пред неколку години изнела и американската страна, а реализацијата на тој проект е можна со меѓународна соработка.
„Од една страна се САД, од друга Русија, а заинтересирана е и Кина. Ќе биде неизбежна повеќестрана соработка“, истакна Јакуњин. /крај/дн/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Дали знаете дека ова е најлошиот знак во хороскопот: лош темперамент и уште полош карактер

Припадниците на овој знак се познати по нивната голема и моќна енергија, но и по нивната способност да го гледаат секој проблем од повеќе агли, да го анализираат и да донесуваат паметни одлуки.
Тие имаат голема желба за слобода, па затоа избегнуваат луѓе и ситуации што ги ограничуваат и пречат.
Станува збор за Водолија.
Луѓето родени помеѓу 21 јануари и 20 февруари се обично ладни, мирни и смирени, но можат да бидат многу сурови и да ја покажат својата друга страна ако некој ги повреди.
Водолијата е фиксен знак, што значи дека е многу стабилен, но во исто време и ограничен.
Многумина велат дека тие се всушност најлошиот знак во хороскопот.
Луѓето кои не ја познаваат добро личноста родена под овој хороскопски знак ќе го окарактеризираат нејзиното вообичаено однесување како грубо. Често ќе бидат нарекувани некултурна личност без манири, но вистината е дека тие се однесуваат според тоа како се чувствуваат во тој момент и Водолиите не гледаат ништо спорно во тоа.
Нема лоша намера зад работите што ги прават, но нивните постапки може да наидат на неодобрување од луѓе кои не ги познаваат.
Водолиите исто така можат да имаат лошо чувство за хумор. Тие често знаат да се шегуваат на туѓа сметка или да споменат чувствителна тема, поради што другите ги сметаат за навредливи.
Исто така, припадниците на овој знак го имаат Уран во својата натална карта, поради што имаат уникатни карактеристики – можат да бидат расположени и претерано чувствителни, но никогаш нема да го покажат тоа на другите.
Честопати им е тешко да постигнат длабоки и стабилни емоционални врски, бидејќи можат да бидат променливи, но и тврдоглави, што им го отежнува одржувањето на врската.
Забава
(Фото) Не се знае која е поубава – мајката или ќерката: очите не ве лажат, тие се исти

Таа е речиси копија на нејзината мајка, една од најуспешните модели на сите времиња и најубавите жени во светот, Синди Крофорд.
Легендарната манекенка Синди Крафорд ја доби својата вистинска наследничка на модните писти, нејзината ќерка Каја Гербер, која одамна докажа дека е слика на нејзината мајка и дека е родена за светот под рефлекторите.
Синди и Каја станаа заштитни лица на новата кампања на брендот Vuori за пролет/лето 2025 година, а во кампањата се појавија и Ренде Гербер, сопруг на Синди Крофорд, и нивниот син Пресли Гербер.
Брендот промовира сеопфатен стил на облекување, кој дамите, заедно со остатокот од семејството, го претставија во кампањата, а најголемо внимание привлекоа прекрасната Каја и неодоливата Синди, која изгледа одлично и на 60-годишна возраст.
Каја Гербер ја започна својата кариера како модел на само 10 години, кога се појави во кампања за тинејџерската линија на Версаче.
Оттогаш, таа постојано постигнува успеси, а колку повеќе расте, толку повеќе наликува на нејзината мајка, која некогаш беше меѓу најуспешните супермодели во светот.
Забава
„Нема ‘голи’ фустани на црвениот тепих“: Канскиот филмски фестивал воведува построги правила

Пред отворањето на Канскиот филмски фестивал организаторите одлучија да ги заострат правилата во врска со облекувањето на црвениот тепих, пишува „Дејли мејл3. Новите правила диктираат дека дамите ќе мора повнимателно да ги избираат своите свечени облеки.
Во последните години некои учеснички привлекоа големо внимание избирајќи ги таканаречените голи фустани. За да се обезбеди поголема пристојност, организаторите одлучија да забранат вакви облеки оваа година.
„Голотијата е забранета на црвениот тепих, како и во другите области во кои се одржува фестивалот“, се наведува во официјалната одлука објавена од странските медиуми.
Исто така, беше нагласено дека пристапот до фестивалот ќе му биде одбиен на секој што не ги почитува горенаведените правила.
Сè уште е непознато дали телевизиските станици што го емитуваа настанот имале какво било влијание врз оваа одлука.
За потсетување, 78. издание на фестивалот ќе се одржи од 13 до 24 мај.